Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелегенија
2Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелегенија
3ИТ-армијата на Северна Кореја работи и до 19 часа дневно, неисполнувањето на нормите резултира со казнување
ЗдравјеАлиу: Продолжуваме да работиме на унапредување на здравствениот систем и да ги спроведуваме новите мерки и реформиПроекти и мерки реализираа во изминатиот период Владата и Министерството за здравство. Продолжуваме посветено да работиме на унапредување на здравствениот систем и на креирање активно здравство. Нашата визија за активно здравство е систем што однапред планира, ги решава проблемите и ги мери резултатите. Продолжуваме со поддршка од Владата заеднички да ги спроведуваме новите мерки и реформи во областа на здравството, рече денеска министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција по повод одбележувањето една година од работата на Владата. Посочи дека како Влада реализирале значајно зголемување на платите на здравствените работници, и тоа во износ од 4.815 денари нето за сите здравствени работници, а за медицинските сестри ова зголемување изнесува 6.200 денари. - Го решивме долгогодишниот недефиниран статус на приватните специјализанти. Врз основа на донесената одлука на Влада за вработување 600 приватни специјализанти (300+300), веќе привршува реализацијата на првата фаза и во најголем дел од установите е завршена процедурата за вработување 300 млади специјализанти во јавните здравствени установи во државата. Веќе ја почнавме реализацијата и на втората фаза за следните 300 специјализанти, минатата недела на веб страната на Министерството беше објавен повикот за изразување интерес на специјализантите за вработување, истакна Алиу. Првпат после повеќе од 10 години, посочи министерот, е ажурирана позитивната листа на лекови, за девет нови генерички лекови, односно 87 лека во различни форми. Потенцира дека отвориле и дигитална алатка за пријавување неправилности и продолжуваат активно да се залагаат за инфраструктурно унапредување на јавните здравствени установи. -На Клиника за гинекологија во тек е комплетна реконструкција на лаборатории, амбуланти и специјалистички кабинети. Реконструкцијата е во износ од 29 милиони, се очекува да биде завршена до крајот на годината. Отпочната е комплетна и темелна реконструкција на КАРИЛ која е прва од овој тип досега од основањето на Клиничкиот центар, на Инфективната клиника е извршено комплетно реновирање на првиот кат со интензивна нега – инвестиција во вредност од 1,5 милиони евра, на Хируршките клиники пуштена е во употреба новата компресорска станица со три компресори и извршено е целосно реновирање на Универзитетската клиника за психијатрија, реконструкција на Клиничка болница Тетово и на повеќе одделенија во Општа болница во Гостивар, рече Алиу. Во наредниот период, како што појасни, ќе бидат фокусирани и на реконструкцијата на Градската општа болница „8 Септември“, а инвестирањето во болничката инфраструктура не се однесува само на операционите сали или медицинската опрема. -Почнавме процес кој ќе резултира со функционално решение на паркингот на Клиничкиот центар, затоа што болниците треба да бидат места на грижа, не на фрустрација уште од влезната рампа. Во континуитет ги осовременуваме јавните здравствени установи со нова медицинска опрема, меѓу кои во хируршка клиника „Св. Наум Охридски“, во општите болници Велес и Прилеп, Клиника за очни болести, Општа болница Гостивар, Клиника за дигестивна хирургија. Во поликлиника Идадија има нов апарат за магнетна резонанца со кој овозможуваме поголема достапност за пациентите до потребните дијагностичките процедури. Исто така, континуирано работиме на воведување новини во областа на трансплантација, а особено зајакнување на знаењата и вештините на кадарот, следење на современите европски трендови и воведување нови методи во трансплантологијата, рече Алиу. По трагичниот настан во Кочани, не застанавме на сочувството, истакна Алиу и појасни дека почнале постапка за изградба на модерен и иновативен центар за развивање креативни идеи кој ќе биде посветен на младите, на психосоцијалната поддршка и на заедницата. -Во тек се процеси на градење на активно и дигитално здравство наместо бирократско функционирање. Дигитализацијата не е технолошки луксуз, туку предуслов за правично, ефикасно и отчетно здравство. Затоа започнавме со подготовка за измена на 12 основни закони од здравствениот систем. Секој закон ќе биде третиран од посебна експертска работна група, затоа што модерно здравство не се гради со импровизации, туку со прецизни, системски правила. Министерството за здравство веќе активно работи на системот базиран на петте столбa, со цел да го трансформираме здравството во стабилен и политички независен здравствен систем, а посебен фокус ставаме на дигитализацијата како темел на здравствен систем базиран на реални податоци, додаде Алиу.Тагови: министерство за здравство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканКапитенот на Србија, Богдан Богдановиќ гради луксузен хотел во Црна ГораНБА ѕвездата, капитенот на Србија, кошаркарот на Хјусотн Богдан Богдановиќ е инвеститор на нов хотел во Плужине, Црна Гора.Српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ гради угостителски објект во општина Плужине во Црна Гора, во близина на Пива. Како што изјави Слободан Делиќ, претседателот на таа општина, култниот хотел „Пива“ е урнат за на истата локација да се изгради нов објект, пренесува Радио-телевизија Никшиќ. Кошаркарот на „Хјустон Рокетс“ го минал детсвото во ова место, па не е изненадувачки што одлучил да инвестира во овој проект. Се наведува дека неговото семејство станало сопственик на туристички објект со богата традиција уште во 2019 година, но дека сега ќе започнат со нова градба. „НБА ѕвездата Богдан Богдановиќ гради хотел, па сопствениците полека започнаа со реализација на тој проект. Нивните планови опфаќаат поголема површина, но и поинаков дизајн. Во секој случај, очекувам дека новиот објект ќе биде изграден во наредниот период и дека ќе биде функционален и модерен, што значи дека ќе донесе нова вредност за нашата општина“, нагласи Делиќ. Името на Богдан Богдановиќ гарантира дека сè ќе биде според највисоките стандарди, иако деталите за сместувачките капацитети сè уште не се познати. „Самото тоа име и неговата репутација гарантираат дека многумина ќе слушнат за нашиот град и дефинитивно ќе дојдат да го посетат“, рече Делиќ. View this post on Instagram A post shared by Park Prirode "Piva" (@park_prirode_piva) Српскиот ас често истакнува дека голем дел од своето детство поминал во Црна Гора и дека е особено поврзан со Плужине.Тагови: Богдановиќ Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
БалканРадар : Телеком на Србија се најде во фокусот на правосудните органи- прошталниот валцер на ЛучиќИако Телеком неказнето ја прекрши забраната за основање државни медиуми уште во 2021 година кога го лансираше Euronews Serbia, во 2023 година беше усвоен законски исклучок специјално за Телеком. А Телеком ја искористи оваа предност не само за монополизирање на медиумскиот пазар, туку и во културата, со тоа што издвојуваше пари за производство на филмски и сериски содржини исклучиво на „лојалисти“, пишува српски Радар. Фактот дека Владимир Лучиќ водеше компанија која можеше да се продаде за најмалку милијарда евра во времето кога ја презеде функцијата директор на Телеком Србија со долг од речиси пет милијарди евра не беше причина да се размислува за негово отстранување до 25 октомври. Очигледно, поранешната влада не ги жалеше парите (особено не парите што доаѓаа од граѓаните) за услугите што беше подготвена да им ги обезбеди, занемарувајќи ги тривијалностите како што се националниот интерес или законот. Дури за време на изборната кампања успеаја да вклучат уште две куртизани во понудата на телевизиски станици со национално покривање - Информер и Курир. Не е важно што не поминале низ потребниот јавен конкурс (имаат лиценци за дистрибуција исклучиво преку кабелски, сателитски и IPTV мрежи), Телеком им обезбеди видливост на целата територија на Србија преку обични антени. Таквото грубо кршење на прописите, Лучиќ го „оправда“ тврдејќи дека станува збор за „привремено и промотивно емитување“ кое ќе трае шест месеци, како Законот за електронски медиуми да предвидува дека можете да си играте со национални фреквенции неколку години, додека не видите дали навистина е за вас. Или, како што всушност изјави Лучиќ, за да се процени потенцијалот за зголемување на бројот на претплатници на заклучени терестријални канали, кои во моментов ги плаќаат само 6.000 луѓе. И кога 16, првенствено медиумски и новинарски здруженија, го повикаа Советот на РЕМ да покрене судски постапки против физички и правни лица кои го прекршиле законот со отклучување на тие канали, Телеком отиде чекор понатаму во самоволието - ја укина програмата ТВ Форум за своите кабелски корисници во Пријепоље за еден ден и ја емитуваше програмата Информер на истиот канал. Барањето за разрешување на Лучиќ пристигна по изборите, сепак, од два извори - Студентскиот список и Здружението на филмски режисери на Србија (AFRS). Претставникот на SL, Немања Каровиќ, ги објасни причините на РТС - поради финансиски злоупотреби во производството на телевизиски содржини и „перење пари“, како и затоа што финансирале политички поволни медиуми и ги потиснувале независните. „Тој ја монополизираше медиумската сцена, ги користеше парите на граѓаните за да ги задоволи политичките потреби на режимот, а не за да ги информира граѓаните навремено и објективно“, рече Каровиќ, се наведува во поширокиот осврт на српски Радар. На ови наводи се надоврза и лидерот на СДСМ , Венко Филипче, кој ја пренесе веста на својот X профил со текстот: „Како што рековме. Телеком Србија конечно е под лупа на правосудството. Со години монопол, финансирање на лојални медиуми, Euronews лиценца како алатка на режимот. Истиот Euronews со Латасовата Ивона, што во Македонија емитува и без дозвола а АВМУ тоа го дозволува. Мицкоски наскоро останува без Вучиќевите медиуми. Сите знаеме, ќе падне и ОКГ и во Македонија.“ , објави Филипче. Како што рековме. Телеком Србија конечно е под лупа на правосудството. Со години монопол, финансирање на лојални медиуми, Euronews лиценца како алатка на режимот. Истиот Euronews со Латасовата Ивона, што во Македонија емитува и без дозвола а АВМУ тоа го дозволува. Мицкоски наскоро останува без Вучиќевите медиуми. Сите знаеме, ќе падне и ОКГ и во Македонија. — Venko Filipce (@VFilipche) November 6, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСанкционирани 43 возачи на товарни возила во Скопје, седум за неисправни светлосни уредиСообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.На 05.11.2026 во времето од 09:00 до 16:00 часот Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје спроведе Зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот со посебен акцент за преземање мерки за прекршоци кои ги чинат возачи на товарни моторни возила како што се претовар на товар, неправилно сместен товар, технички неисправни товарни возила итн. При контролата санкционирани се 43 возачи на товарни моторни возила, од кои една мерка е изречена за технички неисправно возило (неисправен уред за запирање), две санкции за претовар на товар, шест мерки за неносење соодветна опрема, седум санкции за неисправни светлосни уреди, девет мерки за неистакнати знаци за ограничување на брзината, една санкција за управување товарно возило со несоодветна категорија, една мерка за незастанување на даден знак стоп од страна на униформиран полициски службеник и 16 останати санкции за други видов прекршоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите да придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: товарни возила Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter