3Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување возило“, девет возеле без положен возачки испит
МакедонијаАлиу: Науката како двигател на подостапно здравство – одбележан 7 април, Светски ден на здравјето Министерот за здравство, Азир Алиу, им го честита 7 Април – Светскиот ден на здравјето на сите здравствени работници, на денешното традиционално свечено одбележување, во организација на Македонското лекарско друштво.-Годинешното мото „Науката ја прави здравствената заштита подостапна“ јасно говори дека научниот пристап во здравството претставува клучен двигател на иновации, напредок и унапредување на квалитетот на здравствените услуги. Примената на науката овозможува воведување нови методи, континуиран развој на професионални вештини и современ пристап во лекувањето на пациентите. Во изминатиот период направивме значаен исчекор во развојот на трансплантациската медицина во земјава, со успешно започнување на трансплантација на рожници. Овој сегмент претставува пример за наука во функција на здравството, како и за мултидисциплинарен пристап и висока посветеност на здравствените работници. Трансплантацијата и органодонорството, како врвен чин на хуманост, спасуваат животи и го продолжуваат животниот век на пациентите, истакна во своето обраќање министерот Алиу. Во насока на унапредување на достапноста на здравствените услуги, тој посочи дека еден од приоритетите е воведување телемедицина како призната здравствена услуга. Во рамки на законските измени, електронското здравствено досие ќе претставува централен извор на податоци. Успешно се реализира пилот-проектот на релација Скопје–Дебар–Делчево, преку кој пациентите со кожни заболувања добиваат дијагноза без физичко присуство на Клиниката за дерматовенерологија. - Телемедицината води кон здравство, што штеди време ги намалува трошоците, ја намалува нееднаквоста ја приближува експертизата до секое населено место. Тоа е healthcare without walls, односно здравство без физички и географски бариери, рече министерот Алиу. Тој потсети дека активно се работи на финализирање на националната стратегија за дигитално здравство, која ќе ја постави земјата рамо до рамо со најнапредните европски модели. -Зборуваме за здравствен систем базиран на интероперабилност (меѓусебна комуникација на системите), HL7 FHIR стандарди (меѓународни стандарди за размена на здравствени податоци, следливост на секоја одлука, role-based access (пристап според улоги и овластувања), audit trails (дигитални траги и логови за контрола), data governance (управување со податоци), транспарентни листи на чекање и аналитика во реално време (податоци за брзо и прецизно управување), истакна министерот Алиу. Светскиот ден на здравјето е можност за осврт на постигнатите резултати и тековните реформи во здравствениот систем, при што човечкиот потенцијал останува во фокусот. - Горди сме што нашите лекари, истражувачи и експерти денес придонесуваат и на меѓународно ниво. Примерот со д-р Срцева во областа на ретките заболувања е доказ дека Македонија не е само корисник на знаење. Паралелно реализираме инвестиции во инфраструктура и современа медицинска опрема, како и активности за воведување стандардизирани болнички процедури и патеки за упатување, со цел пациентите да добијат навремена и соодветна здравствена услуга. Дополнителна потврда за напредокот е најновиот извештај на Обединети нации за 2025 година, во кој државата е високо рангирана во намалување на неонаталната смртност. Со заеднички заложби продолжуваме со градење поквалитетен, поефикасен и подостапен здравствен систем за сите граѓани, посочи министерот Алиу, соопштуваат од МЗ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаНеговото блаженство Господин Господин Стефан во посета на Општина КарпошОпштина Карпош денеска имаше чест да биде домаќин на Неговото Блаженство Господин Господин Стефан, поглавар на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, кој беше пречекан од градоначалникот Сотир Лукровски.На средбата се разговараше за состојбите во локалната заедница, состојбата на верските објекти на територијата на Општина Карпош, како и за значењето на духовноста, вербата и меѓусебната почит во градењето сплотена и солидарна заедница. Беше истакнато дека почитувањето на различностите, духовните убедувања и достоинството на секој човек се важни темели за мирен и хармоничен соживот, а заедништвото и дијалогот се вредности што ја поврзуваат локалната заедница. По повод 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош, Неговото Блаженство упати честитки до раководството и граѓаните на општината, со желби за понатамошен развој, благосостојба и заедништво. Општина Карпош останува посветена на градењето заедница заснована на почит, дијалог, духовност и заеднички човечки вредности. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
СветВоена воздухопловна база под напад: Се слушаат силни експлозии, се издига густ чад (ВИДЕО)Областа околу Идлиб и воената воздухопловна база Тафтаназ во Сирија денес беше место на експлозии со непознато потекло, објави информативната мрежа „Сирија нау“, повикувајќи се на очевидци.Според извештаите, експлозиите започнале во 8:00 часот наутро, токму во моментот кога извидувачки авион прелетувал над локацијата. Снимките што кружат на интернет го прикажуваат моментот кога густ чад се издигнал од кругот на воздухопловната база, експлозиите продолжиле во текот на час и половина. Reports from Syria: A large, unidentified explosion occurred at Taftanaz Air Base in the Idlib countryside of northwestern Syria, with thick smoke rising from the base. A second explosion was reportedly heard shortly afterward near the military airfield. Amid drone activity in… pic.twitter.com/h83D3dbaHZ — KORRINA (@KORRINA31535546) October 2, 2026 Локалните жители претпоставуваат дека експлозиите можеби биле предизвикани од детонација на неексплодирани убојни средства во базата, каде што и во минатото се случувале слични експлозии. Воената воздухопловна база Тафтаназ била втора по големина база за хеликоптери во Сирија пред да стане место на воени операции за време на годините на сириската револуција, објави Ал Џезира. Таа била под контрола на опозициски фракции сè додека не била претворена во турска набљудувачка станица по договорот за деескалација постигнат во март 2020 година меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот лидер Владимир Путин. An unidentified explosion rocked Syria’s Taftanaz military airbase in Idlib, sending smoke into the sky, while reports emerged of another blast being heard in the area.#Syria #Idlib #MiddleEast #Explosion #TaftanazAirbase pic.twitter.com/BkiIm2VyCt — TAM (@Awakeningmedia1) October 2, 2026 Во текот на септември, во северозападна Сирија се случија низа експлозии, од кои најновата беше во воен објект во близина на градот Ал-Еис, јужно од Алепо. На 9 септември, 14 припадници на Министерството за одбрана загинаа, а неколку други беа повредени во експлозија во привремен магацин за оружје и неексплодирани убојни средства во Сармада, близу Идлиб. Претходно истиот месец, пет лица загинаа во градот Биниш во експлозија на автомобил натоварен со муниција.Тагови: Сирија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување возило“, девет возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит и тоа: А.И.(29) и Х.З.(18), двајцата од Скопје, М.И.(21) и Ш.А.(35) од с.Студеничани, скопско, Р.С.(30) и С.М.(19) од Тетово, А.Ф.(25) од с.Врапчиште, гостиварско, Л.М.(48) од Гостивар и Н.Т.(49) од с.Преглово, Општина Пласница. Додека пак, со активна забрана за управување на моторно возило, возел А.В.(33) од Прилеп. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook