Алиу во Липково: Раководството има визија за долгорочно унапредување на Здравствениот дом, ќе ги разгледаме можностите за воведување ургентна стоматологија - Канал 5

Алиу во Липково: Раководството има визија за долгорочно унапредување на Здравствениот дом, ќе ги разгледаме можностите за воведување ургентна стоматологија

Министерот за здравство Азир Алиу денеска го посети Здравствениот дом во Липково, каде се сретна со директорот Евзи Исуфи.

Алиу во Липково: Раководството има визија за долгорочно унапредување на Здравствениот дом, ќе ги разгледаме можностите за воведување ургентна стоматологија

- Раководството на оваа установа, предводено од директорот Евзи Исуфи, има визија за долгорочно унапредување на Здравствениот дом, што е во интерес на пациентите и на самите здравствени работници. Токму во таа насока, информиран сум дека со новиот буџет раководството на оваа установа има предвидено реновирање на целиот прв кат каде се сместени амбулантите и лабораторијата, рече министерот Алиу.

Во делот на унапредување на кадарот, во моментот тројца доктори од Здравствен дом Липково се упатени на специјализација, во областите педијатрија, медицина на труд и клиничка биохемија.

- По завршување на изборниот процес, со оглед на законските процедури, веднаш заедно со раководството и со нашата правна служба ќе ги разгледаме можностите за воведување ургентна стоматологија, односно итна стоматолошка помош, истакна министерот Алиу.

Установата веќе располага со соодветен простор и има обучен кадар, специјалист по превентивна стоматологија и двајца доктори по општа стоматологија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Монета од 2 евра вреди 80.000 евра- можеби ја имате дома? (ВИДЕО)

Може ли обична монета од две евра да вреди дури 80.000 евра? 

Монета од 2 евра вреди 80.000 евра- можеби ја имате дома? (ВИДЕО)

Токму тоа тврдење се појавува на Инстаграм, каде што е објавено видео од германска монета од 2002 година, за сума што за многумина може да звучи како мало богатство.

Видеото прикажува раце во бели ракавици како ја превртуваат монетата, прикажувајќи ги двете страни. На едната страна е германскиот федерален орел, додека на другата е апоенот од две евра.

Цифрата од 80.000 евра е напишана низ целото видео.

Сепак, авторот не наведува зошто оваа конкретна копија може да достигне толку висока цена, ниту пак покажува доказ дека монетата всушност е продадена за наведената сума.

Што е прикажано во видеото?

Станува збор за германска монета од две евра од 2002 година, кога еврото беше воведено во готово.

На нејзината национална страна е орел, традиционален симбол на германската државност, опкружен со 12 ѕвезди на Европската Унија.

Овие монети биле произведени од пет германски ковници, кои се разликуваат по ознаките на буквите A, D, F, G и J.

Според нумизматичките каталози, само во 2002 година биле ковани повеќе од милијарда германски монети од две евра со овој мотив.

Дали навистина вреди 80.000 евра?

Во случај на колекционерски монети, вредноста зависи од неколку фактори, вклучувајќи реткост, состојба на зачуваност, специјални серии и можни грешки направени за време на ковањето.

Поединечните примероци со необични грешки може да имаат поголема нумизматичка вредност, но тоа не значи дека секоја монета од истата година е колекционерско богатство.

Во достапните нумизматички каталози, стандардните германски монети од две евра од 2002 година генерално имаат вредност блиска до нивната номинална вредност, додека подобро зачуваните колекционерски примероци може да се проценат на малку повисоки износи.

На што треба да обрнете внимание?

Граѓаните кои поседуваат постари евро монети можат да ја проверат годината на издавање, ознаката на ковницата и сите отстапувања од вообичаениот изглед на монетата.

Сепак, за сериозна проценка на вредноста, потребно е да се контактира нумизматички експерт или да се спореди примерокот со сигурни каталози и документирани резултати од аукции.

Поточно, потребно е да се направи разлика помеѓу цената што некој ја бара на Интернет и износот за кој всушност е продадена монетата.

Доколку имате германска монета од две евра од 2002 година, не ја сметајте автоматски за вреден колекционерски предмет. Многу е веројатно дека нејзината вредност не е многу поголема од две евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Америка не ја започна војната со Иран (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска прогласи победа во војната против Иран, која трае повеќе од осум месеци. 

Трамп: Америка не ја започна војната со Иран (ВИДЕО)

За време на говорот на Денот на ветераните на Националните гробишта Арлингтон во Вирџинија, тој рече дека американската војска веќе победила и дека Вашингтон може да одлучи кога да го заврши конфликтот, објавува „Тајмс оф Израел“.

„Ние возвративме и победивме. Само е прашање кога сакаме да ја завршиме војната“, рече Трамп. Сепак, американскиот претседател не објави крај на воените операции или повлекување на американските сили од регионот. Тој нагласи дека не сака да ја запре војната пред САД да ги постигнат сите свои цели.

„Сакаме целосна победа“

Трамп рече дека САД не ја започнале војната со Иран, туку дека Техеран со децении водел непријателска политика кон Вашингтон. „Америка не ја започнала војната со Иран. Иран е во војна со Америка од 1979 година“, рече Трамп.

„Сакаме да бидеме сигурни дека сме постигнале целосна победа, а не победа од 93 проценти. Тоа ќе биде целосна победа“, рече американскиот претседател.

Трамп, исто така, тврдеше дека на Иран ќе му бидат потребни 25 години за да го обнови она што американските сили го уништија. Тој изрази надеж дека дополнително уништување нема да биде потребно и го повтори тврдењето дека американските бомбардери Б-2 го спречиле Иран да добие нуклеарно оружје.

Го најави претстојниот крај на војната

За време на својот говор, американскиот претседател ги спомена и паднатите американски војници. Тој тврдеше дека во конфликтот се изгубени 18 животи, а потоа повторно го најави неговиот претстоен крај. „Изгубивме 18 прекрасни луѓе, но кога овој конфликт ќе заврши, а наскоро ќе заврши, целиот свет ќе биде многу побезбедно и помирно место“, рече Трамп.

Неговата изјава доаѓа по месеци најави за брз крај на војната. Уште во април, Трамп рече дека конфликтот наскоро ќе заврши, а во текот на летото постојано тврдеше дека Иран е воено поразен.

А во недела, на 8 ноември, тој прогласи американска победа, велејќи дека конфликтот сè уште треба да се заврши. Еден ден подоцна, по разговорот со катарскиот премиер, тој изјави дека Иран е практично воено поразен и дека постои добра можност за постигнување договор.

Блокадата на Иран од страна на САД останува на сила

И покрај прогласувањата за победа на Трамп, поморската блокада на Иран од страна на САД продолжува. Вашингтон одржува силно воено присуство во регионот, а американските сили продолжуваат да преземаат мерки за ограничување на иранската трговија и приходи.

Трамп во понеделник изјави дека во моментов не гледа потреба од нови големи воени напади, но дека американските сили се подготвени да одговорат доколку се променат околностите. Во исто време, американскиот шеф на дипломатијата, Марко Рубио, изјави дека преговорите со Техеран сè уште не донеле напредок.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, ја отфрли можноста за завршување на војната само со воена сила или со зголемување на санкциите. Тој рече дека Вашингтон мора да ги прифати условите на Иран и да пристапи кон преговорите со почит.

Војната започна на 28 февруари со американските и израелските напади врз Иран. Конфликтот предизвика големи прекини во снабдувањето со нафта, зголемување на цените на енергијата и политичко незадоволство во САД, каде што републиканците ги загубија своите мнозинства во двата дома на Конгресот минатата недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 770 училишта во Британија добиле закани за поставена бомба

Повеќе од 770 училишта во Велика Британија, вклучувајќи 470 во Шкотска и повеќе од 300 во Северна Ирска, денес добија идентични е-пораки со закани за бомба.

Над 770 училишта во Британија добиле закани за поставена бомба

Полицијата на Шкотска соопшти дека нејзината единица за сајбер криминал и измами спроведува широка истрага за да го утврди изворот на пораките, додека полицајците продолжуваат да соработуваат со партнерите за спроведување на законот низ Велика Британија и на меѓународно ниво, објави Индепендент Радио Њуз.

Полицијата на Шкотска соопшти дека пораките се оценуваат и се третираат како лажни.

Образовниот орган на Северна Ирска соопшти дека пораката испратена до училиштата на нејзина територија има сличности со лажната закана од минатиот месец.

Најмалку 300 училишта во Италија беа евакуирани денес откако добија иста е-пошта со закана за бомба, која исто така содржеше закана до италијанскиот премиер Џорџо Мелони, изјави италијанскиот министер за образование Џузепе Валдитара.

Тој рече дека бројот на училишта што добиле заканувачки пораки може да се зголеми, објави Анса.

Новата порака испратена до училиштата се заканува со зборовите: „Ќе ве уништиме“, а пораката е потпишана со името „Михаил Андропов“.

„Поставивме бомба во моторот на автомобилот на вашиот премиер“, се наведува и во е-поштата.

Сличен инцидент се случи во Италија во последните денови кога е-пошта беше испратена на адресите на 280 директори на училишта.

Во Европа, целите на хибридни напади неодамна беа супермаркети, банки за крв, воздушен сообраќај и телевизиски станици.

Заканувачките е-пораки испратени до телевизиски станици и авиони низ Европа беа потпишани и со името Михаил Андропов.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер