Александар Пандов и Газменд Ајдини во „Само вистина“

Почитувани гледачи, вечерва во Само Вистина ќе дебатираат Александар Пандов и Газменд Ајдини

Дали средбата Мицкоски-Мицотакис во Вашингтон ќе ги смири страстите околу Преспанскиот договор или дополнително ќе ги разгори? Скопје или Атина, кој не го почитува договорот?

Мицкоски и понатаму категоричен дека нема да има уставни измени под бугарски диктат.. Која е неговата стратегија за поинакво решение со идната политичка влада во Бугарија?

Ќе бидат ли остварени ветувањата за подобрување на животниот стандард, што ќе донесат големите економски ветувања на новата влада?

Кој од кандидатите за лидерската фотелја на СДСМ има способност да ја врати партијата повторно „на нозе“?

Вечерва во Само Вистина Михаела Димовска со Александар Пандов и Газменд Ајдини, веднаш по вестите во 18 часот.

Сирија: Терористичката група „Исламска држава“ убила над 4000 луѓе од поразот во 2019 година

 Џихадистите од терористичката група Исламска држава (ИД) убиле околу 4100 луѓе во Сирија откако го загубија своето последно упориште во земјата во 2019 година, соопшти денеска Сириската опсерваторија за мониторинг на човекови права (СОЧП).

ИД презеде контрола над делови од Сирија и Ирак во 2014 година, прогласувајќи калифат и наметнувајќи режим на терор пред да биде поразена во 2019 година од меѓународната коалиција предводена од САД и курдските сили.

По територијалниот пораз, џихадистите се повлекоа во огромната сириска пустина и продолжуваат со смртоносни напади, главно насочени кон армијата и силите доминирани од Курдите.

Од 2019 година, борците на ИД убиле околу 4100 луѓе во повеќе од 2550 операции во областите под контрола на режимот или под контрола на полуавтономната курдска управа, соопшти Опсерваторијата.

Повеќето од жртвите се војници, но бројот на жртви, исто така, вклучува 627 цивили, наведува СОЧП, чија седиште е во Обединетото Кралство, но има широка мрежа на извори низ Сирија.

Едвај поминува ден без напад, заседа, целна операција или изненаден напад од џихадистите во регионот, истакнува организацијата додека режимските сили и групите што ги поддржуваат редовно спроведуваат безбедносни операции во пустината, со поддршка на руските воени авиони.

ИД претрпе тешки загуби со повеќе од 2000 убиени џихадисти, вклучувајќи водечки функционери, наведува СОЧП.

Извештајот на Обединетите нации објавен во јануари проценува дека бројот на борци на ИД во Ирак и Сирија се движи од 3000 до 5000.

Во граѓанската војна во Сирија, која избувна во 2011 година по бруталната репресија на владата врз продемократските демонстрации, загинаа над половина милион луѓе, што ја подели земјата./МИА

Алкараз: Подготвен сум да ги „врзам“ Ролан Гарос и Вимблдон

Вимблдон е во тек, а во центарот на вниманието сега е актуелниот шампион и победник на Ролан Гарос, Карлос Алкараз. Шпанецот истакнува дека е подготвен да ја одбрани титулата.

- Во моментов, не се чувствувам особено посебно. Иако, овде се ми е посебно, бидејќи минатата година имав две одлични недели. Но, јас само сакам да гледам на ова како на секој турнир. Се чувствувам одлично, имав многу денови да се адаптирам, да тренирам. Се чувствувам многу порелаксирано кога се движам и играм на трева, изјави Алкарас.

Шпанецот доаѓа со „ореолот“ на освојување на Ролан Гарос и има шанса да го направи она што не го направија многу луѓе во отворената ера - да ги освои Ролан Гарос и Вимблдон во истата година. Ова го постигнаа Бјорн Борг три пати, Рафаел Надал двапати и Род Лејвер, Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ по еднаш.

- Само да се освои Гренд слем е тешко. Сè е уште потешко кога за краток временски период се префрлате од земја на трева. Но, да речеме дека ќе се обидам да го направам тоа. Сакам да се приклучам на листата на малиот број луѓе кои го направиле ова. Знам дека ќе биде многу тешко, многу предизвикувачки. Но, мислам дека сум подготвен за тоа, порача Шпанецот.

Тој призна дека гледа видеа од поранешните шампиони, но потенцира дека нема ништо да промени во својата игра.

-Сè уште гледам снимки од Роџер, Енди (Мареј), Рафа, како и Новак. Сега ги гледам моите снимки за да видам како го направив тоа, заврши Алкараз. /МИА

Борел: Сојузот меѓу Русија и Кина би можел да го подели светот

Западот денес има голема одговорност да спречи поделба меѓу Западот и Истокот, изјави високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел. Тој додаде дека сојуз меѓу Русија и Кина би можел да го подели светот.

На меѓународната конференција Дубровник форум 2024, Борел истакна дека денес има криза на мултилатерализмот, па многу држави се свртуваат кон мултиполарност бидејќи им е попрофитабилна, пренесе Хина. Тој додаде дека мултилатерализмот е заменет со трансакициски односи.

- Има повеќе играчи, помалку правила. Исто така, има многу повеќе немири, оцени Борел.

Тој ги објасни и двете главни причини за огорченоста на Глобалниот Југ кон развиениот Запад. Првиот е вакцинацијата за време на пандемијата со ковид-19, кога земјите од Западот први ја добија вакцината. Вториот проблем е што послабо развиените земји ќе страдаат многу повеќе поради климатските промени, кои ги предизвикуваат индустриски најразвиените земји во светот. /МИА

притисни ентер