Холандски производител на луксузни автомобили за два дена ги распродал сите модели од 1,5 милиони евра (ВИДЕО)
1Холандски производител на луксузни автомобили за два дена ги распродал сите модели од 1,5 милиони евра (ВИДЕО)
МакедонијаАли Ахмети: Време е за првиот Албанец Премиер „Ви ја честитам 18-та годишнина од основањето на Демократската Унија за Интеграција“.Почитувани граѓани, почитувани содејци, Денес, Демократската Унија за Интеграција одбележува 18 годишнина од оснивањето како најголем субјект на Албанците во нашата земја, наследничка на Ослободителната Народна Армија и легитимен и апсолутен претставник на политичката воља на Албанците во последните две децении. Со големо задоволство и гордост за нашето заедничко дејствување, Ви ја честитам 18-та годишнина од основањето на Демократската Унија за Интеграција, особено на сите членови, оснивачите, активистите, подржувачите, симпатизерите, гласачите, содејците, сојузниците и партнерите, но и на сите граѓани во земјата. 18 години бевме заедно во секој предизвик со кој се соочивме, во безброј процеси за постигнување на потполната рамноправност, за целосна интеграција во НАТО и Европската Унија, за подобрување на животниот стандард, за обезбедување на иднината на нашата младина и на сите нас. Денес, драги граѓани, сме полноправна членка на најголемата воено-политичка алијанса во светот- НАТО, денес сме земја која преговара со Европската Унија за полноправно членство во големото семејство на нашиот континент, денес имаме јазична рамноправност, и со целосно имплементирање на нормативниот дел од Охридскиот Договор, со три универзитети на Албански јазик, со училишта, болници, градинки, патишта, институции, денес го инсталиравме и начелото на консензуалност и во одлучувањето и во изборот, како и раководевме како Албанци и граѓани на оваа држава со Собранието, Министертвото за Одбрана и за Внатрешни работи, Народниот правобранител и Државниот правобранител, Врховниот и Уставниот Суд, но сега дојде време за нешто поголемо. Сето ова го овозможи Вашата непоколеблива доверба во сите изборни процеси, парламентарни, локални, претседателски, и референдуми за време од 18 години од 5-ти јуни 2002 година. Почитувани, Минатата година го обележи и одржувањето на Четвртиот спектаколарен Конгрес на Демократската Унија за Интеграција, Конгресот на големите промени во пресрет на следните 20 години на нашата политичка организација. Пред Конгресот се одвиваше амбициозен процес на потполна ререгистрација на членството каде за прв пат се спроведе внатрепартискиот ветинг, за после да следат избори во сите месни совети и ограноците на ДУИ каде се избраа повеќе од 90% нови претседатели во стотини наши месни совети и отприлика 100% нови претседатели на сите органоци, со гарантирано и квалитативно претставување на жените во сите органи. Конгресот истотака ги избра и новиот Генерален Совет со повеќе од 70% нови членови и со над 40% преставување на жените, но се основаа и нови органи кои гарантираат издржливост, конзистентност и долговечност на нашиот субјект како Конгресот на Постојаноста, Националниот Совет и Централната Изборна Комисија. Со статутарните промени, за прв пат една политичка партија во земјата и пошироко оснива фунцкија, Секретар за еднакви можности, додека со Декларацијата на својата мисија се определува со духот на солидарноста за искоренување на нерамноправноста и концетрацијата од помалкуте кај повеќемината, градејќи општетсво на благосостојба со јавни услуги одговорни и квалитетни институции, со достоинствено образование, здраство, плати и пензи грижејќи се за сите категории во општеството и обезбедувајќи социјален процес вклучувајќи го секој граѓанин и секое населено место. Неможам да не спомнам, и во оваа годишнина, дека алтернативата во Албанската политичка сцена е раздор на гласот и ослабување на Албанската политичка воља во многу партии кои произлегуваат од раздор и отцепувања, а не од вољата на граѓаните со цел за подобро дејствување. Секогаш повторувам дека не ни треба дефакторизација на Албанскиот глас во толку многу партии и со локално а не целосно застапување. Фрлете им око на таканаречените лидерски средби и не заборавајте го чуството кое ви ја создава таа слика. Ова годишнина не наоѓа во време на невидена пандемија во историјата на нашата планета која одзема толку многу животи и опфати милиони луѓе во светот, нештедејќи ја и нашата држава. Ние сите заедно сме во ова битка, без етнички, културни, верски и државни разлики, и затоа заедно и без ниту еден исклуок треба да ги почитуваме мерките за заштита со цел да се вратиме во нормалност и секојдневниот живот. Почитувани содејци, и сомисленици, На нашата 18-та годишнина, како и кога само што го започнавме градењето на Демократската Унија за Интеграција, имаме потреба од еден друг повеќе од било кога, имаме потреба за солидарноста внатре во организацијата, за подавање на рака за соработка и подршка, за добербата со која ќе успееме затоа што нешто големо ни претстои, нешто што ќе побара придонес од сите нас. Почитувани граѓани, Ние го започнавме овој пат заедно пред 18 години, Заедно се соочивме со секој предизвик и веруваме еден во друг, Заедно ги определивме и ги остваривме нашите цели и на оваа толку важна годишнина за сите нас, заедно да ја определиме нашата следна цел почнувајќи од следните избори, да ја реализираме определбата за да избереме ценета, почитувана и докажана личност, таа или тој кој што ќе го избереме заедно, за првиот АЛБАНЕЦ ПРЕМИЕР на земјава!!! На секоја годишнина, определуваме амбициозни цели и со време тие ги остваруваме, затоа честито пријатели и успех кон остварување на нашите заеднички цели, стои во соопштението од ДУИ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗападно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
МакедонијаЈон Фрчкоски во „Вести плус“Почитувани, вечерва во Вести Плус, ќе гостува Јон ФрчкоскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗападно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
БизарноКрава отелила теле со две глави и осум нозе- ветеринарите дошле во селото и се шокирале (ВИДЕО)Необичен настан во јужна Индија го привлече вниманието на јавноста, откако се роди теле со две глави и осум нозе.Ветеринарите беа повикани на местото на настанот, а според локалните медиуми, тие ѝ помагаа на кравата да го роди телето по четири до пет часа, објавува Дејли Стар. Веста брзо се прошири низ заедницата Кога телето конечно беше извлечено, ветеринарите беа запрепастени. Пред нив се појави животно со две споени глави и осум нозе - исклучително ретка аномалија што се јавува за време на развојот на фетусот во матката. Необичната вест брзо се прошири низ заедницата, а голем број љубопитни селани од округот Гунтур дојдоа да го видат новороденото животно. Според достапните информации, телето починало кратко време по раѓањето, додека кравата е жива и здрава. Ветеринарите изјавија дека ваквите случаи се исклучително ретки и дека тие може да бидат резултат на абнормалности што се јавуваат за време на развојот на фетусот во матката. View this post on Instagram A post shared by 99TV TELUGU (@99tvteluguofficial) Аномалијата е особено изразена Случаи на животни родени со две глави може да се појават кога ембрионот не се одвои целосно во раните фази на развој. Ова резултира со сијамски, или споени, близнаци, кои можат да имаат дуплирани делови од телото. Во овој случај, аномалијата беше особено изразена, бидејќи телето имаше две глави и вкупно осум нозе. Иако ваквите животни можат да привлечат многу внимание поради нивниот необичен изглед, нивните шанси за преживување често се многу мали. Тешките развојни аномалии можат да влијаат на виталните органи и мозокот, додека неправилно развиените или дуплираните структури на телото можат да ги отежнат основните животни функции, како што се дишењето, хранењето и циркулацијата.Тагови: ветеринарите крава Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗападно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
ЕвропаСкандал на клиника за ин витро оплодување: Најмалку 30 деца на Кипар се зачнати од погрешни донориНајмалку 30 деца, претежно од Велика Британија, можеби биле зачнати со користење на погрешни донори на сперма или јајце клетки во процедурите за ин витро оплодување во Северен Кипар, покажа истрага на Би-Би-Си.Истрагата на Би-Би-Си ги откри првите седум вакви случаи претходно оваа година. Родителите избрале анонимни донори врз основа на нивната медицинска историја, изглед, личност, образование и хоби, но подоцна се сомневале дека бараните донори не биле користени во нивните третмани за плодност. Половина од 30-те деца се родени по процедурите во клиниката „Догус ИВФ центар“. Три лица - д-р Фирдевс Угуз Тип, д-р Шевкет Алптурк и координаторот на пациенти Џули Ходсон - биле вклучени во лекувањето или комуникацијата со многу од пациентите. Родителите се сомневаат дека биле измамени од членовите на персоналот. Угуз Тип негира какво било кривично дело, додека Алптурк и Ходсон не одговорија на прашањата на Би-Би-Си. Би-Би-Си, исто така, објави дека банката за сперма „Криос Интернешнл“ ја ставила клиниката „Догус“ на црната листа во 2016 година. Министерството за здравство на Северен Кипар по првичните обвинувања изјави дека започнало официјална истрага, но не одговори на повторените барања за повеќе информации. Повеќето родители кои контактирале со Би-Би-Си рекле дека клиниките им ветеле проверени и здрави донори од Западна Европа. Од 30-те деца, 11 направиле ДНК тестови, кои покажале генетско потекло од Турција или околните земји. Повеќето од тестираните деца биле зачнати помеѓу 2012 и 2024 година во клиниката Догус. Една мајка, Рејчел, дознала по 13 години неизвесност дека нејзиниот син Јона не бил зачнат со спермата на донорот што го избрала. Таа избрала анонимен дански донор, познат како Дито, преку веб-страницата Cryos International во 2012 година. Третманот во клиниката Догус чинел околу 4.000 евра и вклучувал донорска сперма од банката. Рејчел се посомневала кога координаторите на клиниката, вклучувајќи го и Ходсон, постојано одбивале да ѝ испратат медицински извештај со кој се потврдува дека употребената сперма е од избраниот донор. Дополнителни сомневања предизвикал изгледот на нејзиниот син, кој се разликувал од нејзиниот и описот на донорот. ДНК тестовите покажале дека Јона е нејзин биолошки син, но дека Дито не е негов донор. Експертите за плодност изјавија дека случајната употреба на погрешен донор за време на ин витро оплодување е исклучително ретка и дека бројот на слични случаи може да укажува на „небрежност“ или „измама“. Од 15-те случаи поврзани со клиниката Догус, неколку од нив ги вклучувале истите тројца членови на персоналот. Алптурк е сопственик и менаџер на клиниката, а според владата на Северен Кипар, тој ги одобрува процедурите и активностите. Угуз Тип лекувала девет други деца поврзани со Догус. Таа тврди дека Алптурк била одговорна за овластување на процедурите и негира дека ги заведувала пациентите. По напуштањето на Догус во 2015 година, таа била вклучена во девет други слични случаи во две други клиники, од кои повеќето ја вклучувале клиниката „Miracle IVF“, која сега ја води. Ходсон била главен контакт за повеќето британски пациенти и им кажала во е-пошта дека Угуз Тип ќе нарачува сперма од „Cryos“ во нивно име. Угуз Тип, сепак, изјавила дека набавката на сперма не е дел од нејзината работа и дека не била свесна дека пациентите се информирани за тоа. „Крајос“ соопшти дека го ставиле „Догус“ на црната листа во 2016 година поради загриженост дека клиниката не нарачала сперма од „Крајос“ за пациент, иако рекла дека ќе нарача. Банката сега ја прекина својата врска со „Фирдевс“ и „Миракл ИВФ“ додека владата на Северен Кипар истражува. Угуз Тип тврди дека е ослободена од сите обвиненија за кршење на законот, но Би-Би-Си не можеше да го потврди ова тврдење со Министерството за здравство на Северен Кипар.Тагови: кипар оплодување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter