ЗдравјеАлергиите- чест проблем за децата за време на излет во природаСезоната на алергии е во полн ек. Цветањето на растенијата ги наполни амбулантите. Поленските зрнца кои ги испушта тревата, проблем за родителите за време на првомајското празнување во природа, особено кога станува збор за деца кои претходно никогаш немале симптоми на алергија. Лекарите велат, доколку детето на ливада почне да поткашлува или отежнато дише, веднаш треба да се прекине со пикникот и да се однесе детето во затворена просторија. Ако се сомневате дека е алергија, не посегајте веднаш по апче, вели Д-р Драган Дачевски од детската болница „Козле“. „За алергија станува збор доколку детето минува покрај косена трева и има манифестација на носна секреција, поткашлување, или на пример посилна симптоматологија отежнато дишење или свиреж во градите. „Што треба да направат родителите во тој случај? Па, ако тоа се случува за првпат, да се повлечат од таа средина, а особено кога е ветровито препораката е да не се шетаат децата. Ама кај оние деца кај кои веќе е потврдена алергија да се тргнат од надворешна средина, дури и внатре да се затвораат прозорците дома, за да не може ветровите и таму да внесат алергени. Д-р Дачевски појаснува дека родителите треба да имаат на ум оти за разлика од настинка или вирус, кога детето ќе се тргне од надворешната средина, симптомите во случај на алергија исчезнуваат. „Овој период и тревата се коси, имаме полно инхалациони алергени кои ги вдишуваат децата, а инаку повлекување од средината во која што се, тоа е наједноставно, па симтоматологијата се намалува. Кај вирусот на пример тоа нема да се случи, може да предизвика и температура или некоја друга манифестација која сигурно ќе биде препознаена од родителот. Изминатите недели, откако дојде пролетта, ги наполни амбулантите, а голем број на родители ги носат децата на тестирање за алергии во детската болница „Козле“. Во моментов во оваа болница поради различни патологии згрижени се повеќе од 30 дечиња, ама позитивни на КОВИД се само две. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
МакедонијаМаж од Градско изгубил контрола врз тракторот и загинал На 25.07.2026 во СВР Велес било пријавено дека околу 18:00 часот кај место викано „Србиново“ во атар на с.Уланци, општина Градско, С.Л.(81) од Градско, управувајќи трактор со приколка , изгубил контрола и со тракторот излетал од патот. Од здобиените повреди, С.Л. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Македонија!6- годишно момче од Кондово починало, откако со мајка му било на гости во с. Синѓелиќ На 25.07.2026 во 16.22 часот во СВР Скопје, од Комплекс клники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен 16-годишник од с.Кондово.На 25.07.2026 во 16.22 часот во СВР Скопје, од Комплекс клники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен 16-годишник од с.Кондово, кој за кратко време починал. Според пријавеното, тој со неговата мајка бил на гости кај роднини во с.Сингелиќ, при што во еден момент му се слошило и паднал во бессознание. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обукција, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
ЕвропаДобринт: Во Берлин се случи исламистичко терористички напад, еден загинат и 29 повредени Нападот на Парадата на гордоста во Берлин е исламистичко терористички напад, изјави денеска германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт.Нападот на Парадата на гордоста во Берлин е исламистички терористички напад, изјави денеска германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт, додавајќи дека осомничениот за нападот им бил познат на полицијата и безбедносните служби по неколку претходни кривични дела. „Сè што гледаме укажува на исламистички терористички напад“, изјави германскиот министер на прес-конференција, според германската јавна служба за покраините Берлин-Бранденбург RBB. Според него, осомничениот Абдул Б. прво удрил во луѓето со својот автомобил, а потоа излегол од возилото и нападнал повеќе минувачи со остро оружје, најверојатно со мачета, предизвикувајќи дополнителни сериозни повреди. Добринт рече дека осомничениот претходно им бил познат на полицијата и безбедносните служби по неколку кривични дела, процес на радикализација и врски со исламистичката сцена. „Имало високо ниво на криминална активност, радикализација и припадност на исламистичка средина“, рече министерот. Тој изјави дека Абдул Б. претходно бил осуден на една година и десет месеци затвор од суд во Берлин, но дека казната била условна. Добринт изјави дека осомничениот е роден во Германија во 2005 година и имал германско државјанство по раѓање. Неговото семејство е по потекло од Либан, додека неговата мајка добила германско државјанство во 2002 година, неколку години пред неговото раѓање. Германскиот министер рече дека осомничениот е сè уште на слобода, поради што полициските активности се засилени во Берлин, како и на железничките станици, аеродромите и границите низ цела Германија. Според информациите презентирани од Добринт, во нападот се повредени 29 лица, од кои некои се сериозно повредени, додека едно лице починало. Претходните проценки зборуваа за 16 повредени.Тагови: Берлин напад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47