Алесандра Амбросио (41) знае убаво да се забавува - Канал 5

Алесандра Амбросио (41) знае убаво да се забавува

Убавата бразилска манекенка Александра Амбросио позираше во срцето на познатото скијалиште во Јута облечена во неглиже (фото)

Алесандра Амбросио (41) знае убаво да се забавува

Изгледа дека супермоделот и поранешниот ангел на Викторија, Алесандра Амбросио (41) знае убаво да се забавува и додека се фотографира полугола на дестинации покриени со снег и мраз. Имено, таа на својот Инстаграм објави фотографии во неглиже преку кое ноншалантно наметнала бунда од раскошно бело крзно.

-Студено, студено, душо – напишала таа во описот на фотографиите.

Покрај коментарите со пофалба за нејзиниот изглед, голем број коментари го содржеа прашањето дали таа носи бунда од вистинско или лажно крзно. Во некои од реакциите, по прашањето за крзното, се бараше фотографијата да биде отстранета.

Инаку, убавата Бразилка моментално е во врска со моделот Ричард Ли, па често објавува фотографии на кои тие двајца се гушкаат. Парот се забавува од февруари минатата година, поточно откако манекенката се раздели од нејзиното долгогодишно момче Џејми Мазур.

Амброзио има две деца, ќерката Ања, која неодамна наполни 14 години, и синот Ноа, кој има 10 г. Алесандра моментално ужива во еден од најлуксузните скијачки центри во Јута, каде што цените за собите во кои таа престојувала почнуваат од 2.000 долари за ноќ, пишува Дејли меил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Силно невреме ја погоди Франција, загинаа две лица

Силно невреме што ја зафати Франција во текот на ноќта, по долгиот топлотен бран, однесе најмалку два живота и остави 53.000 домаќинства без електрична енергија. 

Видео: Силно невреме ја погоди Франција, загинаа две лица

Француските медиуми и националниот оператор на електроенергетската мрежа објавија детали за последиците од невремето, пренесува Ројтерс.

Една од жртвите е жена која почина во четвртокот вечерта во селото Сен-Виктурниен, во централниот департман От-Вјен, откако врз неа паднало дрво. На истокот од земјата, во Доломје, во работилница уништена од пожар било пронајдено телото на еден маж. Агенцијата АФП објави дека пожарот бил предизвикан од удар на гром.

Операторот на електродистрибутивната мрежа „Енедис“ (Enedis) во петокот потврди дека вкупно 53.000 домаќинства останале без електрична енергија. Најмногу проблеми со снабдувањето биле забележани во регионите Оверњ-Рона-Алпи на југоисток и Нова Аквитанија на југозапад на Франција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Илинден започна со изградба на препумпен уред за фекална канализација во н.м Кадино

Општина Илинден продолжува со инвестициите за развој на комуналната инфраструктура, во чии рамки се започнати активности за изградба на препумпен уред за фекална канализација во населеното место Кадино.

Општина Илинден започна со изградба на препумпен уред за фекална канализација во н.м Кадино

Станува збор за проект кој е дел од пошироката изградба на фекалната канализациона мрежа во н.м Кадино, при што препумпниот уред ќе биде поврзан со веќе реализираниот крак К4, долг околу 2.500 метри, на кој се изградени 50 шахти и со кој се овозможува приклучување на приближно 100 домаќинства.

Со овој препумпен уред ќе се опфати канализационата мрежа од улиците „1“, „2“ и „3“, при што отпадните води преку веќе поставениот потисен цевковод ќе се транспортираат до постојната пречистителна станица во н.м Кадино, каде ќе се врши нивен третман и прочистување.

Увид во тековните активности изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека вложувањата во канализационата инфраструктура имаат клучно значење за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, како и за зачувување на животната средина преку современо управување со отпадните води.

Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со реализација на инфраструктурни проекти за изградба, реконструкција и проширување на канализационата мрежа во сите населени места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Савески: Ристовска ќе постапуваше по предметот „ТАЛИР 2“ доколку не поднесе оставка

Јавното обвинителство ќе донесе одлука дали ќе ја обжали ослободителната пресуда за екс премиерот Никола Груевски во предметот „Талир 2“ откако ќе ја добие и анализира писмено изработената пресуда и нејзиното образложение.

Савески: Ристовска ќе постапуваше по предметот „ТАЛИР 2“ доколку не поднесе оставка

Изјави денеска државниот јавен обвинител Ненад Савески, прашан дали обвинителството ќе поднесе жалба на судкската одлука.

Во однос на критиките на дел од партиите дека повлекувањето на овластувањата на обвинителката Ленче Ристоска влијаело врз исходот на предметот „талир 2“,савески оцени дека таквите тврдења не одговараат на фактите, а ристовска според него ќе постапувала по предметот доколку не поднесела оставка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер