3Лозарите од тиквешијата годинава очекуваат намален род за најмалку 20%, не се задоволни од откупната цена
МакедонијаАлиу на средба со црногорскиот министер за здравјеУнапредување на билатералната соработка, со посебен фокус на јавното здравје и усогласувањето со европските стандарди.Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска во Министерството за здравство оствари официјална средба со делегација од Министерството за здравство на Црна Гора, предводена од министерот за здравје, Војислав Шимун. На средбата беше потврдена заедничката определба за натамошно унапредување на билатералната соработка, со посебен акцент на европските интегративни процеси. -Нашата држава има воспоставено традиционално добра и пријателска соработка со Црна Гора. На средбата со министерот за здравје на Црна Гора изразивме подготвеност за натамошно унапредување на билатералната соработка во сегментот на здравствените системи. Имавме содржајна и конструктивна размена на искуства поврзани со процесот на усогласување на националното законодавство со правото на Европската унија, како и со динамиката и методологијата на пристапните преговори. Посебно внимание посветивме на поглавјето 28 кое се однесува на јавното здравје, како еден од клучните сегменти во процесот на усогласување со европските стандарди, истакна министерот Алиу. На билатералната средба беше истакнато заедничкото учество во Здравствената мрежа на Југоисточна Европа, каде особено е значајна улогата на регионалниот центар за незаразни болести во Подгорица, како и регионалниот центар за јавноздравствени системи во Скопје. -Заедно со министерот за здравје на Црна Гора ги разгледавме можностите за натамошна размена на експерти и медицински кадар, соработка во делот на справување со незаразни болести, како и во насока на зајакнување на јавното здравство, дигитализација и размена на добри практики во здравството преку можностите за заеднички апликации во рамки на регионални и ЕУ програми, додаде Алиу. На средбата беше нагласена важноста од континуирана институционална соработка, со цел обезбедување одржливи и ефикасни реформи во здравствениот сектор, во насока на унапредување на квалитетот на здравствената заштита и зајакнување на јавното здравје, во согласност со принципите и вредностите на Европската унија. Министерот за здравје на Црна Гора, Војислав Шимун, на средбата го сподели црногорското искуство во пристапниот процес кон Европската унија, со посебен осврт на поглавјето 28, кое се однесува на јавното здравје и чиј процес, како што посочи, е значително интензивиран и се наоѓа во завршна фаза на затворање. Тој информираше и за учеството на Црна Гора во програмата EU4Health, при што ги презентираше проектите за кои земјата добила поддршка, изразувајќи подготвеност овие искуства да ги сподели, особено во делот на дигитализацијата на здравствениот систем и користење на европските механизми за поддршка на реформите во здравството.Тагови: Азир Алиу Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВо Грција и натаму беснее опасна огнената стихијаВо Грција и натаму беснее опасна огнената стихија. Пожарникарските служби водат тешка битка со десетици шумски пожари, а најкритична останува состојбата во регионот Атика.Во Грција и натаму беснее опасна огнената стихија. Пожарникарските служби водат тешка битка со десетици шумски пожари, а најкритична останува состојбата во регионот Атика, каде еден од пожарите се доближи на само неколку километри од градот Мегара, кој е лоциран околу 50 километри западно од Атина. Градоначалникот ја оцени состојбата како хаотична, додека жителите на повеќе населени места добија предупредувачки пораки за евакуација. Во гаснењето на пожарите се ангажирани стотици припадници на службите за итни интервенции, меѓу кои и пожарникари од Романија и Франција. Само во областа Порто Гермено се распоредени речиси 500 пожарникари, а дополнителни околу 100 интервенираат на северот од Пелопонез. Според грчката противпожарна служба, низ земјата се регистрирани 73 шумски пожари, од кои 51 избувнале во еден ден. -Не знам. Пожарите се активни многу денови. Овде има црква, а изутринава видов на телевизија дека областа ја зафатила пожар. Пожарите се на 1 км далечина од овде. Фрустриран сум. Ми изгореа маслиновите дрва овде, а пожарот се уште е активен,- Тасос Ѕемпеликос - Локалец. Првичните проценки покажуваат дека од почетокот на пожарите во Грција изгореле повеќе од 10 илјади хектари шума, како и куќи, штали и земјоделски површини. Како можна причина за големиот пожар кај Мегара се посочуваат небрижност на локалното население а во врска со случајот приведени се две лица. -Пожарот е активен од вчера доцна вечерта. Очигледно е дека не може сегде да има пожарникари. Ние како локално население правиме се што можеме да помогнеме. Се мобилизиравме и на своите поседи го чиниме истото, да видиме дали е изгорено. Дали нешто е потребно да направиме до еден км од овде,- -Манолис Далас - Жител од регионот на Атика. Трагедијата дополнително ја засени операцијата за гаснење откако кај Псата, западно од Атина, се судрија два противпожарни хеликоптери од типот „Бел“. Во несреќата загинаа дански пилот и грчки координатор, додека британскиот пилот и неговиот грчки колега беа повредени. По налог на обвинителството, полицијата спроведува истрага за причините за судирот. Со ова, бројот на жртви поврзани со пожарите во Грција се искачи на пет, откако претходно животот го загубија и тројца пожарникари. Со големи пожари деновиве се соочува и поширокиот регион на јужна Европа. Високите температури, долготрајната суша и силните ветрови ја отежнуваат работата на пожарникарите во Франција и Шпанија, каде службите остануваат во состојба на висока подготвеност поради зголемениот ризик од нови огнени жаришта.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОколу 50 тони небезбедна храна открила АХВ во првата половина од годинатаРечиси педесет тони небезбедна храна уништиле или вратиле инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство.Најчеста причина за заплена на небезбедната храна биле изминат рок на употреба, непознато потекло, нерегистрирани оператори.. Повеќе од Елизабета Дамјановска Спасеноска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕпидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МакедонијаЛозарите од тиквешијата годинава очекуваат намален род за најмалку 20%, не се задоволни од откупната ценаЛозарите од тиквешијата годинава очекуваат намален род за најмалку 20% во однос на лани заради пролетните оштетувања на родот од мрзнењата како и од летните горештини Лозарите од тиквешијата годинава очекуваат намален род за најмалку 20% во однос на лани заради пролетните оштетувања на родот од мрзнењата како и од летните горештини и неможноста да се обезбеди доволно наводнување за сите лозови површини. На три недели пред почетоко на бербите тие укажуваат дека откупните цени кои се најавени за годинава дека ќе бидат за половина денар повисоки за врнацот како најзастена црна сорта и денар повеќе за смедерваката ни од далеку не ги покриваата трошоците кои ги имаат направено. Лозарите укажуваат дека по брзана постапка мора да се измени законот за вино кој на винариите им дава можност ако исплатат веднаш да им ја намалат за 8% откупната цена на грозјето, законска дупка што многу се злоупотребуваше лани кога сите се исплаќаа по пониски цени и не им се даваше можност на лозарите за избор на исплата во целост на рати. Очекуваат и изнаоѓање на решение за откуп на црното грозје за кое винариите уште од лани укажуваат дека има намелен интерес за продажба и имаат залихи па не планираат да откупат многу годинава. За ова недомна според Серафимовски неодамна имало средба а владата излезе со информација дека со пренамена ќе се овозможат финансии со 1% фиксна камата и ти месеци грејс период наменски за откуп на црно грозје и оризова арпа како најпроблематични. Во пелагониско пак жетвата на пченицата за неколку дена финишира и таму големи проблеми имаат со ниските откупни цени. Според пелагониските сточари проблемот со млекарниците не е решен бидејќи дел од нив продолжуваат да им ги намалуваат откупните цена на суровото млеко . Заради многуте насобрани проблеми националнаат земјоделска мрежа упатила барање до новиот министер за земјдеолство Серафимовски за средба во најголемата житница пелагонија за преку дијалог да се најдат решенија за проблемите кои ги мачат земјдоелците. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook