Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови - Канал 5

Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови

 Министерот за здравство Азир Алиу, на денешната прес-конференција најави дека ќе се дисперзираат базичните услуги за онколошките пациенти низ државава, онаму каде што и со закон можат да се дозволат.

Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови

-Ќе ги дисперзираме услугите, тие што се базични и што можат со закон да се дозволуваат ќе бидат достапни за граѓаните за најблиску каде што живеат. Но, од друга страна, мора да бидеме сигурни дека тие лекови што треба да ги примаат, да бидат чувани во соодветни услови, така што целата програма ќе има услови за следење, односно трекинг систем, рече Алиу.

Вели дека како министер за здравство, се срами од инфраструктурните услови на Клиниката за онкологија.

-За жал, лично ја видов сликата таму, ако влезете во чекална на Онкологија тоа личи на се, само не на Клиника која треба да која треба да лекува такви пациенти. Прво што најавувам е креирање на достоинствени услови за чекалните, бидејќи таму нема ниту столчиња за седење. И треба да се срамиме сите и јас како министер за здравство со таква инфраструктура, нагласи Алиу.

Во однос на недостигот на таблетарната хормонска терапија за онколошките пациенти и до каде е процедурата, рече дека решението е шест месеци пред истекот на договорот со постоечкиот тендер и компанија, секоја клиника да мора да го отвори и да го затвори тој процес.

-За жал процедурите се такви во државата што ако нешто се случува во процесот на тендерирање ќе треба да се чека и ова ни беше една од точките како може да се надмине овој проблем и најдовме решение, решението е да може шест месеци пред истекот на договорот со постоечкиот тендер и компанија, да мора секоја клиника секоја институција да го отвори и да го затвори тој процес. Што ќе се случи, ако случајно во тој период заради еве како што ни се случи сега, заради икс причини, правни, или човечки или други фактори, да имаме време да се отвори уште еднаш тендерот и да не се појави тој недостиг на лекови кај пациентите, така да гледате дека лесно можат да се решаваат проблемите, само треба работа и воља, рече Алиу.

Во однос на договорците на дело, рече дека имал средба со директори на клиники на која било посочено дека сите се соочуваат со предизвици во однос на човековиот фактор - недостиг на кадар, на лекари, на медицински сестри, и на техничари.

-Тие што работат со години нормално дека треба да имаат решен статус, додека за другите ќе отвараме процедури, но за тоа нормално ќе ни треба време, заедно со министерката за финансии, да го видиме и аспектот на финансии и на поддршка, рече Алиу, одговарајќи на новинарски прашања.

Во врска со случајот со гинекологот кој правел бесплатен ПАП тест на пациентка на друго име, рече дека сигурно тоа не е единствен пример и решението го гледа во дигитализација.

-Тоа е жално, јас мислам дека тоа не е е ниту единствен случај јас од првиот ден се заложив еве ќе видите секоја недела ќе зборувам за дигитализација - без диготализација општеството ќе тоне, вториот момент е намалување на човечкиот фактор. Во тој случај, замислете да имавме таков дигитален систем којшто секој лекар во систем ќе стави дека се процесира некоја интервенција автоматски на смс ќе му стигне порака за тој термин. Тогаш пациентот за тој несовесен доктор, ќе беше информиран во реално време, и ќе знаеше дека е дома додека на смс добива порака дека е на лекар. И тогаш некој доктор ако сака да злоупотреби системот тоа нема да му го дозволи, истакна Алиу.

Во однос на новиот Клинички центар што го најави премиерот Христијан Мицкоски, министерот истакна дека најпрво ќе се работи на мапирање.

-Во оваа фаза знаете дека со договорот со Велика Британија ние како Министерство за здравство имаме една милијарда евра за инфраструктирни проекти. Освен тоа, имаме и други фондови кои во моментот ги анализираме, инфраструктурно ние мора да се екипираме затоа една од работите што веќе ќе ги почнеме од понеделник е мапирање - биедеки не е само Клинички центар, туку и во другите градови имаме инфрасруктура која не е достојна за таков сервис за граѓаните, така то ќе имаме јасна слика која ќе биде јавно достапна и ќе има портал со мапирана инфраструктура, рече Алиу.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл.

Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени.

Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата.

На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“.

„Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата.

На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август.

Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден.

„Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“.

За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби.

Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“.

„Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање.

„Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. 

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ.

Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра.

Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи.

Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови.

„Сите опции се отворени“

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат.

„Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој.

Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој.

Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина.

Беше во брак со Клое Кардашијан

Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус.

Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24).

Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3.

Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен.

Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето.

Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер