Алиу: Ќе градиме систем базиран на пет столбa кои ќе го трансфорираат здравството - Канал 5

Алиу: Ќе градиме систем базиран на пет столбa кои ќе го трансфорираат здравството

Ќе градиме систем базиран на пет столбa кои ќе го трансфорираат здравството во стабилен и политички независен здравствен систем.

Алиу: Ќе градиме систем базиран на пет столбa кои ќе го трансфорираат здравството

Новиот министер за здраство Азир Алиу на денешната прес – конференција во Влада рече дека ќе се заложи за здравствен систем базиран на пет столба кои ќе го трансформираат здравството во поправеден и поефикасен сервис за граѓаните.

Алиу посочи дека ќе се фокусира неколку клучни насоки и тоа спроведување на програмата 2024 – 2028, решавање на наталожените проблеми од изминатите години и воспоставување нова култура на стратешко и долгорочно планирање во Министерството со акцент на Националните стратегии како суштински документ, со цел, како што посочи да се изгради стабилен, политички независен здравствен систем.

- За да ги реализираме овие цели ќе градиме систем базиран на пет столба што ќе го трансфорираат здравсвото во поправееден и поефикасен сервис за граѓаните. Ќе изградиме мапа на здравствени потреби по региони и по општини што ќе покаже каде недостигат здравствени работници опрема или функционални центри. Вториот столб - транспарентност и отчетност во здравтсвнеите услуги, ќе креираме платформа за следење на перформансите на здраствениот ситем, секој граѓанин ќе има можност да види каде се третира побрзо каде резултатите се најдобри и каде има потреба од унапредување. Третиот столб е професионален развој и зајакнување на човечките ресурси, секојдневно ќе го зајакнуваме обучувањето на лекарите и медицинските сестри, и јасно ќе ги разграничиме клиничките од менаџерските услуги. Четвртиот столб е одржливо финанисирање и фокус на превенција. Ќе го напуштиме слепото финансирање, болниците ќе бидат поддржани според популацијата што ја покриваат и резултатите што се постигнуваат ќе ги следиме во реално време, и дигитализација – која подразбира и поврзување со ЕУ здравствениот систем, рече Алиу.

Тој ја најави Националната програма насловена „Порано подобро, превенцијата почнува со тебе“, со која секој граѓанин оваа програма преттставува покана за грижа и одговорност за сопственот здравје“ за која тој рече дека целта на прогрмата е да се откријаат навремено болестите и да се избегнат сериозни компликации секој граѓанин над 40 години.

Најави национална програма „Порано подобро – превенцијата започнува со тебе“, со која секој граѓанин којшто има над 40 години ќе има право на бесплатни прегледи за рано откривање дијабетес, кардиоваскуларни заболувања , хипертензија и други. Истакна дека ова ќе се спроведе на тој начин што ќе има онлајн платформа на којашто граѓаните ќе можат да се пријавуваат.

Алиу воедно рече дека Кочани е во фокус на неговото работење и најави дека утре ќе оствари средба со директорката на болницата во Кочани а во наредните денови и со граѓаните во Кочани со цел да ги увиди нивните реални потреби.

-Дефинтивно Кочани ни е во фокус има работна група во Влада, исто така и ние имаме работна група во Министерството ние овие денови ќе бидеме во Кочани нема да одиме на средби со новинари, туку одиме да се видиме со граѓаните и лично да ни кажат кои се нивните потреби. Утре имам и средба со диркеотрката на болницата во Кочани затоа ќе почнам од таму. Од прв ден видов дека како Министерство немаме работна група за менаџирање со кризни ситуации и веднаш креирав активности за тоа да се случи и ќе видите дека наскоро за месец дена ќе имаме работни групи за сите можни катастрофи - дали природни или предизвикани од човечки фактор, рече Алиу.

Во однос на петтиот, односно последниот столб министерот оцени дека е централен и многу важен столб.

-Петтиот столб кој е централен во здравствениот систем е столбот за дигитализација е во сржта на секоја промена во која ја поставуваме технологијата како цел. Градиме целосен систем на електронско здравство, вклучувајќи електронска здравствена картичка, дигитални рецепти и упатувања како и платформи за ефикасно поврзување на пациентите со лекарите, изјави Алиу.

Додаде дека ќе бидат воведени меѓународни стандарди се со цел да се овозможи во иднина интеграција со европската мрежа.

Новиот министер за здравство исто така најави брифинзи со новинари секоја среда, а секоја недела прес-конференции на кои ќе ги најавува следните активности.

Во однос на обвинувањата од неговиот претходник Арбен Таравари дека не е лекар а ќе извршува функција на министер за здравство, Алиу истакна дека без разлика што не е лекар, може да придонесе во развој на здравствениот систем, бидејќи како што рече, „јас нема да оперирам срце, туку ќе креирам систем во кој лекарите ќе можат да прават операција на срце“, со соодветни материјали, апаратура и простории.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Родители од пеколот: Ја силувале својата 11 годишна ќерка, па му ја дале на постар маж од БиХ да ја силува за да го исплатат долгот

Брачен пар од Рот ам Зе (округ Швебис Хол) во Германија е осуден на долги затворски казни од Регионалниот суд во Елванген за сериозно сексуално злоставување и силување на сопствената ќерка.

Родители од пеколот: Ја силувале својата 11 годишна ќерка, па му ја дале на постар маж од БиХ да ја силува за да го исплатат долгот

Судскиот совет го осуди 45-годишниот татко на 11 години и шест месеци затвор, додека неговата 41-годишна сопруга доби казна од девет години и шест месеци, пишува Nezavisne.com.

Во овој случај учествувал и нивниот семеен пријател, 54-годишен маж со двојно државјанство на Босна и Херцеговина и Хрватска, кој моментално е во бегство. По него е издадена меѓународна потерница. Според обвинението, германскиот пар му ја дал својата ќерка на овој маж, третирајќи ја како предмет на сексуална експлоатација.

Девојчето ѝ се доверило на својата наставничка

Според обвинението, родителите постојано ја принудувале нивната тогаш 11-годишна ќерка на сексуални односи во период од повеќе од една година. Подоцна, се сомнева дека нивниот семеен пријател, по потекло од Босна и Херцеговина, кој има и хрватско државјанство, исто така се придружил на злоставувањето.

Во обвинението се наведува и дека родителите му се заканувале на девојчето со електрошокови за да ја принудат да молчи. Истражителите се сомневаат дека таткото имал значителни долгови кон 54-годишниот познаник.

Случајот стана јавен откако девојчето ѝ кажала на својата наставничка за сè, која веднаш ја известила надлежната служба за заштита на деца и млади, која од февруари се грижи за девојчето, кое сега има 13 години. За време на судската постапка, родителите го искористиле своето право да не презентираат одбрана.

Контроверзната судска одлука предизвика вџашеност

За време на постапката, одлуката на судечкиот совет да ги ослободи обвинетите од притвор во јули привлече особено внимание. Во тоа време, судот процени дека нема доволно основа за итно сомневање дека сториле кривични дела, што е еден од условите за наредба за притвор.

Портпаролот на судот објасни дека во тој момент постоела можност обвинетите да бидат осудени, но дека нивната вина сè уште не била сигурна. Девојчето сè уште не било сослушано, а бидејќи родителите одбиле да се изјаснат за обвиненијата, судот се нашол во ситуација каде што имало две спротивставени верзии за настаните.

Сепак, Вишиот регионален суд во Штутгарт не се согласил со оваа проценка. Во август, повторно ја активираше потерницата за таткото и семејниот пријател. Сепак, дотогаш веќе беше предоцна да се спречи бегството на 54-годишникот, кој го искористил периодот на слобода за да ја напушти земјата.

Според властите, бегалецот најверојатно е некаде во Источна Европа. Портпаролот на судот потврди дека мажот, покрај хрватското, има и државјанство на Босна и Херцеговина, што би можело да го комплицира процесот на екстрадиција.

Таткото веќе бил осудуван

Судскиот совет ги отфрли тврдењата дека имало сериозна грешка во правдата за време на постапката. Судот рече дека одлуките се донесени врз основа на доказите и информациите што им биле достапни во тоа време.

Таткото веќе отслужувал затворска казна во Северна Рајна-Вестфалија за обид за измама. Претходно бил осуден и за дистрибуција на порнографски материјал.

За разлика од него, мајката била уапсена дури минатата недела. Една од клучните причини за проценката дека постои ризик од нејзино бегство беше психолошката експертска проценка на сведочењето на девојчето, која судот ја оцени како особено значајна.

Во случаите на сексуална злоупотреба, експертската анализа на сведочењето на жртвата игра важна улога во утврдувањето на фактите и донесувањето судска одлука. За време на сослушувањето, 13-годишното девојче го даде своето сведочење за насилството што го претрпела преку видео-снимка. Снимката, како и наодите и мислењето на вештакот, беа дискутирани на затворена седница, без присуство на јавноста.

Сомнителни финансиски трансакции на двојката

Дополнително, против мајката се води посебна постапка поради сомнение за злоупотреба на хуманитарни донации. Според истрагата, таа собрала пари преку платформата GoFundMe, презентирајќи им лажни информации на донаторите.

Надлежните органи истражуваат и сомнителни финансиски трансакции на банкарските сметки на двојката. Банките пријавиле сомневања за можно перење пари до надлежните институции. Според досегашните сознанија на истражителите, 54-годишен маж кој е во бегство бил исто така вмешан во спорните финансиски трансакции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пијан ракун, кој го насмеа светот, помогна да се соберат 290.000 долари (ВИДЕО)

Ракун кој минатата година провалил во продавница за алкохол во американската држава Вирџинија, испил неколку шишиња алкохол и заспал покрај тоалетот, му помогнал на локалното засолниште за животни.

Пијан ракун, кој го насмеа светот, помогна да се соберат 290.000 долари (ВИДЕО)

Ракун кој минатата година провалил во продавница за алкохол во американската држава Вирџинија, испил неколку шишиња алкохол и заспал покрај тоалетот, му помогнал на локалното засолниште за животни да собере повеќе од 290.000 долари, објави Засолништето за животни во округот Хановер, објави АП.

Ракунот стана глобална медиумска сензација откако менаџерот на продавницата го пронашол во несвест покрај тоалетот неколку часа по провалата.

YouTube video

Засолништето купува камери

Животното се опоравило и било пуштено во дивината, на околу една милја од продавницата во Ашланд.

Неговата авантура инспирирала скеч во емисијата „Saturday Night Live“, а Засолништето за животни во округот Хановер ја искористило неговата популарност за да собере пари со продажба на маици, дуксери со качулки, капи, шолји и налепници со зашеметениот ракун.

Производите го носат слоганот „Wacky Panda“, додека се создадени тематски колекции за лето и Ноќта на вештерките.

Директорот за заштита на животните во округот Хановер, Џефри Паркер, рече дека собраниот износ е многу пати поголем од вообичаените годишни донации на засолништето, кои обично не надминуваат 20.000 долари.

Дел од парите ќе бидат искористени за купување камери за тело што ги носат осум службеници за заштита на животните.

Камерите ќе им овозможат да собираат докази во случаи на злоупотреба на животни, како и да ги документираат постапките на службениците за време на интервенциите.

YouTube video

Проба алкохол од повеќе шишиња

Локалната самоуправа едногласно го одобри купувањето на камерите на 28 октомври, а се очекува службениците да почнат да ги користат околу јануари.

Паркер рече дека сака дел од преостанатите пари да се издвојат за фонд за финансирање на третманот на повредени животни пронајдени за време на интервенциите.

„Не знам кога некогаш сме му должеле на животно толку голема благодарност како што му должиме на овој ракун“, рече членката на локалната самоуправа Феј Причард.

Ракунот се скрши и веројатно вкусил алкохол од неколку шишиња во продавницата, вклучувајќи рум, виски, вотка и други жестоки пијалоци.

Откако беше пуштен во дивината минатиот ноември, контролата на животните не добила ниту еден извештај за друга провала на ракун, рече Паркер, изразувајќи надеж дека животното сега живее мирен живот.

Продажбата на сувенири сè уште е во тек, а за да се одбележи годишнината од необичната провала, во продажба се појавија нови маички со слоганот: „Една лоша ноќ. Многу добри дела“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран откри што планира со збогатениот ураниум- на Трамп нема да му се допадне

Иран нема да дозволи ниту една честичка збогатен нуклеарен материјал да ја напушти земјата, а во случај на нови напади на САД врз Исламската Република, ќе има последици, изјави шефот на иранската безбедност Мохсен Резаи во телевизиско обраќање.

Иран откри што планира со збогатениот ураниум- на Трамп нема да му се допадне

Резаи зборуваше за либанската телевизиска станица Ал Мајадин, која е блиску до Иран, откако американските претставници ја намалија потребата од дополнителни воени дејствија против Иран.

Аналитичарите посочија на помирувачкиот тон на американскиот претседател Доналд Трамп по поразот на републиканците на изборите за Конгресот во САД одржани на 3 ноември.

Резаи рече дека во моментов нема преговори меѓу Техеран и Вашингтон.

„Ќе одговориме на секој нов напад на САД со таргетирање на американските бази далеку од нас“, рече тој.

Врховниот лидер на Иран издаде директива со која наредува иранскиот ураниум збогатен на нивоа блиски до оние потребни за производство на нуклеарно оружје да не може да се испраќа во странство, изјавија двајца високи ирански претставници во мај.

„Ни треба збогатен материјал за дизајнирање бродови и подморници на нуклеарен погон“, рече Резаи, додавајќи дека Техеран ја информирал Москва дека неговиот збогатен нуклеарен материјал ќе остане во земјата и „ќе го користиме ние самите“.

Русија претходно понуди да зема збогатен ураниум од Иран како дел од потенцијален договор за ублажување на загриженоста на САД, но рече дека Техеран е тој што треба да одлучи дали да го отстрани од земјата.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) проценува дека Иран имал 440,9 килограми ураниум збогатен до 60 проценти - ниво далеку над она што било потребно за цивилна употреба кога Израел и САД ги нападнаа иранските нуклеарни објекти во јуни 2025 година. Не е познато колку од тој материјал ги преживеал нападите.

Израел, САД и другите западни земји долго време го обвинуваат Иран дека се обидува да произведе нуклеарно оружје. Иран ги негира обвинувањата.

Вашингтон изјави дека нуклеарните прашања мора да бидат дел од сите почетни разговори со Иран насочени кон прекин на војната меѓу двете земји. Иран достави нуклеарен предлог до САД, преку Катар, кој ќе се дискутира дури откако Вашингтон ќе исполни седум барања што ги постави Техеран, изјави висок ирански функционер за Ројтерс минатата недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер