Александра Пријовиќ за прв пат објави фотографија од трудничкиот стомак - Канал 5

Александра Пријовиќ за прв пат објави фотографија од трудничкиот стомак

Мегапопуларната балканска пејачка Александра Пријовиќ го чека своето второ дете со сопругот Филип Живојиновиќ, а сега се појавија и првите фотографии од бремената Прија. 

Александра Пријовиќ за прв пат објави фотографија од трудничкиот стомак

Александра Пријовиќ, нејзиниот сопруг Филип и синот Александар моментално престојуваат во Мајами, каде што пејечката го однела својот син во Дизниленд.

Прија на својот Инстаграм сподели неодоливи фотографии на кои имаме можност да видиме како пејечката изгледа во поодмината бременост.

Александра блеска во долг црн фустан, а синот и го бакнуваше трудничкиот стомак.

Инаку, тие семејно отпатуваа во Мајами, каде Лепа Брена и Боба Живојиновиќ имаат луксузна вила вредна 18 милиони евра. Со нив на пат е и Виктор Живојиновиќ, како и сестрата на Брена Факета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цените на нафтата паднаа под 80 долари за барел

Цените на нафтата на светските пазари денека паднаа за повеќе од пет отсто, и веќе се продава под 80 долари по барел. 

Цените на нафтата паднаа под 80 долари за барел

До оваа ситуација дојде по сигналот дека САД и Иран би можеле веќе оваа седмица да постигнат договор со кој би се овозможил непречен премин на танкерите низ Ормускиот теснец и обнова на извозор на енергенси од регионот на Персискиот залив, пренесе „Трејдинг економикс“.

Меѓународно референтата нафта „Брент“ се движеже од околу 78,5 долари за барел, а американската сурова нафта ВТИ се приближи до нивото на околу 75,5 долари за барел.

Падот на цените практично го поништи најголемиот дел од растот забележан во текот на неодамнешните судири на Блискиот Исток, по што на пазарот се очекјува скоро обновување на извозот од земјите во Персискиот залив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Катар ќе биде домаќин на подготвителни состаноци меѓу САД и Иран во Доха

 Катар ќе биде домаќин на индиректни подготвителни состаноци меѓу САД и Иран во својот главен град, Доха, оваа недела, објави агенцијата Франс-прес во понеделник.

Катар ќе биде домаќин на подготвителни состаноци меѓу САД и Иран во Доха

Додека Пакистан во последните месеци беше во центарот на вниманието како главен посредник во дипломатските напори насочени кон премостување на јазот меѓу позициите на САД и Иран и обезбедување договор меѓу нив, Катар се појави како влијателен дипломатски играч кој работи зад сцената за да го поддржи процесот на преговори и да го отвори патот за разбирање меѓу двете страни, кое официјално ќе биде потпишано, како што беше најавено во Швајцарија, овој петок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новата генерација инженери на ФЕИТ: 184 дипломи и повик за одговорност во време на технолошки промени

Вчера, во големата сала на Македонската Филхармонија, Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) одржа свечена промоција на новата генерација дипломирани инженери и магистри.

Новата генерација инженери на ФЕИТ: 184 дипломи и повик за одговорност во време на технолошки промени

Вчера, во големата сала на Македонската Филхармонија, Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) одржа свечена промоција на новата генерација дипломирани инженери и магистри, на која беа врачени вкупно 184 дипломи - 150 дипломирани инженери и 34 магистри.

На промоцијата беа посебно истакнати академските резултати: 32 дипломци оствариле просек над 9, што беше посочено како рекорден број за факултетот и причина за посебна чест. Во рамките на настанот беа доделени и пофалници за најуспешните студенти, а многумина од присутните го потенцираа значењето на практичните вештини и поврзувањето со индустријата како клучни фактори за вработување и професионален развој.

Во својот говор, деканот д-р Владимир Атанасовски ја поврза традицијата на факултетот со предизвиците на современото време и ја нагласи улогата на инженерите во општеството. Тој посочи дека образованието на ФЕИТ не е само пренесување на теории, туку градење на инженерска логика и способност за решавање проблеми. Деканот Атанасовски истакна дека „инженерот не е оној што ги знае сите одговори, туку оној што знае како да дојде до нив.“

Промоцијата беше и прилика за потсетување на историскиот континуитет на факултетот – ФЕИТ оваа година одбележува 67 години постоење – и на мрежата на поранешни студенти кои низ генерации придонесувале за развојот на енергетиката, телекомуникациите и дигиталното општество. Во говорот, деканот упати и јасен апел за етичка употреба на технологијата и за општествена одговорност на новите инженери, нагласувајќи дека техничките вештини мора да одат рака под рака со вредности како интегритет и критичко размислување. Тој порача: „Вие сте тие кои треба на општеството да му покажат како треба да се користи технологијата за добро.“

Покрај официјалниот дел, програмата изобилуваше и со неформални средби меѓу дипломците, професорите и претставниците на индустријата, кои ја искористија можноста за размена на контакти и разговори за можни практични соработки и стажирања. Родителите и семејствата, присутни во голем број, беа поздравени како „тивката сила“ зад успехот на студентите, а се истакна и важноста на поддршката и трпението во текот на студиите.

Магистрантите добија посебно признание за одлуката да го продолжат образованието и да се стекнат со повисоко ниво на стручност, при што беше нагласено дека магистерските студии ги подготвуваат за лидерски улоги и за преземање посложени професионални предизвици. Присутните компании и истражувачки центри изразија интерес за вклучување на дел од дипломците во проекти и развојни тимови, што беше оценето како позитивен сигнал за пазарот на труд.

Новата генерација официјално го започнува својот професионален пат, со порака дека дипломата од ФЕИТ носи и обврска – да се применуваат стекнатите знаења во служба на општеството и да се работи за создавање решенија кои ќе го подобрат секојдневниот живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер