Александар Ристевски, Александар Генчов и Александар Трајановски во „Само Вистина“ - Канал 5

Александар Ристевски, Александар Генчов и Александар Трајановски во „Само Вистина“

Почитувани гледачи, вечерва во Само Вистина ќе дебатираат Александар Ристевски, Александар Генчов и Александар Трајановски.

Александар Ристевски, Александар Генчов и Александар Трајановски во „Само Вистина“

Кој го поткопува мултиетничкиот карактер на државата, а кој наоѓа изговори за неостварените желби? За што ќе протестира Ахмети и дали овој пат кај Албанците ќе поминат национал-романтичарски наративи?

Дали наместо решенија за проблемите во политиката хазардерството доаѓа до израз?

Кој го разнишува единството во владината коалиција, извесна ли е иднината на Алијанса во Владата или ќе продолжат во опозиција?

Полни усти реформи – каскаат на дело, од каде да се почне?

Дали и евроинтегративниот пат на земјава ќе го чека исходот на локалните избори?

Вечерва Елизабета Галевска со Александар Ристевски, Александар Генчов и Александар Трајановски.

Ана де Армас и Том Круз во врска: Актерот потрошил богатство само за да ја импресионира

Нов пар кој ја шокира холивудската сцена се Том Круз и Ана де Армас – актерскиот пар влезе во романса по заедничко снимање, а сега се следени на секој чекор!

Ана де Армас и Том Круз во врска: Актерот потрошил богатство само за да ја импресионира

Том Круз се обидува да ја импресионира својата нова девојка Ана де Армас — потрошил 8.600 фунти само за пат до аеродромот.

Холивудскиот актер, кој има 62 години, не штедел пари на патување до Њујорк, пишува „Сан“.

„Тој е вистински џентлмен. . Ако тоа значи да се фрлаат пари – така нека биде“

Тој изнајмил хеликоптер вреден 1 милион фунти за да ја однесе Ана од центарот на Лондон до аеродромот Хитроу, што го чинело 4.850 фунти.

Потоа платил уште 3.812 фунти за пристап до ВИП Виндзор салата на аеродромот.

Вкупната сума од 8.662 фунти е повеќе од двојно од цената на нејзината прва класа авионска карта со Бритиш Ервејс.

Извор изјави: „Том сака Ана да знае дека може да го добие најдоброто од најдоброто и не се замара со цената. Тој е вистински џентлмен и само сака да биде добар со неа. Ако тоа значи да се фрлаат пари – така нека биде.“

Ана, која глумеше во Бонд филмот „Нема време за умирање“ во 2021 година, првпат беше поврзана со Том кога беа видени на вечера за Денот на вљубените.

Оттогаш, врската се развива — Том дури ја однел на краток одмор во Мадрид за Велигден.

Јавно ја потврдија врската на прославата на 50-тиот роденден на Дејвид Бекам во Лондон минатата недела.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза?

Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза?

Филипче молчи за потеклото на златната виза за Дубаи, која може да се добие само преку инвестиции.

Филипче 3 месеци ја лаже македонската јавност. Прво велеше дека нема виза, па потоа призна дека има. Овие менувања на ставови на Филипче, не се нови.

Лаги и менување на ставови на дневна основа, правеше неговиот ментор, Зоран Заев.

Филипче како чирак и ученик на Заев, продолжува по неговите стапки. Ем лаже, ем манипулира, ем златна виза за Дубаи.

Македонската јавност заслужува одговори. Филипче мора да одговори на тоа од каде му е нему златна виза и како дошол до неа? Дали има приватен бизнис кој го крие од јавноста? Дали можеби Филипче има удел во бизнисот на Заев за градење 50 катница во Дубаи?

Филипче и Заев треба да се минато во македонската политика и да одговараат за нивните предавства и криминал.

Филипче, Заев и СДС се синоним за неспособност, криминал и предавство.

ВМРО-ДПМНЕ

Чествување на 195 години од раѓањето на Прличев со промоција на книга од академикот Митевски

 Во книжарницата на „Матица македонска“ денеска ќе се одржи промоција на новата книга на потпретседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Витомир Митевски насловена „Прличев и епската традиција“. 

Чествување на 195 години од раѓањето на Прличев со промоција на книга од академикот Митевски

Со промоција на ова издание во рамките на манифестацијата „Книга во секој дом“, „Матица македонска“ ќе ја чествува 195-годишнината од раѓањето на Григор Прличев.

Промотор на делото ќе биде проф. д-р Ратко Дуев.

– Во суштина, книгата што е објавена годинава претставува синтеза на повеќестрани, споредбени анализи на двете главни поетски дела на Прличев, „Сердарот“ и „Скендербеј“, во потрага по изворната инспирација на поетот. Запазувајќи го строгиот научен пристап во истражувањето, Витомир Митевски длабоко навлегува во тајните на творечката поетска лабораторија и открива двојно влијание во овие две значајни поетски дела. Од една страна, тука е добро познатото влијание на Хомер, а од друга страна се издвојува до сега скоро незабележаното влијание на византиската епска традиција. Пристапувајќи му на поетското дело на Прличев од овие два аспекта, авторот остварува продлабочен увид во генезата на ова клучно творештво во македонскиот XIX век, соопштија од „Матица македонска“.

Манифестацијата „Книга во секој дом“ ќе трае до 15 мај. Покрај промоциите и средбите со автори, од „Матица македонска“ соопштија дека за над 300 книги од странската и домашната продукција е овозможен попуст до 70 проценти.

притисни ентер