Александра Пријовиќ: Да, точно е, бремена сум - Канал 5

Александра Пријовиќ: Да, точно е, бремена сум

Александра Пријовиќ ја даде првата изјава откако српските медиуми објавија дека е бремена.

Александра Пријовиќ: Да, точно е, бремена сум

„Точно е, бремена сум. Ви благодарам на честитките“, накратко изјавила за Блиц.

За потсетување, најголемата регионална фолк ѕвезда го очекува своето второ дете со сопругот Филип Живојиновиќ. Со концерт во белградска арена на 22 декември, таа ја заврши турнејата, која вклучуваше шест настапи во Загребската арена, и реши на одредено време целосно да се повлече од сцената.

Александра и Филип, посинокот на Лепа Брена, го добија синот Александар пред шест години, на 6 март 2019 година.

Хујсен и официјално нов фудбалер на Реал Мадрид

Дефанзивецот на премиерлигашот Борнмут, Дин Хујсен, потпиша денеска договор со Реал Мадрид до 2030 година.

Хујсен и официјално нов фудбалер на Реал Мадрид

Хујсен ќе му се приклучи на Реал на 1 јуни, со што ќе може да настапи на Светското клупско првенство следниот месец.

Борнмут објави попладнево дека Реал ја активирал откупната клаузула од 50 милиони фунти (66,36 милиони долари) за да потпише петгодишен договор со 20-годишниот дефанзивец.

Хујсен одигра 34 натпревари за Борнмут оваа сезона, постигнувајќи три голови

Шпанскиот репрезентативец Хујсен, кој е роден во Холандија, дебитираше за Шпанија во март во Лигата на нации./МИА

Вицепремиерот Фетаи со „идеални пријатели од АА“ на гости кај Курти во Приштина

Дали и вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, ќе го следи примерот на Азири, се уште е без официјална потврда.

Вицепремиерот Фетаи со „идеални пријатели од АА“ на гости кај Курти во Приштина

Тој на фејсбук индиректно најави такво нешто, објавувајќи фотографии од средбата со косовскиот премиер, Албин Курти во Приштина, на која присуствува и Азири.

Во зората на овој ден, заедно со некои идеални пријатели од Алијансата за Албанците, тргнавме по патот кон Приштина, поминувајќи го автопатот „Арбен Џафери“, пат кој за нас не е само инфраструктура, туку симбол на нашата духовна и национална врска, напиша на фејсбук Фетаи, за кого се погласно се шпекулира дека ќе го напушти Таравараи и ќе остане во владата.

Ердоган: Состанокот Украина-Русија во Истанбул исклучително важен за ставање крај на војната

Првите директни мировни разговори меѓу Русија и Украина од пролетта 2022 година, одржани во Истанбул, беа „исклучително важни“ за напредок кон ставање крај на војната, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган: Состанокот Украина-Русија во Истанбул исклучително важен за ставање крај на војната

Тој на новинарите во авионот со кој се враќаше од самитот на Европската политичка заедница во Тирана, им рече дека „состанокот на делегациите на двете држави (Русија и Украина) во Истанбул е исклучително важен за завршување на војната … и воспоставување мир“.

Првите мировни преговори меѓу делегациите на Украина и Русија од пролетта 2022 година се одржаа вчера во Истанбул со посредство на Турција.

Русија преку својот преговарач Владимир Медински соопшти дека е „задоволна“ од исходот на преговорите одржани во Истанбул и оти е „подготвена да ги продолжи контактите“.

Во преговорите кои траеја малку помалку од два часа, Русија и Украина се договорија да разменат по 1.000 воени заробеници, што е најголема размена досега, а исто така се договорија да разменат детални предлози за прекин на огнот.

Украина побара средба на шефовите на држави Владимир Путин и Володимир Зеленски, а Медински рече дека Русија ќе го разгледа тоа, и додаде дека Русија е подготвена да ги продолжи разговорите.

притисни ентер