3Инфлација од 4,8% измери Државниот завод за статистика за месец мај споредбено со истиот период лани
РакометАлкалоид двете средби со Вест Виена во Европскиот куп ќе ги игра на домашен терен Ракометарите на Алкалоид двата натпревара од 1/16 финалето во Европскиот куп со Вест Виена ќе ги играат на свој терен.На сајтот на Европската ракометна федерација стои информацијата дека двете екипи се договориле и првата средба и реваншот да бидат во Скопје. Тимот предводен од тренерот Кирил Лазаров сезонава игра извонредно. Во домашното првенство има максимални 10 победи, на стартот на сезоната го освои Суперкупот на Македонија, а има и две победи над литванска Клаипеда во 2. коло на Европскиот куп. Натпреварите Алкалоид – Вест Виена се закажани за 29 и 30 ноември во салата „Автокоманда“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗаконите за судска служба и јавнообвинителска служба во собраниска процедураПочна собраниската процедура за уште два закони од реформската агенда – за судска и за јавнообвинителска служба, чиј предлагач е министерот за правда. Што предвидуваат тие и какви се реакциите на синдикатот, од прилогот на афродита рамос... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеПо четири граѓани дневно се јавуваат во Инфективната клиника поради крлежиЧетири граѓани за едно деноноќие побарале помош во Клиниката за инфективни болести откако биле каснати од крлеж. Директорот на клиниката Фадил Цана објаснува дека нема место за загриженост од компликации, но по каснување од крлеж не треба човекот сам да го вади туку да отиде на хиругрија каде ќе му посочат каде да го продолжи лекуавњето.. Од Клиниката за кожни болести објаснуваат дека и кај нив има граѓани кои доѓаат по каснување од крлеж за да проверат дали е правилно изваден и дали имаат одредено заболување. Најважно е да се извади правилно крлежот, вели доктрока Невенка Аџиевска. Најважно е во престој на природа да се носи светла облека, да се провери телото да не има крлеж пред се кај помалите деца, апелираат докторите. Тагови: „Дурмо турс“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураЉутков: Скопското Кале ќе биде во во полн сјајЕден од најзначајните симболи на Скопје – зградата на „Пошта“ нема да биде готова кога Скопје ќе ја преземе титулата Европски град на културата – посочи на денешниот брифинг со новинарите министерот за култура – Зоран Љутков. Според него, нема обврзаност овој објект да биде завршен за година и половина од сега, а и не постои можност за истото бидејќи станува збор за посериозен зафат кој подлежи на конзервација. Што се однесува до Универзална сала – динамиката вели е според планираното и очекува до крајот на наредната година таа да биде подготвена, а и Калето најави дека ќе биде во полн сјај. Овој момент се работи само, фазно е решевањето во овој дел, бидејќи внатре мора да се прави конзервација на се она што го имаме, за да се работи на тоа мора прво проектната конструкција да се реши, проектот е готов, има средства, во моментов е министерство за транспорт и врски, не верувам дека ќе биде готова до 2028 година, подолг процес е за разлика од класичните градби. Во моментов се работи на Универзална, добивам информации на неделно ниво, и доколку се работи со вакво темпо до крајот на 2027 година треба да биде завршена, тоа го гледам и по делот на исплатата и на завршените фази. - Зоран Љутков – Министер за култура и туризам. Од почетокот на наредната година треба да започне и примената на новите механизми за употреба на македонски јазик во државните органи, институциите, медиумите и сите обврзани со закон. Сепак, проблемот е што во почетокот употребата на ниво на земјата ќе ја контролираат само петмина инспектори, бројка, која директорката Менче Андреева очекува да биде зголемена. Воедно утре треба да се знае и кој ќе биде новиот претседател на советот за Македонски јазик, откако Груевска Маџоска си поднесе оставка. -Јас во почетокот барав 12 инспектори, меѓутоа и со овие пет доволно е што ќе ја започнеме постапката и што ќе можат да почнат со обука, нема да застанеме тука, секако ќе продолжиме со екипирање на инспекторатот и зголемување на бројката на вработени. По вработувањето ќе почне постапката за обука, според закон една година, по завршувањето ќе полагаат за инспектор, односно да добијат лиценца инспектор за македонски јазик. Што се однесува до туризмот, кој во моментов е во незавидна позиција, Љутков очекува поразличен пристап со изготвената долгорочна стратегија која точно ќе ги мапира проблемите и ќе создаде подобри услови и промоција. Околу тоа дали станува се поизвесен УНЕСКО - статусот кој му се заканува на Охрид, како културно наследство во опасност, министерот вели дека на овој проблем се работи посветено и дека состојбите се подобруваат. А, што се однесува до неговата министерска позиција и дали ќе биде опфатен со најавената реконструкција на Влада, Љутков вели дека е спокоен и си ги врши своите должности. Со премиерот на оваа тема не разговарале и дека Мицкоски е тој кој ќе реши кој министер останува, а кој си заминува. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМаленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16