Велјановски: Од 340 на 560 милиони евра, талогот од СДС треба да одговара за поскапувањето и доцнењето на железничкиот Коридор 8
СДСМ: 5 милиони евра народни пари за концерти а за лозарите нула помош, ниту една мерка - грозјето им скапува
1Велјановски: Од 340 на 560 милиони евра, талогот од СДС треба да одговара за поскапувањето и доцнењето на железничкиот Коридор 8
2СДСМ: 5 милиони евра народни пари за концерти а за лозарите нула помош, ниту една мерка - грозјето им скапува
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ЗабаваАлесандра Амброзио ја покажа својата совршена секси форма (фото)Топ моделот на Victoria’s Secret, Алесандра Амброзио, се врати дома и се релаксира по големата модна ревија во Шангај.Папараци ја фатија убавицата додека се опушташе со пријателите во Флорианополис во јужниот дел на Бразил. Алесандра ја покажа совршената форма и тело на плажа, што дополнително се потенцира со црвени костим за капење во два дела. Според неодамнешните гласини, 2017 можеби е последната во која Амброзио оди како ангел во ревијата на Викторија Сикрет. Таа е една од ветераните на брендот и стана нејзин најпрепознатливо и симболично лице. Таа е амбасадор на Пинк линијата од 2000 година, а нејзината кариера за Викторија Сикрет започна во 2004 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВелјановски: Од 340 на 560 милиони евра, талогот од СДС треба да одговара за поскапувањето и доцнењето на железничкиот Коридор 8ДЗР утврдил дека проценетата вредност за третата фаза од железничкиот Коридор 8, пругата Крива Паланка–граница со Бугарија, пораснала за околу 220 милиони евра, односно од 340 на 560 милиони евра.Извештајот на ДЗР потврдува дека во главите на СДС и ДУИ, биле само провизии, проценти, тендери. Наместо да работеа во интерес на граѓаните, талогот работеше во интерес на својот џеб. Затоа СДС и ДУИ треба да одговорат зошто проектот со години доцнеше, а неговата проценета вредност растеше? Зошто граѓаните да плаќаат 220 милиони евра повеќе? За ликови како Филипче и Заев да ги полнат своите џебови? Почитувани граѓани, Денес, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на изнаоѓање одржливо решение за железничкиот Коридор 8 и реализација на стратешкото поврзување. Но, не смееме да заборавиме на претходни црнила кои ги наследивме, а за кои бараме од Јавното обвинителство да го истражи ревизорскиот извештај на ДЗР и да постапи согласно истиот. Не сме исти. Разликата е евидентна. Александар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Александар Велјановски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
МакедонијаСДСМ: 5 милиони евра народни пари за концерти а за лозарите нула помош, ниту една мерка - грозјето им скапува Силно светнал ден, но прашањето е за кого, почитувани граѓани? Дали силно светнал ден за земјоделците кои се мачат да ги продадат градинарските производи, зелки, домати, пиперки или да ги фрлат на отпад? Или за лозарите кои своето грозје го нудат за мизерни 14 денари по килограм и никој не го откупува? Или се принудени да ги ископачат или да ги сечат со моторни пили лозјата кои им се оставени во аманет од татковци и дедовци. Силно светнал ден за платениците и тендерашите од власта кои го собираат кајмакот и кои си искешираа околу 5 милиони евра за концерти и забавни каравани кои движат низ државата и се наплатуваат повеќепати над реалните суми - за нив светнал ден, а не за обичниот народ кој ви ја даде довербата, кога ве гласаше верувајќи им на вашите лаги и предизборни ветувања во кои ветувавте сè и сешто за подобар стандард, а воопшто и не помисливте дека ќе треба барем нешто од тоа и да исполните. Токму затоа што во моментот имате апсолутна власт и во ваши раце се и финансиите и мерките, за таа цел бараме и заслужуваме да знаеме. Свесни сме дека немате во план да помогнете и интервенирате во земјоделството и лозарството. Бараме и заслужуваме да знаеме во чии џебови завршуваат парите од народот кој редовно ви ги плаќа на име давачки на секој чекор. 5 милиони евра да се вратеа како мерки кон земјоделството и лозарството, сега ќе ја немавме оваа криза, и лозарите достоинствено ќе си ги испратеа децата на школо, без да им кратат основни потреби. Бараме конкретни мерки за лозарството и итен интервентен откуп. Како лозарски крај, кој природата го надарила со благородно поднебје, не е во ред лозарите да го остават својот род да скапува заради вашата неспособност. Каде сте?Наместо по концерти, каравани и прескапи игранки по сите градови и организирање на спектакли, требаше да бидете помеѓу лозарите. Само тогаш ќе бевте достојни да го цитирате Рацин. Доколку мислите дека ќе владее молк, сте се излажале. Затоа што лозарите и нашиот народ се паметни и прават разлики во начинот на решавање на проблемите низ годините кога СДСМ беше на власт, кога и покрај навремените исплати на субвенциите за предвидените култури се воведе и мерката зелена нафта со која се помагаше на сите земјоделци, но вака како сега никогаш не било. Уште еден многу битен момент кој народот го почувствува и од кој се променија многу работи е демократското изјаснување преку слободата на говорот на секој засегнат поединец. Затоа, уште еднаш би потенцирам од името на сите - нема да молчиме, нема да молчиме кога ни е засегнат народот и ќе продолжиме да ги бараме правата и мерките, затоа што финансиите во буџетот се јавни средства и сите заслужуваме одговор каде тие завршуваат. Доколку како мерки и субвенции и олеснувања не се враќаат кон народот. Сакам нешто да порачам. Бидете подготвени. Народот ќе ви ја даде довербата и власта, но истиот тој народ кој го понижувате, одлично ги знае работите, и токму тој кој ви ја даде власта, тој и ќе ви ја одземе. Тогаш, до тој ден, скријте се и чекајте го револтот на земјоделците и лозарите. Е кога тој ден ќе дојде, ќе светне силно. Прес конференција на Општинската организација на СДСМ, Валандово, Еми Заева – Костова -претседателкаТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотКампања „Денови на безбедноста“: И ти си дел од безбедноста!Безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност.Не е доволно само да очекуваме другите да внимаваат – мора да внимаваме и самите. Телефонот, слушалките, невнимателното преминување на улицата или намалената видливост можат да бидат ризик кога сме пешаци. Во рамки на глобалната кампања ROADPOL „Денови на безбедноста“ (16–22 септември), потсетуваме: Како пешак, одговорноста за твојата безбедност не е само на возачите. И ТВОЈА Е! Погледни. Слушни. Внимавај. Секој учесник во сообраќајот има улога во создавањето побезбедни патишта. #zeromeanslife Тагови: кампања Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook