Александра Пешевска, лауреат на ФКТ „Ристо Шишков":Наградата ја посветувам на татко ми, актерот Живко - Канал 5

Александра Пешевска, лауреат на ФКТ „Ристо Шишков":Наградата ја посветувам на татко ми, актерот Живко

Актерката на кумановскиот театар Александра Пешевска  ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 28-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков". 

Александра Пешевска, лауреат на ФКТ „Ристо Шишков":Наградата ја посветувам на татко ми, актерот Живко

Таа е наградена за улогата на Кејт во претставата „Телефонот на мртовецот" од Сара Рул, во продукција на театарот од Куманово во режија на Александар Ивановски.

По врачувањето на наградата истакна дека се надевала оти ќе ја добие престижната награда.

-Без лажна скромност се надевав, затоа што кој ја следеше претствата можеше да забележи дека имав габаритна улога, тешка претстава и тоа не само за мене, туку за сите актери. Морам да кажам дека наградата е и на театарот и на цела наша екипа. Сите се заслужни. Меѓутоа, понесена од различни искуства од порано не сакав премногу да се надевам. Многу пријатно сум изненадена, посебно што во такви услови се случи фестивалот, вели Пешевска.

Што значи наградата за вас?

-Таа значи многу за мене. Јас за Шишков имам слушано откако почнав да зборувам, од дете, од двегодишна возраст. Верувам дека оваа награда е најзначајна за секој актер од сите други што се доделуваат во нашата скромна земја, бидејќи е единствена и е само една и гласи за актерско остварување.

Фестивалот се одржа во услови на пандемија. Што правевте во овие шест-седум месеци откако е прогласена епидемијата?

-Прво не ја сфативме пандемијата премногу сериозно и дека толку многу ќе трае и некако не најде сите како затечени. За актерите е многу тешко, бидејќи проби, адреналин нема и кога сфативме дека работата е сериозна повеќе отколку што очекувавме, единствено добро нешто беше што големите европски и светски театри одлучија да почнат со онлајн претстави. Два и пол месеци тоа работевме. Бркавме ликови, гледавме се што може да изгледаме од големи и важни режисери, кои реално немаме прилика вака да ги видиме. И тоа колку-толку ја ублажи работата. Сакам да го спомнам татко ми. Прво што помислив, кога рекоа толку долго време ќе биде „локдаунот" и кога беше затворен нашиот, кумановски, театар и се отвори 1992 година, и тогаш кога беше затворен сите актери беа во театарот и чуваа стража, не сакаа да си заминат дома. Ние, тогаш деца, им носевме леб, вода и кога го прашав татко ми зошто си толку тажен, тој ми објасни:да му земеш на актер да не дојде на претстава, да не игра, е исто како на фудбалер да му ја земеш топката. И сега разбрав што значи тоа. Го истуркавме овие 6-7 месеци и ќе видиме што понатаму.

Што понатаму?

-Ништо, ќе измислиме некој начин, некој протокол за да биде побезболно и ќе одржуваме проби. Ќе одржуваме некои проби, се надевам ако не послужи времето ќе можеме да го искористиме отворениот простор, дворот, како што игравме сега детска претстава.

Дали наградата ќе му ја посветите на Живко Пешевски?

-Да, секако, му ја посветувам на Живко Пешевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 19. август 2026 година

Дневен хороскоп за среда, 19. август 2026 година. 

Дневен хороскоп за 19. август 2026 година

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Без оглед што самодовербата ќе ви биде разнишана, излезете и дужете се со луѓе.Се ќе излезе на добро.

Кариера

Постојат уште некои договори кои не се толку важни , но треба да ги доработите до крај.Денеска ќе се занимавате со нив.

Здравје и совет

Мали двоумења.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе се покажете како вешт организатор на љубовни настани.Ќе успеете да го добиете она што го посакувате.

Кариера

Треба да внимавате со вашето однесување да не ги навредите важните лица или надредените.Тие ќе ве доживуваат како стрес.

Здравје и совет

Ќе ви недостига мир.Повлечете се.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашата потреба за љубов и внимание денеска ќе биде зголемена , а надворешната сосотојба нема да ви помага.Од таму и фрустрациите.

Кариера

Се што досега сте преживеале , ќе знаете да го наплатите.Ќе се договарате околу вашата наплата или хонорар.

Здравје и совет

Не мора се да биде по ваше.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Понекогаш не можете да се препознаете.Се чини дека сакате повеќе од она што ви е дадено.Бидете поскромни , па ќе имате повеќе среќа.

Кариера

Не треба да се споредувате со другите.Секој е единствен и има свој талент.Треба само да се открие.

Здравје и совет

Преиспитајте се.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Пред вас е емотивно напорен ден во кој ќе се појават преодни фрустрации.Немојте премногу да ги зенате при срце.

Кариера

На повидок е успешен договор или одобрување во врка со еден важен проект.Тоа ќе ве израдува.

Здравје и совет

Мали емотивни грижи.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Некако ќе се скротите и ќе увидите дека нема некаков напредок , барем за сега.Ќе се посветите на други работи.

Кариера

Би можеле да бидете многу успешни.Свртете се околу себа и ќе видите многу можности што не сте ги забележувале.

Здравје и совет

Бидете будни во секој момент.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

На моменти ќе бидете целосно отворени и со леснотија ќе комуницирате со другата страна , а на моменти ќе се повлечете и ќе влезете во својот свет на соништата.

Кариера

Работите поврзани со пари или со вашата заработувачка денеска би требало да тргнат кон , нова позитивна насока.

Здравје и совет

Не ги заборавајте паузите .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Сигурни сте во себе и знаете што да очекувате од љубовта.Многумина денеска ќе се покажат пред друштвото, било да се сами или во двојка.

Кариера

Вашиот интензивен период ќе покрене многу позитивни аспекти , а ќе дојде и она што до чекавте.

Здравје и совет

Можете да поместите планини.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе ја комбинирате страста со наивност.Ќе им бидете многу интресни на лицата од спротивниот пол , но нема да знаат на што се додека се со вас.

Кариера

Не се чудете доколку ви предложат некои помали промени.Многу се веројатни и ќе ви донесат сигурност и стабилност.

Здравје и совет

Прифатете го она што доаѓа.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Леснотијата со која денеска ќе ги остварувате контактите денеска ќе биде зачудувачка.Единствено е важно да не зборувате премногу и што било.

Кариера

Сите работи поврзани со луѓе , или комуникации лесно ќе се одвиваат.

Здравје и совет

Прво промислете па потоа кажете.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денеска ќе посакате повеќе љубов и внимание, па така и ќе се поставите.Саканата личност ќе биде изненадена со вашата нежност.

Кариера

Саботажа е нешто што навреме треба да се открие и да се избегне.Мали детективски активности ќе ги осуетат намерите на противниците.

Здравје и совет

Работете колку што можете.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

За вас веќе нема препреки , ниту тешкотии.Љубовниот живот ви е стабилен и она што го сакате-среден.

Кариера

Се повеќе очи се вперени во вас и многу се очекува од вашата работа.Свесни сте за тоа, па подгответе ја вашата програма за работа.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јон Фрчкоски во „Вести плус“

Почитувани, вечерва во Вести Плус, ќе гостува Јон Фрчкоски

Јон Фрчкоски во „Вести плус“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крава отелила теле со две глави и осум нозе- ветеринарите дошле во селото и се шокирале (ВИДЕО)

Необичен настан во јужна Индија го привлече вниманието на јавноста, откако се роди теле со две глави и осум нозе.

Крава отелила теле со две глави и осум нозе- ветеринарите дошле во селото и се шокирале (ВИДЕО)

Ветеринарите беа повикани на местото на настанот, а според локалните медиуми, тие ѝ помагаа на кравата да го роди телето по четири до пет часа, објавува Дејли Стар.

Веста брзо се прошири низ заедницата

Кога телето конечно беше извлечено, ветеринарите беа запрепастени. Пред нив се појави животно со две споени глави и осум нозе - исклучително ретка аномалија што се јавува за време на развојот на фетусот во матката.

Необичната вест брзо се прошири низ заедницата, а голем број љубопитни селани од округот Гунтур дојдоа да го видат новороденото животно.

Според достапните информации, телето починало кратко време по раѓањето, додека кравата е жива и здрава.

Ветеринарите изјавија дека ваквите случаи се исклучително ретки и дека тие може да бидат резултат на абнормалности што се јавуваат за време на развојот на фетусот во матката.

Аномалијата е особено изразена

Случаи на животни родени со две глави може да се појават кога ембрионот не се одвои целосно во раните фази на развој. Ова резултира со сијамски, или споени, близнаци, кои можат да имаат дуплирани делови од телото.

Во овој случај, аномалијата беше особено изразена, бидејќи телето имаше две глави и вкупно осум нозе.

Иако ваквите животни можат да привлечат многу внимание поради нивниот необичен изглед, нивните шанси за преживување често се многу мали.

Тешките развојни аномалии можат да влијаат на виталните органи и мозокот, додека неправилно развиените или дуплираните структури на телото можат да ги отежнат основните животни функции, како што се дишењето, хранењето и циркулацијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер