Алиу: Наскоро проширување на позитивната листа, вработување на уште 300 специјализанти - Канал 5

Алиу: Наскоро проширување на позитивната листа, вработување на уште 300 специјализанти

Наскоро проширување на позитивната листа, вработување на уште 300 специјализанти, мапирање и дигитализација за унапреден здравствен систем.

Алиу: Наскоро проширување на позитивната листа, вработување на уште 300 специјализанти

Комисијата за проширување на позитивната листа работи заедно со Министерство за здравство и со Фондот за здравствено осигурување и многу брзо ќе излеземе со нови лекови кои ќе бидат дел од позитивната листа, вели министерот за здравство Азир Алиу во интервју за МИА.

Во врска со недостигот на таблетарна хормонска терапија, посочува дека во оваа фаза тоа е веќе надминато или во некој случај има промена на лекот со соодветен лек, со цел граѓаните да не останат без терапија. Истакнува дека се прават напори за промена на процесот на порано распишување тендер.

- Сега според законите се распишува три месеци пред да заврши претходниот тендер, а правиме напори со правниците и со правниот сектор кај нас да се овозможи тој да се распише шест месеци пред завршување на договорот, бидејќи ако првиот доцни автоматски тоа ќе значи ќе има недостиг на лекови еден временски период. За да не ни се случи тоа во иднина планираме да имаме шест месеци временска рамка и ќе бидеме сигурни ако во првите три месеци заради икс причини не е завршена постапката да може таа да се отвори и да заврши навреме, вели Алиу.

Укажувајќи на активностите за децентрализирање на онколошката терапија вели дека протоколите веќе се направени и идејата е да се дисперзираат дел од сервисите за онколошки пациенти, да се зема терапија не само на Клиниката за онкологија, туку и во неколку центри низ државата. Идеја е понатаму да се дооформи таа инфраструктура и тие апарати кои треба да се купат или да се обучи медицинскиот кадар и ценам дека ние многу брзо како Министерство за здравство ќе излеземе во јавност за да ги информираме граѓаните дека дел од пациентите кои бараат онколошки пристап ќе можат дел од процедурите да ги добијат во местото кај што живеат.

Во врска со напорите за решавање на проблемот со недостигот од здравствени работници и медицински сестри потенцира дека за да се креира експертски профил во една област во здравството минимум треба десет години и дека затоа почнуваат да мапираат потреби, инфраструктура, човечки ресурси и капацитети во здравствениот систем на ниво на земјата.

- Понатаму, од тие податоци кои ги црпиме од институциите ќе се креираат политики базирани на податоци на потреби. Тоа значи дека таму кај што има потреба од онколог ќе отвориме процес со кој ќе обучиме таков кадар, таму каде што ќе има потреба од кардиолог ќе направиме можност да може да креираме кардиолог. За жал, недостигот на човечки капацитети во здравството не се случува за една или две години, тие се процеси креирани политики во здравството базирани на историја, не на податоци. Затоа, ова е клучната промена којашто ја правиме – сите проекти, активности, политики коишто ќе ги креираме во здравството ќе бидат базирани на податоци на потреби, истакнува Алиу.

Нагласувајќи дека дигитализацијата е еден од клучните елементи, не само во здравството наведува дека ако има дигитален процес, ако се знае тој процес, од моментот кога вие веќе ќе имате термин кај доктор, вие ќе знаете кога да одите, на кој шалтер да одите, и како да се процесуира до крај, како да платите и како да добиете резултат.

-Значи, гледате колку едноставно еден процес може да се оптимизира од временска гледна точка преку дигитални автоматизирани процеси. Во таа насока, паралелно креираме база на податоци со наши доктори кои живеат надвор од државата, кои ќе придонесуваат за намалување на таа временска рамка на чекање за добивање резултат, вели Алиу.

Посочува дека се планираат активности за инфраструктурно и кадровско зајакнување и опремување на болниците во другите градови во државата, со цел растоварување на клиниките во Скопје и најави дека ќе има национална програма за обука на докторите, на медицинските сестри и тоа е еден од приоритетите, бидејќи со добро обучен кадар ќе можат да се нудат сервиси кои граѓаните ги бараат, а тие да бидат квалитетни и во согласност со европските стандарди.

- Значи, во Штип ќе има реконструкција и градба на Медицинскиот факултет, но исто така и за студентскиот дом, инфраструктурно уредување на просторот. Истото ќе се случи со Тетово, додека во Кичево ќе има нова градба, посочува Алиу.

Во врска со тоа дали има најава за вработување здравствен кадар истакнува дека биле вработени 300 специјализанти и дека ќе бидат вработени уште 300.

Една од можностите за да стигнеме побрзо до здравство по европски стандарди е да ги фокусираме сервисите во регионални центри, со тоа ќе придонесеме кон инвестирање во тие центри, да бидат со соодветна технологија, инфраструктура и кадар, со цел да имаме европски здравствен систем. Од друга страна, не може да очекуваме дека за една, две до три години ние ќе имаме такво здравство. Причините за недостиг на човечки ресурси не се од денес, туку од пред десет, петнаесет, дваесет години, кога се креирало здравство базирано на политики и на историја, а не на податоци и на потреби. Тоа нема да го дозволиме, понатаму сите политики ќе бидат базирани на податоци и потреби, со цел такво здравство да имаме во иднина, додава Алиу.

Во продолжение следува целото интервју.

Здравствен систем базиран на пет столба за трансформирање на здравството, најавивте пред повеќе од две недели. Што поконкретно ќе значи тоа за граѓаните и кога ќе почне таа трансформација, имајќи ги предвид наталожените проблеми во изминатите години?

Ви благодарам на поканата да бидам дел од вашиот медиум и да пренесеме преку вас до граѓаните активностите што ги имаме како Министерство за здравство, исто така и стратегија на овој кабинет, се со цел да направиме систем во здравството којшто ќе биде поблиску до граѓаните, здравствен систем којшто ќе знае да разговара, да слуша и да следи. Буквално во таа насока се и тие пет столба, веќе тие почнуваат да се реализираат и имаме за сите пет столба работи групи од девет члена којшто ги водат дневно процесите таму. Исто така, тие процеси се поврзани хоризонтално и вертикално, тоа значи дека еден процес зависи од активностите во другиот процес и ги следиме паралелно сите пет, не само ние како Министерство, туку имаме група на луѓе заинтересирани учесници во целиот систем во здравството, како доктори, медицински сестри, техничари, така и пациенти, инженери и други профили. Така што се сите вклучени, со цел да имаме јасна слика првично да скенираме што се случува со нашиот здравствен систем, понатаму да видиме кои се првичните приоритетни чекори, и на крај целта, како што спомнав здравствениот систем да биде поблиску до граѓаните, да биде инфраструктурно полесен за управување од експертите – доктори специјалисти и на крај како резултат да имаме поквалитетен здравствен систем.

Еден од тие столбови е изработка на мапа за здравствени потреби по региони и општини, што ќе покаже каде недостигаат здравствени работници, опрема или функционални центри. Како во најбрз можен рок планирате да се реши проблемот со недостиг од здравствени работници и медицински сестри, речиси во сите јавни здравствени установи, што е една од причините за огромните редици пациенти кои чекаат за преглед?

Ќе почнам од крајот, значи тие се долги процеси. За да креирате експертски профил во една област во здравството минимум ви треба десет години. Буквално, затоа почнуваме да мапираме потреби, инфраструктура, човечки ресурси и капацитети во здравствениот систем на ниво на земјата. Понатаму, од тие податоци кои ги црпиме од институциите ќе се креираат политики базирани на податоци на потреби. Тоа значи дека таму кај што има потреба од онколог ќе отвориме процес со кој ќе обучиме таков кадар, таму каде што ќе има потреба од кардиолог ќе направиме можност да може да креираме кардиолог. За жал, недостигот на човечки капацитети во здравството не се случува за една или две години, тие се процеси креирани политики во здравството базирани на историја, не на податоци. Затоа, ова е клучната промена којашто ја правиме – сите проекти, активности, политики коишто ќе ги креираме во здравството ќе бидат базирани на податоци на потреби. Затоа, првата цел и активност е агрегирање на податоци од здравствените установи низ државата и сега веќе за кратко ќе излеземе со визуелен приказ на тие податоци кај што сите ќе имаме увид и ќе се знае со каков тип кадар располага институцијата, со каков тип на инфраструктура и со каков тип на сервиси, услуги што ги нуди, што е многу битно. Тренд во светот е регионализација на здравствениот систем, а чекор, односно пред чекор на регионализација на здравствениот систем е мапирање и дефинирање услугите којшто центрите би ги нуделе, а тоа зависи и од инфраструктура, од човечки фактор и од типот на организација, демографија и потреби на населението.

Дигитализацијата на здравството е меѓу најважните столбови за унапредување на здравствениот систем, од кој бенефит ќе имаат и пациентите и здравствениот кадар. Кои се ваши први чекори во оваа сфера, како планирате да се реши проблемот со листите за чекање преглед за радиодијагностика, долгиот временски период за читање резултати и долгите листи за чекање оперативен зафат на хируршките клиники. Планирате ли промени во националниот систем Мој термин за надминување на овие проблеми?

Дефинитивно, дигитализацијата е еден од клучните елементи, не само во здравството. Во Европа една од клучните активности и таргети е дигитална Европа, така се вика и програмата, бидејќи преку дигитализацијата се надминуваат тие пречки, кои би ги имале преку мануелни процеси. Што значи тоа, едноставен пример што се случува во нашиот здравствен систем – ние се соочуваме со гужви пред шалтерите и еден од проблемите е здравствениот систем кој е мануелен, не е дигитализиран. Значи, вие треба да чекате ред за да се пријавите на шалтер прво, да добиете број, па понатаму да чекате ред пред врата на докторот. Ако имаме дигитален процес, ако се знае тој процес, од моментот кога вие веќе ќе имате термин кај доктор, вие ќе знаете кога да одите, на кој шалтер да одите, и како да се процесуира до крај, како да платите и како да добиете резултат. Значи, гледате колку едноставно еден процес може да се оптимизира од временска гледна точка преку дигитални автоматизирани процеси. Вториот момент којшто е клучен и многу важен, исто така е квалитетот на услуга. Вие спомнавте редици на чекање и временски период на чекање на резултат. Тоа се поврзува и со дигитализација и со немање доволен капацитет на човечки ресурси, доктори за да ги читаат тие резултати. Преку дигитализација, тоа ни е еден од приоритетите ќе се овозможи сите тие медицински слики да се читаат не само физички од докторот којшто ве прегледува, исто така ќе може и како второ мислење да даваат и доктори надвор од институцијата. Во таа насока, паралелно креираме база на податоци со наши доктори кои живеат надвор од државата, кои ќе придонесуваат за намалување на таа временска рамка на чекање за добивање резултат. Фактички преку дигитализација ќе овозможиме тие да имаат пристап да ги читаат тие слики и да дадат наод врз основа на медицинските слики. Третиот момент, знаете дека кога се намалува човечкиот фактор во процесот, дефинитивно и тоа е докажано дека се намалува и злоупотребата за тие процеси. Така што ќе имаме и преку дигитализацијата здравствен систем кој ќе биде транспарентен, кој во реално време ќе ги нуди сервисите и преку кој ќе може да го следиме нашето здравје. Прост пример, зошто да немаме систем којшто ќе ни пушти нотификација на шест месеци дека треба да направиме лабораториски анализи на крв односно крвна слика. Поради динамиката во која живееме ние многу често забораваме дека здравјето е важно и многу често или немаме време да одиме на доктор на преглед или забораваме и на крај доаѓаме до многу мал процент на превенција и детекција на заболувања во рана фаза.

Еден од горливите проблеми е и состојбата на Клиниката за онкологија, каде секојдневно има редици пациенти кои доаѓаат од цела држава и со часови чекаат за преглед или за терапија. До каде се активностите за децентрализирање на онколошката терапија во ГОБ „8 Септември“ и во другите градови во државата каде има онколошки одделенија и до каде е процедурата за решавање на постојаниот недостиг на таблетарна хормонска терапија за онколошките пациенти?

Во оваа насока веќе протоколите се направени, идејата е да се дисперзираат дел од сервисите за онколошки пациенти, да се зема терапија не само на Клиниката за онкологија, исто така и во неколку центри низ државата. Идеја е понатаму да се дооформи таа инфраструктура и тие апарати кои треба да се купат или да се обучи медицинскиот кадар и ценам дека ние многу брзо како Министерство за здравство ќе излеземе во јавност за да ги информираме граѓаните дека дел од пациентите кои бараат онколошки пристап ќе можат дел од процедурите да ги добијат во местото кај што живеат. Спомнавте и за недостигот на таблетарна хормонска терапија, едноставно во оваа фаза тоа е веќе надминато или во некој случај имаме промена на лекот со соодветен лек, со цел граѓаните да не останат без терапија. Но, од друга страна правиме напори да се менува процесот на отворање тендер, сега според законите се распишува три месеци пред да заврши претходниот тендер, а правиме напори со правниците и со правниот сектор кај нас да се овозможи шест месеци пред да заврши стариот процес да може да се отвори процес за новиот тендер, бидејќи ако првиот доцни автоматски тоа ќе значи ќе има недостиг на лекови еден временски период. За да не ни се случи тоа во иднина планираме да имаме шест месеци временска рамка и ќе бидеме сигурни ако во првите три месеци заради икс причини не е завршена постапката да може таа да се отвори и да заврши навреме.

Во врска со лекот „Анастразол“, пациентите посочуваат дека при подигнување на терапијата наместо три пакувања од истиот лек деновиве им било дадено по едно пакување и по една инјекција, а претходно добивале по три. Веројатно е тоа така за да се покријат сите пациенти во смисла на тоа да ја добијат неопходната терапија и да не останат пациенти за кои ќе недостига терапија. Дали тоа ќе се реши со најавата на директорот на Фондот за здравство и ставањето на аптекарска позитивна листа конкретно на овој лек?

Најверојатно тоа е направено заради оптимална распределба на лекот, со цел сите пациенти да имаат соодветна терапија во соодветна временска рамка. Понекогаш знаете, од информациите кои ги добивам не само за онкологија, туку и за другите клиники, понекогаш се случува да нема лек не заради задоцнети процеси од институциите, туку и заради задоцнети процеси и од производителите, така што многу често ни се случува производителот да каже за две до три недели ќе може да достават соодветен лек.

Вториот момент, рековте за лекови на позитивна листа, тие се процедури дефинирани во МАЛМЕД и секоја компанија, секој производител има право според јасно дефинирани процедури да аплицира во МАЛМЕД и соодветно комисиите после одлучуваат кој лек каков тип на ефект има, колку е неопходен и дали тој треба да е дел од позитивната листа. Можам да ве уверам дека ние како Министерство за здравство и Владата на РСМ, главна цел ни е здравјето на сите граѓани, вклучувајќи ги и тие којшто боледуваат од некоја болест, се со цел да може пократко и поефикасно да се лекуваат, бидејќи тоа не се поврзува само со крајниот корисник, во овој случај само со граѓанинот, туку тоа е циклус, значи се поврзува и со сервиси и со економија итн. Граѓанин којшто има одредена болест, тој не може да биде активен ниту на работа, тоа значи дека ќе имате помалку работници во системот, тоа значи дека ќе треба да процесираме или да се намали бројот на сервиси кои ги нудиме кон граѓаните и тој циклус после е цикличен и затоа во центарот на вниманието на Министерството за здравство е граѓанинот, пациентот, се со цел да се намали тој период на лекување и да може тој да биде активен на работа во општеството итн.

Дали се планира ново проширување на позитивната листа на лекови?

Дефинитивно, значи комисијата за проширување на позитивната листа работи заедно со Министерство за здравство и со Фондот за здравствено осигурување и многу брзо ќе излеземе со нови лекови којшто ќе бидат дел од позитивната листа.

Дали има можност лекот „Аромасин“ од најнова генерација антихормонска терапија за канцер на дојка, и кој повеќето од пациентките го купуваат приватно од соседните држави, бидејќи како што велат е поефикасен, да биде ставен на позитивната листа на лекови или да се зема на рецепт од онколог?

Не само тој лек, буквално секој лек кој компаниите го продаваат или компанијата што го произведува има право да аплицира, се со цел да може да ги помине сите процедури и на крај комисијата да одлучи дали лекот ќе биде на позитивна листа или не. За конкретниот лек, немам информации зошто не е на позитивна листа, исто така немам информација дали има покрената процедура за да може да биде дел од позитивната листа, но можам да кажам уште еднаш дека целта ни е сите неопходни лекови да бидат достапни за граѓаните. Знаете, понекогаш здравјето е пред се и ние како граѓани ако немаме лек во државата знаеме и да се снајдеме надвор, што не е добро. Мора тие неопходни лекови да бидат достапни во државата.

Државниот завод за ревизија утврди дека со години стои неотпакувана медицинска опрема во дел од здравствените установи. Што ќе преземете во врска со тоа и дали планирате набавка на нова медицинска опрема и во кои јавни здравствени установи?

Значи, сите набавки на медицинска опрема се поврзуваат со услугите што ги нудат медицинските центри. Затоа, првиот чекор беше мапирање на инфраструктура, на човечки капацитети, на услуги кои ги нудат и на опрема која ја имаат институциите во државата. Од таа база, од тие податоци ќе имаме јасна слика колку ни се потребни медицински апарати во здравствените центри, но исто така колку од нив се купени, а не се во употреба и зошто не се во употреба. Знаете, технологија ако со години е вон употреба ризикот е многу голем таа да не биде функционална. Значи, кога ќе ги дефинираме сите апарати кои со години имаме информации дека се вон употреба или воошто не се ставени во употреба, и треба да се направи добра анализа, со цел да се види дали прво тие се уште се во ред од техничка гледна точка. Вториот момент дали треба дополнителна инфраструктура за да може тие да бидат ставени во употреба, бидејќи понекогаш имате дел од апаратурата, но недостига нешто друго и заради тој друг елемент вие не можете да го вклучите да биде во употреба. Затоа, треба добро да се анализира да се види каков тип инфраструктура имаме, каков тип на технологии поседуваме како здравствен систем и понатаму да видиме да се направи план каков тип техологии ќе се купуваат за вод иднина, со цел да се подобри сервисот кон граѓаните.

Планирате ли поконкретни активности за инфраструктурно и кадровско зајакнување и опремување на болниците во другите градови во државата, со цел растоварување на клиниките и пациентите да не мора и за најосновни здравствени услуги да доаѓаат во Скопје?

Дефинитивно, најавуваме дека ќе имаме национална програма за обука на докторите, на медицинските сестри и тоа ни е еден од приоритетите, бидејќи со добро обучен кадар вие можете да нудите сервиси кои граѓаните ги бараат, а тие да бидат квалитетни и во согласност со европските стандарди. Тоа е клучно, вие може да имате каков тип и да сакате инфраструктура, дали апаратура или друг тип на технологија, ако немате доволно добар обучен кадар, залудни ви се сите инфраструктури околу вас. Затоа, паралелно ќе одиме освен градежна инфраструктура, технологии, ќе вложиме многу во обуки на доктори, на медицински сестри и на друг професионален кадар, кој е неопходен за здравствениот систем.

10. Има ли најава за вработување здравствен кадар?

Ние имавме 300, а сега веќе отворивме јавен повик и за 300 приватни специјализанти. Нема да застанеме тука, знаеме дека и после ова ќе има голем недостиг, не само кај нас, тоа е тренд во светот, недостиг на медицински сестри. Се очекуваат таа бројка драстично да се зголеми до 2030 година, така што ние сме свесни за тоа, затоа интензивно работиме и со Министерството за образование за да може да се поддржиме како две институции, ние инфраструктурно, тие академски, за да може да произведуваме кадар, соодветен за нашите потреби.

Како што најави премиерот, постојниот Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје ќе се реконструира. Најавена е реконструкција и доизградба на болниците во Штип и Тетово и нова болница во Кичево, а ќе почне да се гради и нов Клинички центар во Скопје. Во врска со новиот Клинички центар споменавте дека најпрво ќе се работи на мапирање. Кога ќе почне мапирањето и што е планирано во врска со отпочнување на поголеми инфраструктурни проекти во здравството?

Мапирањето е веќе започнато, не само за клиничкиот центар, низ државата се врши мапирање. Ние за кратко дел од тие податоци ќе ги објавиме јавно, за дел од податоците ќе ни треба повеќе време, бидејќи е хибриден пристапот. Еден дел ги собираме преку онлајн форма, вториот момент ќе треба и физички да бидеме во институциите за да може таа инфраструктура да може соодветно да биде мапирана. После мапирањето, како што спомнавме ќе имаме јасна слика и тогаш ќе се знае каков тип на инфраструктура ќе ни треба. Спомнавте Кичево, Тетово и Штип, овој вторник помина седница на Влада, информација од Министерство за здравство за потребите за средства за овие центри и веќе таа процедура се одвива. Министерство за финансии е во процес, процедурите се такви, отвораат процес да може тие средства кои ни ги бараме, со цел да инвестираме во тие болници да може да се обезбедат соодветни средства и после да почнеме со неопходните административни процедури. Значи, во Штип ќе има реконструкција и градба на Медицинскиот факултет, но исто така и за студентскиот дом, инфраструктурно уредување на просторот. Истото ќе се случи со Тетово, додека во Кичево ќе има нова градба, бидејќи старата градба според експертите, сега засега не ги задоволува базичните градежни и статични индикатори не ги исполнува и најверојатно ќе одиме со нов објект, но се уште не се знае крајниот резултат. Вториот момент зошто тоа таму е подобро, според експертите тој центар ќе биде регионален центар, кој ќе ги опслужи сите граѓани од Кичево до Демир Хисар, така што според таа демографија таму, во моментот и архитектонски не е соодветна моменталната градба, која е многу стара и треба многу инвестиции за да може да се оптимизира, со цел да можеме да ги нудиме тие сервиси.

Најавивте дека болницата во Кочани е во фокусот на вашето работење. Кои се вашите идни чекори за подобрување на условите за лекување и за кадровско зајакнување на оваа болница?

Јас од првите денови бев меѓу нашите граѓани таму, се видов и со професионалниот кадар, со медицински сестри, со технички кадар, со доктори, со специјалисти, анализиравме потреби кои се краткорочни, среднорочни и долгорочни. Дефинирани се тие потреби и таа инфраструктура. Имаме веќе активна работна група којашто се состои од неколку сегменти. Таа работна група се раководи од Министерство за здравство. Исто така разговараме со сите чинители кои помагаат со различни услуги таму, дел од нив со опрема, дел со здравствен кадар, со различен тип на услуги, со цел тие услуги да може да ги ставиме во рамка. Во таков случај, такви трагедии, насекаде во светот граѓаните сакаат да помагаат и тренд е во светот невладини организации помагаат со различен тип активности и услуги, но ако тоа не е контролирано може да произведе негативен ефект кон граѓанинот и кон повредените, во овој случај. Затоа, ние веднаш формиравме работна група, сега веќе имаме јасна цел и активности и долгорочна стратегија за Кочани, не само инфраструктурно за болницата, во која Владата инвестира таму, веќе се уредуваат некои просторни услови, со цел да можат докторите да имаат соодветен простор за процесирање по протокол на здравствени услуги. Исто така, и физикалната медицина, во оваа фаза ни е многу важна, затоа дел од над 350 квадрати, долу во подрумот на зградата на објектот веќе се реновира, буквално целата, со цел внатре да имаме соодветни услови за да може физикалните терапии соодветно да се процесираат.

Над 40 отсто од населението пуши и сме меѓу државите со најголем број пушачи. Имајќи предвид дека пушењето е штетно по здравјето, кои мерки ќе ги преземете за да се намали бројот на пушачи во државата?

За жал, така е, статистиките кажуваат дека над 46 проценти од возрасна популација мажи се пушачи и над 27 проценти возрасна популација жени се пушачи. Сите ги знаеме негативните ефекти од пушењето, тие не само што влијаат на здравјето на нашите граѓани, исто така анализите покажуваат дека влијаат и врз економијата и тоа од два аспекта. Првиот аспект е дека со нарушување на здравјето вие перформансите на работа ви се помали. Вториот момент е битен заради таа инфраструктура што треба да се креира, со цел пушачите да можат да ги купат, да ги консумираат, да може понатаму негативно да се одрази и во секојдневните активности.

Ќе добијат ли граѓаните клиники и болници според европски стандарди со модерни услови и врвна здравствена услуга?

Добро е да кажеме и звучи убаво да кажеме дека секој од нас посакува да има такво здравство и таква инфраструктура. Тоа не се прави за еден ден, затоа почнавме од темел, значи прво да се мапира целата ситуација, да се скенира, понатаму да се креираат политики, со цел да дојдеме до здравство посакувано од секој граѓанин. Една од можностите за да стигнеме побрзо до такво здравство е да ги фокусираме сервисите во регионални центри, со тоа ќе придонесеме кон инвестирање во тие центри, да бидат со соодветна технологија, инфраструктура и кадар, со цел да имаме европски здравствен систем. Од друга страна, не може да очекуваме дека за една, две до три години ние ќе имаме такво здравство. За жал, тоа на почеток што ме прашавте за недостиг на човечки ресурси, сега ние гледаме дека причините не се од денес, туку од пред десет, петнаесет, дваесет години, кога се креирало здравство базирано на политики и на историја, а не на податоци и на потреби. Тоа нема да го дозволиме, понатаму сите политики ќе бидат базирани на податоци и потреби, со цел такво здравство да имаме во иднина./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 3. октомври 2026 година

Дневен хороскоп за сабота, 3 октомври 2026 година. 

Дневен хороскоп за 3. октомври 2026 година

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Вашите емоции ќе испливаат на површина. Некои ќе се затекнат како излегуваат или ќе бидат поврзани со млади личности.

Кариера

Посебните задачи ќе ги решавате со својата креативност и уметнички талент . Ќе успеете во тоа.

Здравје

Уживајте во спортот или во уметноста.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе бидете задоволни со своите лични односи. Ќе се потрудите својата среќа да ја споделите со широк круг на луѓе.

Кариера

Во деловната кореспонденција ќе внесете од својот шарм , а љубезниот пристап ќе ви отвори бројни врати.

Здравје

Денеска знаете што сакате.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Колку и да се трудите за да го подобрите својот личен живот , денеска работите поврзани со него ќе ви излегуваат од контрола.

Кариера

Ќе покажете дека вашиот однос со надредените доста хаотичен. Како тука да се знае кој тука пие , а кој плаќа.

Здравје

Ќе водите војна со апетитот.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Кај вас денеска ќе се јави потреба за слобода , па оние мкои се во врска ќе сакаат малку да бидат сами или пак ќе одат во големо друштво.

Кариера

Ќе бидете многуз адоволни од изврпшените анализи или со резултатите од претходниот период. На тоа се надоврзуваат нови идеи.

Здравје

Помогнете му на член од семејството.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе сфаттите дека минувате низ еден доста фрустрирачки ден кога станува збор за љубовта. Едноставно издржете.

Кариера

Вашата потреба за да ги наметнете своите идеи ќе биде силна , но реалната состојба ќе биде таква што никој нема да ве сфати сериозно.

Здравје

Трпение, спасение.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Повеќето од вас ќе бидат расположени за раскажување бајки , ддодека реалната ситуација ќе биде поинаква. Не правете драма ако некој ве спушти на земја.

Кариера

Мали приходи ќе доцнат , а вие поради тоа ќе се чувствувате помалку сигурни. Сепак , контактите и натаму ви се добри.

Здравје

Не истражувајте премногу.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе бидете упорни во изразувањето на своите идеали. Некои би можеле да претерат со тоа. Одрекнете се од совршенството.

Кариера

На службено патување или на поголем состанок би можело да дојде до непрофесионално однесување .

Здравје

Прво смислете што ќе кажете , па потоа зборувајте.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Тешко дека нешто може да ја помати вашата среќа. Дури и малите семејни недоразбирања ќе ги решите со леснотија.

Кариера

Ќе најдете оригинален начин за да победите во малите битки .Вашата стратегија е за секоја пофалба.

Здравје

Не се напрегајте толку многу .

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Без оглед што не го наоѓате она задоволство во љубовта какво што очекувате , ќе успеете се за да свртите во насока на добра забава.

Кариера

Во соработката со другите ќе покажете како може да се работи поинаку , понеобично и пооригинално.

Здравје

Може да ве прогласат за генијалец на денот.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Повторно малку ќе загубите компас , а другата страна ќе се прашува што вие всушност сакате. Дефинирајте го својот став.

Кариера

Своите шефови денеска би можеле пријатно да ги изненадите со еден свој необичен финансиски предлог.

Здравје

Слушајте го својот внатрешен глас.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Многумина денеск ќе бидат маѓепсани , вљубени и она што не е типично за нив , ќе ја заборават реалноста. Но , ќе им биде убаво.

Кариера

Веројатно ќе ги анализирате резултатите од една работа и ќе заклучите дека тие би можеле да бидат подобри. Сепак , генерално , работите подобро.

Здравје

Немојте да бидете практични.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Во сегашните одлични лични односи денеска ќе внесете малку фантазија и така дополнително ќе ги подобрите. Некои ќе бидат навистина оригинални.

Кариера

Работата ќе ја одработувате со уживање и леснотија , а покрај сето тоа би можеле да предложите и некои сосема нови методи во работата.

Здравје

Силни сте и здрави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќерката на Никол Кидман го оствари сонот што го имала на 16 години: „Плачев од среќа“

Ќерката на Никол Кидман, Сандеј Роуз, преку социјалните мрежи се осврна на еден од најголемите моменти во нејзината досегашна кариера.

Ќерката на Никол Кидман го оствари сонот што го имала на 16 години: „Плачев од среќа“

Младата манекенка се присети како, пред само две години, го гледала настанот „Vogue World“ со својата мајка и сонувала еден ден и самата да учествува во него. Оваа година, таа желба се оствари.

„Дојдов во Париз со мајка ми пред две години и се сеќавам дека слушнав оти токму тој ден се одржува ’Vogue World‘. Се вратив во хотелот и го гледав преносот на YouTube – сите тие прекрасни жени, музиката и целиот спектакл. Во Милано сфатив дека оваа година и самата ќе учествувам во шоуто. Мојата 16-годишна верзија ќе плачеше од среќа, а плачев и јас сега, на 18 години. Имам огромна среќа што можам да доживеам вакви работи и да запознаам толку многу луѓе“, напиша Сандеј на Инстаграм.

Оваа 18-годишна девојка учествуваше на ревијата „Vogue World“ за време на Модната недела во Милано во септември. Таа се појави во полупроѕирен бел фустан со длабоко деколте, широки ракави и лелеава силуета. Фустанот беше украсен со нежен цветен вез.

Советот на Никол Кидман за нејзината ќерка

Во интервју за ноемвриското издание на „Vogue“, Никол откри како ги советува своите ќерки додека тие растат под будното око на јавноста. Кога ја прашаа за омразата на интернет, осудувањето и нападите, таа одговори: „Едноставно се вртиш и си заминуваш. Зашто тоа ќе те скрши. Ќе те уништи“.

„Тоа многу ме плаши. Но, јас почнав да работам на 14 години, така што и немам многу право на глас“, додаде таа. Сандеј претходно зборуваше за магазинот „Nylon“ за правилата што нејзината мајка ги поставила во врска со нејзината кариера.

„Постојат две важни правила“, рече таа. „Првото беше дека не можев да работам во модната индустрија сè додека не наполнив 16 години. Второто е дека училиштето секогаш мора да биде на прво место. На почетокот тоа го мразев, но всушност мило ми е што постојат тие правила, бидејќи ми помагаат да останам цврсто на земја.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фридрих Мерц е во сериозни проблеми

Само 10% од Германците изјавиле дека се задоволни од работата на канцеларот Фридрих Мерц – што претставува најниска бројка во последните речиси 30 години – според анкетата „Deutschlandtrend“, за што известува порталот „Interia“.

Фридрих Мерц е во сериозни проблеми

На почетокот на септември, 13% од испитаниците ја оценувале работата на Мерц позитивно. Оваа нова бројка го означува најниското ниво во текот на целиот негов мандат како канцелар.

Доколку изборите за Бундестагот се одржеле на преминот од септември кон октомври, блокот CDU/CSU би можел да смета на 20% од гласовите. Тоа е за еден процентен поен помалку отколку на почетокот на септември.

Крајно десничарската партија „Алтернатива за Германија“ (AfD) доби најголема поддршка во анкетата, со 27%; нејзиниот рејтинг остана непроменет во текот на месецот. Зелените би освоиле 16%, Социјалдемократската партија на Германија (SPD) 13%, а партијата „Левица“ (Die Linke) 11%. Со 4% од гласовите, Слободната демократска партија (FDP) не би го достигнала изборниот праг од пет проценти.

Што се однесува до членовите на владата, министерот за одбрана Борис Писториус (SPD) доби значително подобри оценки од канцеларот: 50% од учесниците во анкетата биле задоволни или многу задоволни од неговата работа. Работата на министерот за надворешни работи Јохан Вадефул позитивно ја оцениле 34% од испитаниците, додека работата на министерот за внатрешни работи Александар Добринд добила позитивна оценка од 27%. Околу 20% од испитаниците биле задоволни од работата на вицеканцеларот и министер за финансии Ларс Клингбајл, додека приближно еден од шест испитаници бил задоволен од работата на министерката за труд Бербел Бас. И двајцата се членови на „SPD“.

Анкетата била спроведена кон крајот на септември од страна на институтот „Infratest dimap“. Истражувањето било спроведено преку телефон и интернет, користејќи репрезентативен примерок од 1.303 гласачи со право на глас.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер