Алијанса на Села ја напушти коалицијата на ДУИ,Партијата ќе делува самостојно, а пратениците како независна група - Канал 5

Алијанса на Села ја напушти коалицијата на ДУИ,Партијата ќе делува самостојно, а пратениците како независна група

Крилото од Алијанса за Албанците на Зијадин Села и официјално ја напушта Националната алијанса за интергација предводена од ДУИ. 

Алијанса на Села ја напушти коалицијата на ДУИ,Партијата ќе делува самостојно, а пратениците како независна група

Партијата ќе делува самостојно, а пратниците ќе фoрмираат независна пратеничка група во Собранието. Ваква едногласна одлука донело претседателството на партијата на синоќешниот состанок, а како причина за ваквиот потег во партиското соопштение се наведува незадоволството од епилогот од локалните избори.

-Коалицијата со која учествувавме на локалните излезе како победник на национално ниво, со бројот на освоени гласови и бројот на освоени советници, но сме незадоволни од епилогот во градоначалничката трка каде што се соочивме со моќен државен инженеринг и интеракции на албанските субјекти на власт со македонските партии од сите табори, со единствена цел реализација на платформата за дефакторизација на Албанците во земјава, се наведува меѓудругото во соопштението.

Алијансата на Албанците вкупно има 6 пратеници во Собранието, а доколку сите се приклучат кон новата пратеничка група, тогаш Коалицијата на ДУИ ќе остане со 11 пратеници, исто колку што има и Коалицијата Вреди.

Уште претходно коалицијата на Ахмети ја напуштија и Мендух Тачи а како независен делува и Бејџан Иљас, па сега ќе има 8 пратеници кои нема да бидат ниту со ДУИ ниту со Вреди.

Сепак, од ДУИ не се разочарани и се убедени дека ќе ја продолжат соработката со Села.

„Ако добро ги разбрав и јас и јавноста тие продолжуваат да делуваат опозициски и нормално е дека ќе имаме комуникација, соработка и во иднина. Тоа се нивни легитимни ставови и ние ги поддржуваме ако сакаат да ги зајакнат нивните партиски структури “– Блерим Беџети, пратеник од ДУИ.

По одлуката на Села за излегување од Националната алијанса на Албанците, од владеачка Вреди оценуваат дека коалицијата на Ахмети влегува во фаза на неизбежно распаѓање.

-Нивниот континуиран недостаток на координација веќе стана модел на неуспех, не само што не успеваат да обликуваат заедничка насока, туку секој ден докажуваат дека оваа коалиција функционирала само како засолниште за тесни лични интереси, а не како политички проект за Албанците. ВРЕДИ останува единствената консолидирана сила, со програма, со визија и со јасна структура за градење држава. Додека НАИ се распаѓа дел по дел, граѓаните и важните политички личности се враќаат таму каде што се наоѓа стабилност, сериозност и вистинска перспектива. – стои во соопштението на Вреди.

Поради проблемите со Бадинтер во Собранието, по локалните избори се појавија шпекулуации за можно влегување на партијата на Села во Владата.

Тој дури и јавно ги кажа трите услови под кои би прифатил да биде дел од власта, како што се уставни измени, замена на терминот „20 проценти“ со „албански јазик“ и носење одлуки со Бадентер во Уставниот суд, но досега покана за разговори не добил, а премеирот Мицкоски синоќа порача дека ултиматуми и условувања не функионираат кај него.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитреиска -Кочоска во работна посета на САД, учество на состаноци на Светскиот економски форум во Њујорк

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска е во работна посета на Соединетите Американски Држави (САД).

Димитреиска -Кочоска во работна посета на САД, учество на состаноци на Светскиот економски форум во Њујорк

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска е во работна посета на Соединетите Американски Држави (САД), каде што ќе учествува на „Состаноците за влијанието врз одржливиот развој 2026“ (Sustainable Development Impact Meetings 2026), организирани од Светскиот економски форум.

Министерката ќе учествува на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“.

На сесијата ќе се дискутира за предизвиците и можностите за економски раст во новите глобални услови, со посебен фокус на енергетската сигурност, инвестициите, одржливоста и конкурентноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта

Македонската делегација на чело со премиерот Христијан Мицкоски, учествуваше на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше претседателот на Европскиот совет.

Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта

„Учество на седницата во рамки на Генералното собрание на Обединетите нации, со која претседаваше претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Момент на важни разговори и размена на ставови за прашања од глобално значење, во рамки на највисоката меѓународна платформа за дијалог и соработка“- објави Мицксоки на Фејсбук.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Божиновска со младите добитници на „Инженерскиот прстен“: Вашите идеи се енергија за развојот на Македонија

 Божиновска и годинава се сретна со најдобрите млади инженери.

Божиновска со младите добитници на „Инженерскиот прстен“: Вашите идеи се енергија за развојот на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и годинава се сретна со најдобрите млади инженери – добитници на престижното признание „Инженерски прстен“, разговарајќи со нив за нивните идеи, интереси, проекти и визијата за професионалната иднина.

Младите инженери пред министерката ги претставија областите во кои се развиваат, проектите во кои се вклучени, темите што ги мотивираат, но и своите очекувања за професионалниот развој и можностите преку кои своето знаење и експертиза можат да ги стават во функција на развојот на земјата.

Божиновска ги охрабри младите инженери да не застануваат тука – да продолжат да учат, да создаваат, да иновираат и храбро да ги претвораат своите идеи во решенија што ќе придонесат за развојот на државата.

„Секоја држава има потреба од знаење, но уште повеќе има потреба од млади луѓе кои знаењето знаат да го претворат во идеи, а идеите во конкретни решенија. Вашиот успех не е само личен успех – тој е и потенцијал за напредок на Македонија. Затоа, никогаш не престанувајте да прашувате, да истражувате и да создавате. Вратите на Министерството се отворени за младите, за нивните идеи, иницијативи и проекти, порача министерката Божиновска.

На средбата се разговараше и за можностите за поголемо поврзување на младите инженери со институциите, за нивното учество во идни проекти и за создавање услови нивното знаење и иновативност да бидат дел од развојните процеси во земјата.

Министерката посочи дека токму ваквите средби се можност институциите директно да слушнат што размислуваат младите, со какви предизвици се соочуваат и какви можности очекуваат.

„Ни требаат млади инженери кои ќе останат храбри во своите идеи и упорни во нивната реализација. Државата мора да создава простор за нивниот развој, а институциите да бидат нивен партнер. Сакам младите да знаат дека имаат место, можност и соговорник во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.“

Како симболичен поттик за нивните досегашни достигнувања и идните професионални успеси, Божиновска на младите инженери им додели посебни признанија за инженерски потенцијал и развој, со порака да продолжат по патот на знаењето, иновациите и професионалниот успех.

Признанијата „Инженерски прстен“ годинава се доделуваат по 23. пат, а досега со ова престижно признание се закитиле вкупно 257 инженери.

Годинашни добитници се Марта Митева, Арбана Касами, Антонио Томески, Јане Коцески, Мила Саздова, Огнен Пендаровски, Марија Симоновска, Никола Петровски, Михаил Трајков, Мила Чолакоска, Стефана Димитриеска, Симеон Наловски, Стефан Спасов и Тамара Атанасова, од Архитектонскиот, Факултетот за применети науки при Универзитетот во Тетово, Градежниот, Машинскиот, Технолошко-металуршкиот, ФЕИТ, Факултетот за земјоделски науки и храна, ФИНКИ, ПМФ, Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер, Техничкиот факултет при УКЛО, Факултетот за информатички и компјутерски технологии при УКЛО и Факултетот за природни и технички науки и Факултетот за информатика при УГД.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува отворено за младите – за нивните знаења, идеи и енергија, како важен дел од создавањето на модерна, иновативна и развојна Македонија.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер