Алиу: Во болниците дома и во странство се лекуваат уште седум пациенти, здравствената состојба им е стабилна - Канал 5

Алиу: Во болниците дома и во странство се лекуваат уште седум пациенти, здравствената состојба им е стабилна

Министерот за здравство Азир Алиу уверува дека кочанската болница е негов главен приоритет, откако вчера дел од семејствата на загинатите побараа одговорност за лекарите за кои велат кобната ноќ не сториле доволно за нивните деца.. 

Алиу: Во болниците дома и во странство се лекуваат уште седум пациенти, здравствената состојба им е стабилна

Првата група пациенти, повредени во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, следната недела се очекува да го завшри своето лекување во одморалиштето Пониква, а втората група со третман се очекува да започне кон средината на следниот месец. Министерот за здравство Азир Алиу, вели засега се се одвива согласно планот, а дел од сегашните пациенти барале, доколку може да го продолжат лекувањето и со втората група. По обвинувањата на дел од родителите на настраданите во пожарот за несоодветен третман и недостиг на соодветна опрема и персонал во кочанската болница на кобната ноќ, Алиу уверува Кочани е негов приоритет и се прават сите напори оваа здравствена установа да биде соодветно опремена. А истрагата на надлежните служби според него ќе треба да ги даде одговорите на сите останати прашања.

„Додека јас сум министер ова ми е топ приоритет. Соодветно инфрастурктуно болницата да биде опремена и тоа веќе го правиме. Знаете дека одделот за физикална терпаија е при крај, мислам дека за две недели ќе биде таму. Исто така знаете дека спирометарот како неопходен дел од техниката од апаратите што им се потребни веќе е инсталиран... исто така и гасните анализи за капиларна крв е веќе активен и ќе биде од функција од понеделник... Со пулмолозите ги завршивме административните процеси...Поголема група на пациенти поминаа низ анализа низ стручна анализа ...“

И по речиси три месеци, градот и натаму се опоравува од катастрофланата трагедија. Родителите на настраданите секоја сабота излегуваат на протестен марш и бараат одговорност од сите инволвирани, а в.д градоначланкиот Крстевски, во неделното интервју на РСЕ вели судксиот процес будно ќе го следат и нема да дозволат, како што рече да се тргува со жртвите.

„Ние не видовме морална одговорност од никој. Па зар некој не треба да каже: сам си поднесувам оставка од морални причини. Еве, претходниот градоначалник на општина Кочани, господинот Љупчо Папазов, овде кај вас во емисија ви кажува: тој немаше ни храброст да излезе да си поднесе оставка, туку со статус го направи, и тоа и прашање е колкаво влијание има неговата желба да си поднесе оставка, бидејќи информациите кои што ги имам јас, на денот кој што тој си поднесува оставка, сабајлето во понеделник имал брифинг со вработените во општината и ништо не им најавил. Значи, тој ја поднесува оставката подоцна. Нешто претпоставувам се има случено во меѓувреме. На Фејсбук напиша оставка....“

Во трагедијата во Кочани која се случи на 16 март, 62 лица го загубија животот, а над 200 беа повредни. Според податоците од здравство, во моментов уште десетина пациенти се на лекување во болница, тројца во странство, од кои 2 во Турција и 1 во Словенија, останатите во земјава. Според надлежните здравствената состојба на сите кои се на лекување е стабилна.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зијадин Села во „Само Интервју“

„Само Интервју“ утре со Зијадин Села

 Зијадин Села во „Само Интервју“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕК предлага нов заем за Украина од 45 милијарди евра

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предложи нов заем од 45 милијарди евра за украина за 2027 година, обезбеден преку заедничко задолжување на ЕУ со гаранција од европскиот буџет.. 

ЕК предлага нов заем за Украина од 45 милијарди евра

Од пакетот, 25 милијарди евра би биле наменети за воени потреби, а 20 милијарди за буџетска поддршка. Средствата треба да покријат приближно две третини од очекуваниот финансиски недостиг на Киев од 70 милијарди евра следната година.

Според предлогот, Украина би го враќала заемот откако Русија ќе плати воени репарации. За одобрување е потребна едногласна поддршка од сите 27 членки, а противењето на Унгарија, Словачка, Чешка и Бугарија може да го забави договорот пред европскиот самит следната недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ен Хатавеј прв пат се појави со бебето- прошета низ Њујорк, сите гледаат во еден детал (ВИДЕО)

Холивудската актерка Ен Хатавеј стана мајка по трет пат! 

Ен Хатавеј прв пат се појави со бебето- прошета низ Њујорк, сите гледаат во еден детал (ВИДЕО)

Ѕвездата од филмот „Ѓаволот носи Прада“ и нејзиниот сопруг Адам Шулман го добија своето трето дете, а актерката беше фотографирана за прв пат со своето новороденче за време на опуштена прошетка низ улиците на Њујорк, објави ТМЗ.

Во вторник, 17 ноември, Ен беше видена во друштво на пријателка, додека го носеше бебето во носилка закачена на градите. Изгледаше многу весела, разговараше, се смееше и уживаше во прошетката, а во еден момент дури и застана да направи неколку фотографии со својата пријателка. Иако е навикната на вниманието на јавноста, актерката овој пат беше во сосема поинаква улога, посветена на најмладиот член од нејзиното семејство.

Веста за новото бебе беше особено радосна за нејзините обожаватели, кои ја следеа нејзината трета бременост во претходните месеци. Ени објави во јуни оваа година дека очекува бебе, и тоа на многу нежен начин. Таа сподели фотографија на Инстаграм во бел комбинезон, откривајќи го својот труднички стомак, со натпис „Бебе, јас сум твоја“.

Актерката и нејзиниот сопруг Адам Шулман, со кого е во брак од 2012 година, веќе имаат два сина, Џонатан и Џек. Нивниот прв син е роден во 2016 година, а вториот во 2019 година, па доаѓањето на нивното трето дете го прошири нивното семејство на пет члена.

Интересно е што за време на гостувањето во шоуто на Сет Мејерс, Ени зборуваше за изненадувањето што го донесе нејзината трета бременост. Таа призна дека таа и нејзиниот сопруг биле изненадени кога дознале дека повторно очекуваат бебе, а на шега го нарекле своето ново бебе свое „чудно“ дете, алудирајќи на неочекуваниот, но совршен момент.

Името, полот и точниот датум на раѓање на бебето сè уште не се откриени. Сепак, првите сцени на актерката со новороденчето веќе предизвикаа голем интерес, особено затоа што Ени и Адам се многу внимателни во заштитата на приватноста на своите деца и ретко ги покажуваат на јавноста.

За актерката, ова е особено убав крај на исклучително напорна година. Покрај семејните промени, 2026 година беше обележана и со бројни филмски проекти, вклучувајќи го и враќањето во улогата на Енди Сакс во продолжението на „Ѓаволот носи Прада“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер