Алиу: Болницата во Струмица е дел од поширокиот план за посилни регионални здравствени капацитети - Канал 5

Алиу: Болницата во Струмица е дел од поширокиот план за посилни регионални здравствени капацитети

Во одговорот на пратеничкото прашање, тој ја спомена и дигитализацијата како еден од клучните процеси за модернизација на здравствениот систем.

Алиу: Болницата во Струмица е дел од поширокиот план за посилни регионални здравствени капацитети

„Во однос на струмичкиот регион, компјутерскиот томограф од наредната недела ќе биде инсталиран согласно сите стандарди, а граѓаните од овој регион ќе можат да ја користат оваа дијагностичка услуга“, истакна министерот за здравство, Азир Алиу, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието за состојбите со болницата во Струмица.

Осврнувајќи се на конкретните состојби во струмичката болница, министерот Алиу напомена дека установата била затекната со значителни финансиски обврски, но дека преку подобро управување веќе се постигнати конкретни резултати.

„Болницата во Струмица ја наследивме со над 100 милиони денари долгови. Денес, со добро менаџирање на таа институција, долгот веќе се намалува за 20 милиони денари. Продолжуваме да ја реорганизираме буџетската линија и функционалностите во таа болница“, образложи министерот Алиу и додаде дека во болницата е реконструиран цел оддел, кој е во фаза на технички прием и наскоро ќе биде ставен во функција за граѓаните.

Тој рече дека струмичката болница е дел од поширокиот процес на зајакнување на регионалните здравствени капацитети, со цел граѓаните да добиваат поквалитетни и подостапни услуги поблиску до местото на живеење. Притоа, нагласувајќи дека Министерството за здравство работи врз основа на функционални анализи за секој регион, според демографијата, потребите на пациентите, расположливите здравствени услуги и човечките капацитети.

Во таа насока, министерот Алиу се осврна на примерот со Битола, каде што онколошкиот центар има значаен потенцијал за регионална достапност на услуги.

„Во Битола онколошкиот центар е еден од најмодерните, но за жал, во минатото не е инвестирано доволно во технологии. Таму имаме двајца онколози и работиме заедно со Клиниката за радиотерапија и онкологија за онколошките услуги да бидат достапни за граѓаните од тој регион“, рече министерот Алиу.

Тој потсети и на големиот инвестициски циклус што ќе следува во здравствената инфраструктура во Штип, Кичево и Тетово.

„Со Владата имаме план да се инвестираат 205 милиони евра во Штип, Кичево и Тетово. Од аспект на инфраструктурата, здравството нема да изгледа како досега и ќе има реален пристап во согласност со здравствените услуги“, рече министерот Алиу.

Во одговорот на пратеничкото прашање, тој ја спомена и дигитализацијата како еден од клучните процеси за модернизација на здравствениот систем.

„Од аспект на дигитализација, сега ја подготвуваме Националната стратегија за дигитална трансформација на здравството, која наскоро ќе биде значаен дел од реформските процеси на Министерството за здравство. По 12 години инвестираме и во дигитална инфраструктура, во дата центарот. Податоците на граѓаните досега се чуваа во дата центар кој создаваше ризици за злоупотреба на податоците“, рече министерот Алиу.

Министерот за здравство, Азир Алиу, порача дека целта е да се развие здравствен систем што ќе биде инфраструктурно посилен, кадровски подобро планиран, дигитално поврзан и подостапен за граѓаните во секој регион.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долари

Врз основа на фотографиите, тројца пластични хирурзи – од кои ниту еден не ја третирал холивудската ѕвезда Џенифер Лоренс – проценуваат дека актерката можеби имала операција на очните капаци и подигнување на веѓите.

Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долари

Според еден од нив, ваквите зафати кај врвен хирург чинат повеќе од 30.000 долари.

Новите фотографии од добитничката на „Оскар“, направени неделава, поттикнаа шпекулации за направени естетски зафати.

Поради тоа, американскиот портал „Page Six“ побара мислење од тројца пластични хирурзи, при што сите нивни проценки се засноваат исклучиво на фотографиите.

Д-р Семјуел Голпанијан смета дека Лоренс можеби направила блефаропластика, односно корекција на горните очни капаци.

Според него, оваа процедура често се изведува заедно со подигнување на веѓите, па не ја исклучува ниту таа можност.

Тој наведува дека потесните образи може да се должат на губење тежина или на отстранување масно ткиво од образите, но нагласува дека тоа не може да се утврди само врз основа на фотографии.

Д-р Шон Мекнили од Портланд вели дека нејзиниот изглед е во согласност со двете процедури.

Тој исто така забележал дека нејзината лева веѓа е малку повисоко поставена од десната. Според негова проценка, двете процедури обично чинат околу 15.000 долари, додека цената кај врвен хирург во Лос Анџелес или Беверли Хилс надминува 30.000 долари.

Трет хирург, д-р Розбех Тораби, има поинакво мислење. Тој вели дека актерката можеби направила затегнување на веѓите, но нејзините очни капаци не изгледаат како да биле оперирани.

Според него, суптилните промени може да се резултат и на употреба на ботокс, помала количина филери и ласерски третмани. Лоренс нема потврдено дека извршила операција на очните капаци или затегнување на веѓите, а нејзините претставници не ги коментираа шпекулациите. Претходно оваа недела, во интервју за „The Cut“, таа откри дека направила затегнување на градите и се надева дека еден ден ќе направи затегнување на лицето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Во општина Брвеница се одвива гласањето за избор на градоначалник во вториот круг од предвремените избори.

Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Според Државната изборна комисија гласањето почнало навреме во седум часот а до 15 часот на изборите во Општина Брвеница гласале 6579 гласачи, што претставува 40,49 отсто од вкупниот број запишани гласачи.

Според податоците доставени до ДИК од сите 24 избирачки места, излезноста е за 9,32 процентен поен повисока во споредба со првиот круг од изборите, одржан на 18 октомври годинава.

Во Брвеница е Михајло Видимлиски.

Михајло како се одвива гласањето, и колкав е одзивот од гласањето според последните информации од ДИК?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Имате сметка во Алта Банка?Од утре ќе имате само 10 000 денари неделно!

Народната банка со нови детали околу актуелните случувања во банкарскиот сектор и суперревизорските активности.

Имате сметка во Алта Банка?Од утре ќе имате само 10 000 денари неделно!

Утре се очекува да биде покренат стечај за Алта банка во Србија

Деталите од Андријана Лазова Божиновска.

Случајот Алта Банка продолжува да ја бранува јавноста во соседна Србија.

Утре се очекува да биде покрената стечајната постапка, а од банката преку соопштение уверуваат дека се преземаат чекори за заштита на интересите на депонентите и поверениците.

Ќе почне исплатата за депозитите до 50 илјади евра, а останатите ќе чекаат од стечајната маса.

Целиот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер