Алиоски се врати во Лугано - Канал 5

Алиоски се врати во Лугано

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгјан Алиоски потпиша денеска двегодишен договор со Лугано, враќајќи се во швајцарскиот клуб за кој настапуваше во сезоната 2015/16.

Алиоски се врати во Лугано

Триесетитригодишниот Алиоски од 2021 беше член на саудиски Ал Ахли за кој одигра скромни 32 натпревари и постигна шест голови.

„Со задоволство го најавуваме враќањето на Езгјан, кој со своето искуство и личност совршено ги отсликува вредностите и духот на нашиот тим. Откако ни овозможи незаборавни моменти во неговото прво искуство во Лугано, горди сме што можеме заедно да започнеме ново поглавје“, изјави спортскиот директор на Лугано, Сефан Пелцер.

Алиоски кариерата ја почна во Јанг Бојс, по што настапуваше за Шафхаузен, Лидс и Фенербахче.

За македонската репрезентација досега собра 60 настапи и постигна 12 голови, од кои последниот во неодамнешното реми 1-1 против Белгија во Скопје во мундијалските квалификации./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Центар: „Нешто што ќе остане“ се преместува за петок, 11 септември поради најавените временски неприлики

Програмата останува непроменета. На сцената ќе настапат Слаткар, Дупер, Барбара Поповиќ, Лина Пејовска и 2 Бона, а водител на вечерта ќе биде Сашко Коцев.

Општина Центар: „Нешто што ќе остане“ се преместува за петок, 11 септември поради најавените временски неприлики

Општина Центар информира дека поради најавените временски неприлики за претстојниот викенд, музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“, првично закажан за 12 септември, ќе се одржи еден ден порано – во петок, 11 септември, со почеток во 20 часот, во Парк на Франкофонија.

Програмата останува непроменета. На сцената ќе настапат Слаткар, Дупер, Барбара Поповиќ, Лина Пејовска и 2 Бона, а водител на вечерта ќе биде Сашко Коцев.

„Нешто што ќе остане“ годинава се одржува по четврти пат, а музичката вечер е дел од одбележувањето на големиот јубилеј – 50 години Општина Центар. И оваа година Општината останува доследна на определбата да ја поддржува и промовира македонската музичка сцена и домашните артисти.

Општина Центар ги повикува сите граѓани да ја забележат промената на датумот и да бидат дел од музичката вечер.

Новиот термин е петок, 11 септември, во 20 часот, во Парк на Франкофонија.

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Штип, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 08.09.2026 во 10:00 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишија од слобода Б.К.(37) од Штип.

Претрес во Штип, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една поголема ќеса со марихуана, две дигитални ваги, дробилка, семки од растението канабис, пневматски пиштол, мобилен телефон и парични средства. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Ако СДС сами се препознаа во талогот, најцрното во него се Венко Филипче и Андреј Жерновски

​Ако СДС се препознаа самите во талогот, тогаш сосема сигурно е дека најцрното во него се Венко Филипче и Андреј  Жерновски.

ВМРО-ДПМНЕ: Ако СДС сами се препознаа во талогот, најцрното во него се Венко Филипче и Андреј Жерновски

Бидејќи Жерновски меѓународно беше и неуспешен амбасадор во обид, треба да му е јасно каков е распоредот на протоколарното седење кога станува збор за државни прослави, и е потребно барем да не се брука себе со прашањето зошто седел јавниот обвинител до премиерот.

Што се однесува до талогот, Жерновски и СДС сами се препознаа иако премиерот Мицкоски, директно не ги спомна.Но кога сме кај тоа прашање талогот во СДС се фабрика за ширење на нихилизам, омраза и жестоки поделби. Тие се против се што е прогресивно во земјата.

Тие се против сè што оди напред. Против болници, против патишта, против нов клинички центар, против инфраструктурни објекти за општините какви градиме со унгарскиот кредит, против брза железница, против покачени плати и пензии. Против дата центри, против нови инвестиции

Oмраза на СДС го труе општеството, пера кои клеветат, навредуваат. Таквата губитничка политика треба да нè повлече сите надолу. Секој млад човек да почне да се колеба, да нè прикажат дека сме сите исти кога и сме толку различни. Тој талог мора и ќе биде победен.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер