Алиу: Во тек е истрагата од работните групи на Министерството за здравство и МВР за случајот со марихуаната во Србија - Канал 5

Алиу: Во тек е истрагата од работните групи на Министерството за здравство и МВР за случајот со марихуаната во Србија

 Министерот за здравство, Азир Алиу вели дека во овој момент не може да открие детали во врска со истрагата за петте тони марихуана запленети во Србија, за кои се сомнева дека потекнуваат од Македонија. 

Алиу: Во тек е истрагата од работните групи на Министерството за здравство и МВР за случајот со марихуаната во Србија

Како што посочи на денешната прес-конференција, работните групи на Министерството за здравство и Министерството за внатрешни работи интензивно работат на случајот и, како што рече, не би преудицирал кога би имало извештај за овој случај.

-Ништо не можеме да кажеме во овој момент бидејќи процедурите се активни. Работиме заедно со Министерството за внатрешни работи и дозволете да им дадеме време на институциите, па податоците да ги соопшти министерот за внатрешни работи кога истрагата ќе биде во понапредна фаза - изјави Алиу.

Министерот додаде дека веќе се работи на законски измени во областа, при што работната група започнала со анализите уште пред да излезе во јавноста аферата со запленетата марихуана во Србија.

Според него, во постојниот Закон биле детектирани одредени слабости кои ќе бидат надминати со новото законско решение.

-Оставете да видеме што имаат стручњаците да кажат за Законот и за членовите коишто дополнително се ставени во новото законско решение. Мислам дека ќе имаме Закон со којшто ќе може да ги следиме активностите. Можам да ви кажам дека од наша страна како Министерство, кое е надлежно за лиценците, 60 лиценци се издадени од наша страна, 18 се иземени заради непрописно функционирање од страна на приватните организации и сме во тек и знаете дека според постоечниот Закон треба да даваат Извештаи и ние ги следиме - рече Алиу.

Министерот кој денеска одговараше на новинарски прашања за аферата со пронајдената марихуана во соседна Србија, а која доаѓа од Македонија рече дека му е задоволство што овој тип на злоупотреби веќе знаат во реално време да ги детектираат и да имаат заеднички активности со МВР.

Пред два дена од македонското Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информираа дека веќе разменуваат информации со српските колеги и веќе е оформен предмет за овој случај. Целта е откривање на сите инволвирани лица и евентуални организирани структури поврзани со случајот на заплена на пет тони марихуана, велат од Обвинителството.

-Обвинителството има оформено предмет и веќе се преземаат конкретни, насочени и координирани дејствија за целосно утврдување на сите факти и околности за поврзаноста на Република Македонија со овој случај, со цел обезбедување целосна кривично-правна одговорност- соопштија пред два дена од ОЈО ГОКК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Анталија, Република Турција ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени.

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Предвидено е претседателката да се обрати на првата пленарна сесија за шефови на држави и влади, како и на дијалогот на високо ниво, посветен на транзицијата кон чиста енергија и електрификацијата. Таа ќе оствари билатерални средби со дел од учесниците на самитот.

Во состав на македонската делегација на COP31 се министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „Тракија

Бугарската влада го прогласи 11 ноември за ден на национална жалост по вчерашната трагедија во која во верижен судир на автопатот „Тракија, загинаа 11 лица, а 51 лице се повредени.

Во полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „Тракија

Романскиот возач на камионот, кој учествувал во еден од двата верижни судири на автопатот „Тракија“ во бугарија, е задржан во полиција.Тој веќе бил сослушан, а се очекува повторно да даде исказ во текот на денот.Засега не е утврдено како се движел камионот непосредно пред несреќата.

Според првичните информации, видливоста на автопатот нагло се намалила.Полицијата проверува дали камионот се движел со мала брзина или се вклучувал од споредна лента.Во двата верижни судири, во близина на клучката Зимница, учествувале вкупно 86 возила.Во правец кон Бургас се судриле 63 возила, а кон Софија уште 23.

Бугарските истражни органи најавија дополнителни вештачења за утврдување на причините за несреќата .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Венецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит

Владата ќе побара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел за полагање на Правосудниот испит.

Венецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит

Со овој чекор, како што соопштуваат од Министерството за правда, се обезбедува независна меѓународна експертска оцена за усогласеноста на предложеното решение со Уставот, меѓународните правни инструменти и европските стандарди.За време на престојот на експертите предвидени се и практични демонстрации на писмениот дел од испитот во Апелациониот суд во Скопје, како и на усниот дел во просториите на Министерството за правда..

Предложениот модел предвидува воведување единствен систем на полагање, со еднакви услови и исти професионални критериуми за сите кандидати, без посебни испити или различни стандарди, велат од правда..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер