2Сиљановска-Давкова денеска во Брисел ќе учествува на самитот за проширување на европската унија 2026
МакедонијаАлиу: Фокусирани сме на унапредување на условите во педијатриските оддели, модернизација со набавка на нова медицинска опрема и јакнење на човечките ресурси Министерот за здравство, Азир Алиу, се обрати на отворањето на четвртата балканска школа на педијатрите - настан кој претставува вистинска платформа за знаење, соработка и професионален развој - велат од Министерството за здравство.- Педијатријата, како една од најхуманите и најодговорни гранки на медицината, има клучна улога во градењето здрави генерации. Грижата за најмладите не е само медицинска обврска, туку и општествена одговорност од највисок приоритет. Токму затоа Министерството за здравство континуирано вложува напори во унапредување на педијатриската здравствена заштита - истакнал министерот Алиу во обраќањето на балканската штола на педијатрите. Во таа насока, додал тој, фокусирани се на унапредување на условите во педијатриските оддели, модернизација преку набавка на нова медицинска опрема, како и јакнење на човечките ресурси. - Свесни сме дека без стручен и мотивиран кадар нема одржлив здравствен систем. Како дел од овие заложби, преку програмата за специјализации и супспецијализации, во изминатиот период преземаме конкретни чекори за надополнување на кадарот. Изминатата година одобрени се 17 специјализации по педијатрија за јавните здравствени установи, а дополнително се преземени и вработени 15 приватни специјализанти, од кои некои се ангажирани на Универзитетската клиника за педијатрија. Со тоа директно придонесуваме кон намалување на дефицитот и зајакнување на системот - потенцирал министерот Алиу во обраќањето. Тој посочил дека оваа школа е од исклучително значење бидејќи овозможува размена на искуства и знаења меѓу домашни и меѓународни експерти, а присуството на еминентни предавачи од земјата и од светски рамки дава дополнителна вредност и потврдува дека сме дел од современите текови во медицината.Тагови: Азир Алиу Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЗапален автомобилот на познат српски пејач Запален е џипот Ауди на популарниот српски пејач Урош Живковиќ . Жителите на населбата Чукарица во Белград ги разбудила силна експлозија, луксузниот автомобил е скоро целиот уништен во пожарот. .Пожарот во кој изгоре скап автомобил „Ауди Q8“, сопственост на познатиот пејач Урош Живковиќ, избувна рано утринава, околу 4 часот, во белградската населба Чукарица. Жителите на околните згради беа разбудени среде ноќ од силен тресок, сличен на експлозија, по што низ прозорците видоа пламен што го зафати луксузниот џип. Се сомнева дека пожарот е подметнат. Двајца непознати мажи му пришле на паркираното возило, истуриле запалива течност врз него, по што автомобилот веднаш пламнал. Напаѓачите со молскавична брзина побегнале од местото на настанот во непознат правец. Пожарникарите-спасувачи брзо пристигнаа на местото на настанот, го изгаснаа пожарот и спречија негово ширење кон околните возила. За среќа, во овој инцидент немаше повредени, но возилото претрпе сериозни оштетувања.Тагови: пожар Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМисајловски: Јануарската плата на војската ќе биде зголемена за 10 процентиЈануарската плата ќе биде зголемена за 10 проценти ова утринава го најави министерот за одбрана Владо Мисајловски. Кој се обрати на прес-конференција посветена на покачувањето на платите во Армијата и одбраната од почетокот на следната година. На конференцијата присуствуваа и претставници на синдикатите во одбраната и армијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пица со шункаВо вторник (27.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Павлина Горгиева.Состојки за денешниот рецепт: 1 готово тесто за пица 100 гр. доматен сос 150 гр. шунка 150 гр. кашкавал 150 гр. печурки 50 гр. маслинки без семка малку оригано и др. зачини по избор. Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook