Али Ахмети: Време е за првиот Албанец Премиер - Канал 5

Али Ахмети: Време е за првиот Албанец Премиер

 „Ви ја честитам 18-та годишнина од основањето на Демократската Унија за Интеграција“.

Али Ахмети: Време е за првиот Албанец Премиер

Почитувани граѓани, почитувани содејци,

Денес, Демократската Унија за Интеграција одбележува 18 годишнина од оснивањето како најголем субјект на Албанците во нашата земја, наследничка на Ослободителната Народна Армија и легитимен и апсолутен претставник на политичката воља на Албанците во последните две децении.

Со големо задоволство и гордост за нашето заедничко дејствување, Ви ја честитам 18-та годишнина од основањето на Демократската Унија за Интеграција, особено на сите членови, оснивачите, активистите, подржувачите, симпатизерите, гласачите, содејците, сојузниците и партнерите, но и на сите граѓани во земјата.

18 години бевме заедно во секој предизвик со кој се соочивме, во безброј процеси за постигнување на потполната рамноправност, за целосна интеграција во НАТО и Европската Унија, за подобрување на животниот стандард, за обезбедување на иднината на нашата младина и на сите нас.

Денес, драги граѓани, сме полноправна членка на најголемата воено-политичка алијанса во светот- НАТО, денес сме земја која преговара со Европската Унија за полноправно членство во големото семејство на нашиот континент, денес имаме јазична рамноправност, и со целосно имплементирање на нормативниот дел од Охридскиот Договор, со три универзитети на Албански јазик, со училишта, болници, градинки, патишта, институции, денес го инсталиравме и начелото на консензуалност и во одлучувањето и во изборот, како и раководевме како Албанци и граѓани на оваа држава со Собранието, Министертвото за Одбрана и за Внатрешни работи, Народниот правобранител и Државниот правобранител, Врховниот и Уставниот Суд, но сега дојде време за нешто поголемо.

Сето ова го овозможи Вашата непоколеблива доверба во сите изборни процеси, парламентарни, локални, претседателски, и референдуми за време од 18 години од 5-ти јуни 2002 година.

Почитувани,

Минатата година го обележи и одржувањето на Четвртиот спектаколарен Конгрес на Демократската Унија за Интеграција, Конгресот на големите промени во пресрет на следните 20 години на нашата политичка организација.

Пред Конгресот се одвиваше амбициозен процес на потполна ререгистрација на членството каде за прв пат се спроведе внатрепартискиот ветинг, за после да следат избори во сите месни совети и ограноците на ДУИ каде се избраа повеќе од 90% нови претседатели во стотини наши месни совети и отприлика 100% нови претседатели на сите органоци, со гарантирано и квалитативно претставување на жените во сите органи. Конгресот истотака ги избра и новиот Генерален Совет со повеќе од 70% нови членови и со над 40% преставување на жените, но се основаа и нови органи кои гарантираат издржливост, конзистентност и долговечност на нашиот субјект како Конгресот на Постојаноста, Националниот Совет и Централната Изборна Комисија.

Со статутарните промени, за прв пат една политичка партија во земјата и пошироко оснива фунцкија, Секретар за еднакви можности, додека со Декларацијата на својата мисија се определува со духот на солидарноста за искоренување на нерамноправноста и концетрацијата од помалкуте кај повеќемината, градејќи општетсво на благосостојба со јавни услуги одговорни и квалитетни институции, со достоинствено образование, здраство, плати и пензи грижејќи се за сите категории во општеството и обезбедувајќи социјален процес вклучувајќи го секој граѓанин и секое населено место.

Неможам да не спомнам, и во оваа годишнина, дека алтернативата во Албанската политичка сцена е раздор на гласот и ослабување на Албанската политичка воља во многу партии кои произлегуваат од раздор и отцепувања, а не од вољата на граѓаните со цел за подобро дејствување. Секогаш повторувам дека не ни треба дефакторизација на Албанскиот глас во толку многу партии и со локално а не целосно застапување. Фрлете им око на таканаречените лидерски средби и не заборавајте го чуството кое ви ја создава таа слика.

Ова годишнина не наоѓа во време на невидена пандемија во историјата на нашата планета која одзема толку многу животи и опфати милиони луѓе во светот, нештедејќи ја и нашата држава. Ние сите заедно сме во ова битка, без етнички, културни, верски и државни разлики, и затоа заедно и без ниту еден исклуок треба да ги почитуваме мерките за заштита со цел да се вратиме во нормалност и секојдневниот живот.

Почитувани содејци, и сомисленици,

На нашата 18-та годишнина, како и кога само што го започнавме градењето на Демократската Унија за Интеграција, имаме потреба од еден друг повеќе од било кога, имаме потреба за солидарноста внатре во организацијата, за подавање на рака за соработка и подршка, за добербата со која ќе успееме затоа што нешто големо ни претстои, нешто што ќе побара придонес од сите нас.

Почитувани граѓани,

Ние го започнавме овој пат заедно пред 18 години, Заедно се соочивме со секој предизвик и веруваме еден во друг, Заедно ги определивме и ги остваривме нашите цели и на оваа толку важна годишнина за сите нас, заедно да ја определиме нашата следна цел почнувајќи од следните избори, да ја реализираме определбата за да избереме ценета, почитувана и докажана личност, таа или тој кој што ќе го избереме заедно, за првиот АЛБАНЕЦ ПРЕМИЕР на земјава!!!

На секоја годишнина, определуваме амбициозни цели и со време тие ги остваруваме, затоа честито пријатели и успех кон остварување на нашите заеднички цели, стои во соопштението од ДУИ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран ја губи контролата во Ормускиот Теснец

Контролата врз Ормускиот теснец стана клучно прашање во конфликтот со Иран. Во последните месеци, и Иран и САД изнесуваа тврдења за доминација, создавајќи неизвесност. 

Иран ја губи контролата во Ормускиот Теснец

Сега доказите стануваат појасни: САД, чија морнарица патролира низ теснецот, ја зацврстуваат својата позиција, додека Иран губи значителен дел од контролата врз оваа витална поморска рута, пренесува Си-Ен-Ен (CNN).

Според податоците на „Кплер“ (Kpler), компанија што ги следи пловилата преку транспондери и сателити, повеќе од 80 проценти од преминот низ Ормускиот теснец во изминатите две недели се одвивал по рутата кај Оман.

Станува збор за бродска рута одобрена од ОН, на која Иран силно се противи. Иран инсистира на контрола врз теснецот и има нападнато десетици пловила што се обиделе да поминат покрај северниот брег на Оман. И покрај овој ризик, повеќето бродови во последно време ги игнорираат барањата на Иран и минуваат низ теснецот под ветената заштита на американската морнарица.

„Сè укажува на тоа дека Иран ја изгубил контролата врз теснецот, барем делумно“, изјави Хомајун Фалакшахи, виш аналитичар за сурова нафта во „Кплер“.

Ова претставува целосен пресврт во однос на ситуацијата пред еден месец, кога „Kpler“ не забележа речиси никаков сообраќај по оманската рута.

Остриот пад на сообраќајот на рутата што ја претпочита Иран го спречи Техеран да наплаќа транзитни такси – нешто што се обидуваше да го направи во текот на пролетта. Иако Меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран истече оваа недела – што теоретски би му овозможило на Техеран повторно да започне со наплата на такси – податоците на „Kpler“ покажуваат дека тие не успеваат во тоа.

„Повеќето актери од Блискиот Исток ниту се согласуваат, ниту го спроведуваат барањето на Иран за транзитни такси. Токму затоа оманската рута е најлогичното решение“, изјави Ден Пикеринг, основач и главен директор за инвестиции во „Pickering Energy Partners“. Кувајт, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати ангажираат супертанкери (VLCC) за транспорт на нафта од Персискиот Залив низ Ормускиот Теснец.

Потоа, тие ја префрлаат нафтата на танкери на купувачите надвор од опасната зона, во Оманскиот Залив, според зборовите на Енди Липоу, претседател на „Lipow Oil Associates“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чешкиот министер за надворешни работи Петр Мацинка во официјална посета на земјава

На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре во официјална посета на земјава ќе престојува заменик-претседателот на владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка.

Чешкиот министер за надворешни работи Петр Мацинка во официјална посета на земјава

Во рамки на посетата, денеска во Охрид ќе се одржат билатерална средба меѓу министрите Муцунски и Мацинка, како и пленарна средба меѓу официјалните делегации на двете министерства.

По билатералната и пленарната средба, министрите Муцунски и Мацинка ќе одржат заедничка прес-конференција за медиумите во вила „Охрид“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото

Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион , ноќеска го изгаснавме огнот околу селото ова утринава го изјави Стојанче Ангелов Директорот на агенцијата за заштита и спасување

Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото

Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион , ноќеска го изгаснавме огнот околу селото ова утринава го изјави Стојанче Ангелов Директорот на агенцијата за заштита и спасување, кој посочи дека пожарот во овој регион се уште е е активен и оти линијата на огнот е долга со километри.

Според него помогнало и и локалното население, но и доброволниот тим на дирекцијата за заштита и спасување од Виница. Целта е да спасиме колку можеме повеќе вегетација. Тешко дека овој пожар ќе биде изгаснат брзо. Во гаснењето на пожарот учествуваат околу 30 доброволни пожарникари од кочани и од битола, како и пожарникарите од Прилеп.

Пожарот кај селото Чаниште избувна вчера попладнето. Синоќа помина низ селото и направи пустош иако од дирекцијата информираа дека изгорените куќи се или напуштени или сопствениците во нив ретко доаѓаат. Неколкумина жители вдишеле чад, но по лекарскиот преглед се во добра состојба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер