МакедонијаАлијансата на Албанците подготвува „пакет уставни измени“Алијанса за Албанците нема да даде бланко поддршка за уставни измени, туку следната недела ќе ги соопшти нивните барања до Владата.Алијанса за Албанците нема да даде бланко поддршка за уставни измени, туку следната недела ќе ги соопшти нивните барања до Владата, амбасадите и политичките партии како услови за да гласаат за измените на Уставот, изјави в.д. претседателот на партијата, Таравари. Нивниот предлог го оцени како нешто што не може да се одбие, а еден од условите е кога ќе се отвори Уставот, да се тргне квотата од 20 проценти со која, според него, се опишува албанскиот јазик, барање со кое претходно излезе и БЕСА. Таравари негира дека Алијанса за Албанците моментално преговара за влез во владата. Вели таква понуда немаат добиено, а ваквите информации според него ги наметнува ДУИ за да го сврти вниманието на јавноста од внатрешните проблеми со кои се соочува таа партија. Сепак тој не ја исклучува можноста дека Алијанса за Албанците е подготвена да разговара на ова прашање, но крајниот збор како што кажа ќе го имаат партиските тела. Коментирајќи го извештајот од ЕК оцени дека државата потфрла во повеќе сектори. Според Таравари, Владата заостанува во исполнувањето на приоритетите во преговорите со ЕУ како владеењето на правото, борбата против криминалот и корупцијата, функционалната правда и реформата на јавната администрација и оти се потребни промени што поскоро за да се надмине таквата состојба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
ЕвропаПолитички превирања во Унгарија: Тиса бара итен избор на нов претседателПарламентарната група Тиса поднесе иницијатива Унгарскиот парламент да избере нов претседател на Републиката на вонредна седница на 11 август, во согласност со уставните рокови.Парламентарната група Тиса денес поднесе иницијатива Унгарското национално собрание да избере нов претседател на Републиката на вонредна седница во вторник, 11 август. Предлогот предвидува изборот на шеф на државата да биде вклучен како додаток на дневниот ред на вонредната седница на парламентот, закажана за 10 и 11 август, објави унгарскиот портал Индекс. Според образложението на иницијативата, новиот претседател на Републиката треба да биде избран во вторник, 11 август, односно во рокот пропишан со унгарскиот Устав. Иницијативата ја поднесе шефицата на пратеничката група Тиса, Андреа Ана Бујдосо, а покрај лидерот на партијата, Петер Маѓар, ја потпишаа уште 42 пратеници. Фото: ВИТагови: Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
БалканСкандал во Хрватска: Запалено српско знаме (ВИДЕО)На хрватскиот портал Индекс се појави видео клип, доставен од читатели, на кој се гледа група млади мажи како палат српско знаме во пресрет на прославата на операцијата „Олуја“.Според Индекс, во пресрет на годишнината од таа акција во Хрватска, две лица се искачиле на надвозник во близина на Оточац и запалиле српско знаме. На видеото се прикажани две лица облечени во црно, со покриени глави. Тие се искачиле на оградата на надвозникот, поставиле српско знаме, а потоа го запалиле. До нив е закачен транспарент на кој пишува: „Фала им за сè, ние сме слободни луѓе, Олуја '95“.Тагови: Олуја Хрватска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
СветОколу 800.000 Либанци се вратија домаОколу 800.000 Либанци раселени поради војната на југот на земјата почнаа да се враќаат во своите домови откако престанаа израелските напади, соопштија денес Обединетите нации.„821.077 луѓе почнаа да се враќаат во своите домови“, се вели во соопштението на ОН, додавајќи дека повеќе од 360.000 остануваат раселени, вклучувајќи околу 26.000 во владини засолништа. Израел започна воздушни напади и копнена инвазија на Либан во кои загинаа повеќе од 4.300 луѓе и расели стотици илјади. Седмата рунда разговори меѓу Либан и Израел, посредувана од САД, е во тек во Рим за спроведување на претходно потпишан рамковен договор. По петтата рунда разговори во Вашингтон, Либан и Израел потпишаа „рамковен договор“ на 26 јуни. Договорот предвидува спроведување на таканаречената „програма за пилот-зона“, која започна кон крајот на јули, кога израелската армија почна да се повлекува од тие територии. „Рамковниот договор“ предвидува либанската армија да преземе контрола врз делови од јужен Либан и да конфискува оружје од Хезболах, група поврзана со Иран, додека израелските сили постепено се повлекуваат. Фото: ВИТагови: Либан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08