Алиу: Продолжуваме со заложбите за подигнување на јавната свесност за откажување од пушење и заштита на здравјето - Канал 5

Алиу: Продолжуваме со заложбите за подигнување на јавната свесност за откажување од пушење и заштита на здравјето

По повод Светскиот ден без тутун, Министерството за здравство, заедно со ИЈЗ и СЗО се приклучува на одбележувањето на глобалната кампања на СЗО на тема „Разоткривање на привлечноста – спротивставување на зависноста од никотин и тутун“.

Алиу: Продолжуваме со заложбите за подигнување на јавната свесност за откажување од пушење и заштита на здравјето

Министерот за здравство, Азир Алиу истакна дека во заедничка соработка со СЗО, Институтот за јавно здравје, како и Центрите за јавно здравје, локалната самоуправа и локалните здравствени домови, отпочнати се координирани активности за зајакнување на услугите за откажување од пушење на локално ниво.

Сакам да потсетам за уште една значајна новина која ја воведовме, а тоа е дека Министерството за здравство ја ажурираше есенцијалната листа на лекови и во неа првпат се ставени лекови за одвикнување од пушење и контрацептивни средства - трансдермалните фластери и никотинските гуми за џвакање. Целта е да се зголеми нивната достапност, да бидат препознаени од јавноста и од фармацевтските компании за нивната потреба да се користат и матичните лекари да ги препишуваат, истакна на денешната прес - конференција министерот за здравство, Азир Алиу.

Паралелно, тој додаде дека се работи и на системско зајакнување на овој сегмент, преку новиот предлог закон за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи, кој е усогласен со европските норми и регулативи и овозможува долгорочно унапредување на заштитата на јавното здравје во овој аспект.

Продолжуваме со партнерите СЗО и ИЈЗ со заеднички заложби за подигнување на јавната свесност за откажување од пушењето и заштита на здравјето. Целта на овие активности е поголема достапност на советувалиштата за откажување од пушење, зајакнување на системот за упатување, како и континуирана поддршка на овие лица, со посебен фокус на младата популација, додаде Алиу.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Flydubai“ повторно гo поврзува Скопје со Дубаи и пошироко

Авионската компанија „flydubai“ најави повторно воведување летови меѓу Меѓународниот аеродром во Дубаи (DXB) и Меѓународниот аеродром Скопје (SKP), со што се воспоставува врската меѓу Дубаи и главниот град на Македонија.

„Flydubai“ повторно гo поврзува Скопје со Дубаи и пошироко

Линијата до Скопје, која ќе сообраќа три пати неделно почнувајќи од 01 април 2027 година, ќе овозможи патниците да имаат пристап до премиум бизнис-класата на „flydubai“ и до целокупната понуда во економската класа.

Обновувањето на летовите кон Скопје го одразува континуираниот фокус на „flydubai“ врз пазарите што имале малку директни врски со Дубаи и врз зајакнување на позицијата на градот како глобален воздухопловен центар. Скопје повторно ќе има корист од директната врска со Дубаи, додека патниците од Дубаи и Обединетите Арапски Емирати ќе добијат лесен пристап до една од најдинамичните и културно најбогатите дестинации на Балканот.

Гаит Ал Гаит, главен извршен директор на „флајдубаи“ (flydubai),објаснува: „Поврзаноста е клучен дел од успехот на Дубаи како глобален воздухопловен центар. Со поврзување на пазари кои имаат ограничени директни авиолинии со Дубаи, во „флајдубаи“ отсекогаш сме верувале дека поврзаноста отвора можности за туризам, трговија и културна размена. Низ годините, поврзавме многу градови кои претходно имаа ограничени директни врски со Дубаи и со поширокиот свет. Враќањето во Скопје ја одразува таа континуирана посветеност“.

Исто така, Џејхун Ефенди, виш потпретседател на одделот за комерцијални операции и е-трговија во flydubai, вели:„Европа продолжува да биде важен дел од нашата мрежна стратегија. Обновувањето на летовите до Скопје дава поголем избор и флексибилност на нашите клиенти а воедно обезбедува и атрактивна опција за патување на едно место за туристите, деловните патници и на патниците од македонската дијаспора од Австралија и Азија. Нашите операции ќе почнат со услуга која се одвива три пати недело и уверени сме дека побарувачката ќе расте, бидејќи повеќе клиенти ќе ја искористат атрактивната понуда за застанување во Дубаи, додека се поврзуваат надвор од градот“.

Во рамки на партнерството за заедничко користење летови (Codeshare) меѓу flydubai и Emirates, со еднократно застанување во Дубаи преку Терминал 3, патниците кои патуваат за Скопје ќе уживаат во беспрекорен пристап до стотици дестинации во комбинираната мрежа на двата авиопревозници, притоа уживајќи во погодноста на единствена резервација и багаж регистриран директно до крајната дестинација.

Патниците што патуваат од Скопје ќе можат, преку Emirates, да продолжат кон дестинации во Австралија, азиските центри како Шангај и Сингапур и кон популарни дестинации во мрежата на Flydubai, вклучувајќи ги Бангкок, Коломбо и Занзибар.

Скопје е најновото проширување на растечката меѓународна мрежа на „флајдубаи“ (flydubai), по неодамнешното воведување летови до Бангкок во Тајланд, Бенгази во Либија и Похара во Непал, со што мрежата на „флајдубаи“ сега опфаќа повеќе од 120 дестинации во 57 земји.

Македонија, една од најдобро чуваните тајни на Балканот, служи како порта кон Европа. Од впечатливите пејзажи околу Охридското Езеро и Шар Планина сè до живописната култура на кафулиња во Скопје и богатото отоманско, византиско и европско наследство во регионот, земјата ги комбинира природните убавини, културата и вредностите за патниците кои бараат нови искуства надвор од традиционалните европски метрополи. Посетителите може да ја истражат Старата чаршија со нејзиниот уникатен дух, да преминат преку знаменитиот Камен мост кон плоштадот „Македонија“ и да откријат културни атракции, меѓу кои се тврдината Кале и Спомен-куќата на Мајка Тереза.

Патниците кои патуваат меѓу Дубаи и Скопје може да очекуваат удобно патување со модерната и млада флота на flydubai, која се состои од 99 авиони од типот Boeing 737. Патниците во бизнис-класата може да се релаксираат во пространи седишта што се претвораат во рамни лежаи и да уживаат во менија инспирирани од меѓународната кујна, како и во широк избор содржини за забава за време на летот.

Во економската класа, патниците можат да уживаат во удобни седишта со избор на бесплатни оброци и содржини за забава во текот на целото патување. Во тек е воведување Starlink во целата флота на flydubai, со што на патниците им се овозможува бесплатен и брз Wi-Fi интернет.

Летовите меѓу Меѓународниот аеродром Дубаи (DXB) и Меѓународниот аеродром во Скопјe (SKP) ќе сообраќаат три пати неделно, во понеделник, четврток и сабота, со поаѓање од Терминал 3 на DXB. Цените на повратните карти за бизнис класа од Скопјe до Дубаи почнуваат од 3.000 евра а цените за економска класа Lite почнуваат од 580 евра. Цените за повратен лет во бизнис-класа од Дубаи до Скопје почнуваат од 12.500 AED (приближно 187.000 македонски денари), додека цените за економска класа Lite почнуваат од 2.800 AED (42.000 македонски денари).

Летовите може да се резервираат преку Flydubai.com, официјалната апликација на Flydubai, Контакт центарот во ОАЕ на (+971) 600 54 44 45, во продажните салони на Flydubai или преку туристички партнери. За целосниот распоред на летови, ве молиме посетете ја страницата flydubai.com/en/flying-with-us/timetable.

Од своето седиште во Дубаи, flydubai изгради мрежа од над 125 дестинации, опслужувани од флота од 98 авиони. Од почетокот на своето работење во јуни 2009 година, flydubai е посветена на отстранување на пречките за патување, овозможување слободен проток на трговија и туризам и зајакнување на поврзаноста меѓу различни култури низ својата мрежа која постојано се проширува.

flydubai го одбележа својот развоен пат со низа значајни достигнувања:

Мрежа со постојан раст: Создадена е мрежа од над 125 дестинации во 56 земји низ Африка, Централна Азија, земјите од Кавказот, Централна и Југоисточна Европа, земјите од Советот за соработка во Заливот (GCC) и Блискиот Исток, Јужна Азија и Југоисточна Азија.

Опслужување на пазари со недоволна покриеност: Воведени се повеќе од 100 нови линии до дестинации кои претходно немале директни воздушни врски со Дубаи или не биле опслужувани од национален авиопревозник од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) на летови од Дубаи.

Ефикасна флота од еден тип авиони: Компанијата оперира со флота составена од еден тип авиони – вкупно 98 летала од семејството „Боинг 737“ (Boeing 737) и тоа: 25 авиони „Боинг 737-800“ од новата генерација (Next-Generation), 69 авиони „Боинг 737 MAX 8“ и 4 авиони „Боинг 737 MAX 9“.

Подобрување на поврзаноста: Од почеток на работењето во 2009 година, превезени се повеќе од 137 милиони патници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБРМ: Од 5 ноември ќе се врши исплата на средства за граѓаните без платежни картички во главната филијала во Битола на АЛТА банка АД Битола

Народната банка ги известува граѓаните кои имаат платежни сметки во АЛТА банка АД Битола, а немаат платежни картички, дека од четврток, 5 ноември 2026 година, ќе започне подигањето средства од шалтерите во главната филијала на банката во Битола.

НБРМ: Од 5 ноември ќе се врши исплата на средства за граѓаните без платежни картички во главната филијала во Битола на АЛТА банка АД Битола

За таа цел, ќе бидат отворени повеќе шалтери на адресата ул. „Добривое Радосављевиќ“ бр. 21 во Битола. Исплатата ќе биде достапна за граѓаните, а особено за пензионерите и примателите на социјална помош, кои средствата ги добиваат преку платежни сметки во банката, но немаат платежни картички.

Граѓаните ќе можат да подигнат до 20.000 денари, што е максималниот износ дозволен за повлекување во период од две недели.

Од 6 ноември, вклучително и сабота 7 ноември, филијалата ќе работи во две смени, со цел да се опслужат што поголем број клиенти.

Исплатата ќе се врши во текот на повеќе денови според распоред, за кој граѓаните ќе бидат известени преку СМС-порака, со наведување на денот и часот кога треба да дојдат во филијалата. Ги замолуваме граѓаните да се придржуваат до добиените термини и да не доаѓаат во филијалата во деновите во кои не се повикани и пред времето за кое се повикани на конкретниот ден, со цел да се избегнат гужви и подолго чекање.

За оние кои нема да бидат во можност да дојдат во определениот термин, ќе бидат обезбедени дополнителни термини.

Шалтерите ќе бидат наменети исклучиво за подигање готовина, при што нема да се вршат други видови трансакции.

Се работи на подготовка за отворање на шалтерите за пензионери и приматели на социјална помош и во други градови во земјата, за што Народната банка наскоро ќе извести.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Младите – двигатели на еколошкиот одржлив развој!

По повод 50-годишнината од формирањето на Општина Карпош, во Младинскиот центар – Карпош се одржа презентација на еколошки проекти и младинско учество, посветена на улогата на младите во креирањето поодржлива и поинклузивна заедница. 

О. Карпош:  Младите – двигатели на еколошкиот одржлив развој!

Луна Китановска, од иницијативата „ECOSOCIAL VOICES: Youth Voices“, зборуваше за важноста на младинскиот глас, активното учество и ангажманот на младите во општествените и еколошките прашања.

За значењето на циркуларната економија и практичните решенија за поинклузивен и одржлив развој говореше Стефани Пренкова, додека Сотир Габелоски, преку фотоизложба посветена на реализирани микроакции, ја истакна улогата на младите во создавањето поправеден систем на храна, поддршката на локалните производители и значењето на институционалната соработка. Настанот заврши со интерактивна дискусија, размена на идеи и можности за младинско вмрежување, со цел преточување на иницијативите во конкретни активности и промени.

Активноста ја реализираше Еко Логик, во рамки на проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија“, финансиран од Европската Унија, а спроведен од People in Need (ПИН), во партнерство со ЛЕАД, АРНО и Ековита. Зелената иднина започнува со знаење, идеи и активно учество. Младите не се само иднината – тие се двигатели на промените уште денес

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер