Алексовски го освои шампионскиот пехар на турнир во Барселона - Канал 5

Алексовски го освои шампионскиот пехар на турнир во Барселона

Огромен успех постигна младиот македонски тенисер Марко Алексовски на турнирот во Барселона за играчи до 14 години освојувајќи го шампионскиот пехар. 

Алексовски го освои шампионскиот пехар на турнир во Барселона

Тој на патот до пехарот во последните три меча ги победи тројца од првите четири носители и сосема заслужно го освои пехарот.

Во денешното финале на „Антонио Хернандез Куп“ (категорија 1), Алексовски до победата стигна откако ривалот го предаде мечот.

Вториот носител Стефан Шангичев од Шпанија го доби првиот сет во тајбрејк со 7-6 (8:6 на поени) во кој решаваа нијанси, а притоа Алексовски не искористи три сет топки (две во сетот и третата во тајбрејкот). Но, тоа не беше причина македонскиот тенисер да продолжи со добрата игра. Напротив во вториот сет Марко заигра уште подобро и поведе со 3:0 во гемови кога противникот го предаде мечот.

Алексовски во финалето го победи вториот носител, во полуфиналето беше поуспешен од четвртиот носител, а во четвртфиналето го елиминираше и првиот носител.

Алексовски на патот до трофејот ги совлада: Бен Висер (Изараел), Алваро Марин (Шпанија), Хозе Луис Вега Понс (Шпанија), Франциско Сардиња (1.носител, Португалија), Јаков Мазин (4.носител) и Стефан Шангичев (2.носител, Шпанија).

Марко Алексовски е дел од тимот на ITF-Tennis Europe кој е финансиран од Grand Slam Development Fund претходната недела играше полуфинале на турнирот во Белгија, а следната недела го очекува уште ден настап на турнир во Аликанте, Шпанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Сотир Костов

Во понеделник, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Сотир Костов

„На кавга со Иван“ - Сотир Костов

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седум полициски службеници во Србија се притворени во врска со случајот Данка Илиќ

Со одлука на Вишиот суд во Ниш, на седум полициски службеници од Бор им е одреден притвор во траење од еден месец.

Седум полициски службеници во Србија се притворени во врска со случајот Данка Илиќ

Тие се осомничени за злоставување и мачење на Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, кои се обвинети за убиството на малата Данка Илиќ. Полициските службеници биле уапсени на 14 ноември. Наводното злоставување се случило додека Јанковиќ и Драгијевиќ биле задржани во Полициската управа во Бор за време на истрагата за убиството, пренесува „Н1 Инфо“.

Судска одлука

Портпаролката на Вишиот суд во Ниш за новинската агенција „Бета“ потврди дека притворот е одреден од страна на судија за претходна постапка – одлука која сè уште не е правосилна. Таа појасни дека одлуката се заснова на Кривичниот законик, наведувајќи ги следниве основи за притвор: опасност од влијание врз доказите или сведоците, опасност од повторување на кривичното дело, како и вознемирување на јавноста поради тежината на стореното дело.

Обвинителство и поврзан смртен случај

Во врска со апсењата, Вишото јавно обвинителство во Ниш соопшти дека претходно издало налози за приведување на полициските службеници. Според соопштението, припадниците на Секторот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи во тој момент не постапиле по тие налози.

Минатата недела, обвинителството во Ниш нареди апсење и на уште осум други полициски службеници. Тие се осомничени дека му нанеле тешки телесни повреди на Далибор Драгијевиќ – брат на осомничениот Дејан Драгијевиќ – во полициската станица во Бор. Далибор Драгијевиќ починал на 7 април 2024 година како последица на тие повреди. Вишиот суд во Ниш одреди притвор од 30 дена и за оваа група полициски службеници.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пронајдени пет лица мигранти од Непал, лишен од слобода криумчарот, следува пријава

Лицето е задржано во полициска станица, а мигрантите се спроведени во прифатен центар за странци во Скопје. 

Пронајдени пет лица мигранти од Непал, лишен од слобода криумчарот, следува пријава

На 17.11.2026 во 22:30 часот во Куманово, кај местото викано „Нато клучка“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при РЦ за ГР Север го лишија од слобода А.И.(29) од Скопје. при контрола во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти од Непал.

Лицето е задржано во полициска станица, а мигрантите се спроведени во прифатен центар за странци во Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер