ЗдравјеАлиу: Дисперзијата на онкологија започнува со амбулантски пристапОнкологија се дисперзира, првично само со терапии што можат да се дадат амбулантски, но планот е пациентите од внатрешноста да можат да примаат и хемо и биолошка терапија поблизу до дома Онкологија се дисперзира, првично само со терапии што можат да се дадат амбулантски, но планот е пациентите од внатрешноста да можат да примаат и хемо и биолошка терапија поблизу до дома и да не треба да патуваат до Скопје, вели Министерот за здравство Азир Алиу. Без да прецизира кога поточно ќе им се олесни пристапот до хемотерапија на болните со канцер кои не живеат во метрополата, Алиу кажа дека освен во ГОБ во Скопје каде се чека уште една дозвола, онколошка амбуланта веќе има во Битола, а ваков пристап во првичка фаза е планиран и за Тетово и Штип. Бидејќи во битолската болница чекаат протокол од Министерството за здравство за да почнат со постапките за во иднина да можат да даваат хемотерапија таму, Алиу вели дека тој е готов и лично ќе оди да се информира за процесот. Директорот на Фондот Сашо Клековски, потсети дека со двата лека за рак на дојка кои сега можат да се подигнат од било која аптека, се олеснило на 2500 пациенти, а се намалил притисокот и гужвите на Клиниката. Најави дека наскоро ќе има вакво олеснување и со дел од биолошката терапија. Тагови: Клиниката за онкологија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНа Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 часСообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира утрово Авто мото сојузот на Македонија.АМСМ информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез, времето на чекање е околу 30 минути до 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Граѓани на социјалните мрежи тврдат дека утрово помеѓу два и три часа се потребни за да ги минете двете пасошки контроли кон Грција на граничните премини Богородица и Дојран. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МакедонијаСДСМ: Мицкоски со пионот на Вучиќ прави енергетски договорНајпосле Христијан Мицкоски ќе го легализира својот бизнис со струја.Како? Со Вучиќ. Вчера Мицкоски се сретна со Ѓуро Мацут - човекот кого само Вучиќ го нарекува премиер, на неочекувана посета, иако Мацут во Охрид се чувствува како дома. Целта: да ја официјализира соработката меѓу СНС и криминалната организација ВМРО. Со Душан Адамовиќ, високиот член на СНС, почесен конзул на Македонија, Мицкоски веќе има соработка, офшор фирми за продажба на електрична енергија. Сега со Мацут тоа ќе го официјализираат. Оваа балканска организирана криминална група, под водство на Вучиќ, а во Македонија под водство на Мицкоски, сега ќе ја легализира и продажбата на струја преку своите структури. Вучиќ ја легализираше корупцијата преку Експо 2027. Мицкоски тоа сака да го направи преку Скопје 2028. Кога ќе го завршат - криминалот и корупцијата ќе бидат легитимни. Повеќе нема да мораат ниту да се мачат со тендери, па ДКСК и Обвинителството да ги бранат. Кога ќе го изгласаат законот - парите и провизиите ќе одат директно во џеб. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураКвартет „Сигнум“-индивидуална харизма споена во заедничко музицирањеЧетворицата извонредни саксофонисти Михал Кнот, Јакопо Тадеи, Алан Лужар и Едоардо Зоти, обединети во квартетот „Сигнум“ беа вистинско летно освежување на „Охридско лето“ со својот концерт што го одржаа вчеравечер во црквата „Света Софија“.Преку нивните импресивни виртуозни вештини публиката уживаше во музика од Хенри Персел, еден од најзначајните англиски композитори од епохата на средниот барок. Магичната вечер продолжи со гудачки квартет од Антони Дворжак аранжиран за квартет саксофони од страна на „Сигнум“, а заврши со двајцата великани во американската уметност, Џорџ Гершвиш и Леонард Бернштајн. Тенор саксофонот Алан Лужар потсети дека овој ансамбл биле дел од програмата на „Охридско лето“ во 2015 година. -Многу се радуваме што по толку години повторно се враќаме во Охрид. Овде се чувствуваме прекрасно и драго ни е што ја делиме музиката со публиката. Квартетот саксофони е формиран пред 15 години, едноставно во студентските денови. Светот на саксофонистите е мал и така се запознавме. Свириме од 60 до 70 концерти годишно на сите континенти, рече Лужар. Стилот што го негуваат како квартет „Сигнум“ претставува еден вид спој на повеќе жанри, со особена посветеност на музиката оригинално напишана за гудачки квартет, но и со афинитет кон рок- класиците на модерното време. Веќе од првите тонови на нивната изведба, овие музичари започнуваат со вистински „огномет“, кој надополнет со емоции и постојана љубопитност да се преминуваат границите на музиката, прави тие да создаваат необично и уникатно ансамблово музицирање. Без разлика дали станува збор за оригинални композиции напишани за квартет саксофони или пак аранжмани на оркестарски дела, барокни композиции или рок-музика – љубовта со која „Сигнум“ им пристапува прави да можат убедливо да изведуваат музика од сите епохи и жанрови. Честопати се вели дека е тешко со зборови да се опише нивното мајсторско свирење – единствен начин е тоа да се доживее при изведбата во живо.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter