Александар Николоски во „Само интервју“

Дами и господа, вечерва во Само Интервју гостува вицепремиерот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Како ја оценуваат одлуката на Уствавниот суд за законот за јазиците и дали таа може да биде повод за посериозни политички и етнички тензии?

Еуфоријата на ДУИ ја стиши Стејт Депарментот – ќе одговораат ли Артан Груби и Енвер Беџети пред домашните судови, или секое чудо за три дена? Кој се уште може да се најде на црната листа на САД?

Од Влада во Бугарија нема абер – што губиме, а што добиваме од седењето во чекалната на ЕУ?

Од историски грабеж до приоритет за Владата, улогите или условите што се промени во договорот со Бехтел и Енка? Ќе се гради ли пруга кон Бугарија или нашите не се исти со приоритетите на ЕУ и НАТО?

Зошто од опозиција не важат наративите застапувани од позиција на власт?

Вечерва кај Гоце Михајлоски во Само Интервју гостува Александар Николоски, веднаш по вестите.

РФМ ќе поднесе жалба за судењето на мечот со Холандија

Генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Филип Милошевски, најави дека РФМ ќе поднесе жалба до ИХФ за делењето на правдата на средбата со Холандија.

-За 12 години во ракомет не сум видел натпревар со повеќе пенали, повеќе украдени топки, повеќе искалкулирани фаули. Во превод… дробење. Досега ретко сме се жалеле, може двапати до сега, ама ова беше под секое спортско достоинство. РФМ ќе поднесе жалба, но без оглед на резултатот, Македонија победи, напиша Милошевски на Фејсбук./МИА

Итно предупредување до странците, откако над 30 луѓе во Истанбул починаа од ракија со метанол

Холандското Министерство за надворешни работи ги предупреди своите граѓани да избегнуваат пиење алкохолни пијалоци во Турција.

Холандското Министерство за надворешни работи ги предупреди своите граѓани да избегнуваат пиење алкохолни пијалоци во Турција, откако оваа недела беше објавено дека 33 лица починале, а десетици се хоспитализирани во Истанбул, откако конзумирале фалсификуван алкохол загаден со метанол.

Како што објави NL Times, меѓу жртвите има и странски државјани, а не е познато дали меѓу нив има и холандски државјани, бидејќи Министерството не добило никакви барања за помош.

Според Министерството, лицата починале откако испиле алкохол кој бил загаден со метанол, што го засилува дејството на пијалокот. Министерството ги предупреди граѓаните да купуваат алкохолни пијалоци само во официјални продавници каде е дозволена продажба на алкохол.

"Внимателно проверете дали шишињата се затворени. Одете само во доверливи барови и ресторани. Не пијте домашен дестилиран алкохол, на пример, на улица или во нечија куќа. Секогаш внимавајте со храната и пијалоците", се додава во соопштението.

Во Истанбул 33 лица починаа, а 48 се хоспитализирани, од кои 32 се на интензивна нега, откако конзумирале фалсификуван алкохол, јави вчера Anadolu Agency.

Надлежните соопштија дека од почетокот на годинава вкупно 34 лица починале од ефектите на нелегално произведениот алкохол кој содржел метанол.

Според податоците од најновата студија објавена во Турција, во нелегално произведениот алкохол наместо етанол често се додава метанол, бидејќи е поевтин и може да предизвика слепило, оштетување на црниот дроб и смрт.

Четири лица, осомничени дека го продавале алкохолот се уапсени под обвинение за убиство. Од 1 јануари досега во Истанбул се запленети 29 тони нелегален алкохол, а 64 компании кои продаваат таков алкохол ги загубиле лиценците.

Холанѓаните се жалат: Моравме да избегаме од теренот по натпреварот со Македонија

Ракометната репрезентација на Холандија ја совлада Македонија со 37:32 во второто коло на Светското првенство.

Натпреварот се одигра во Вараждин, а заврши во хаос, пренесе Индекс. Македонците незадоволни од резултатот и дел од судиските одлуки го гаѓаа теренот со предмети. Холанѓаните мораа да побегнат.

"Тоа беше голема драма, многу тесна игра. Холанѓаните секогаш беа чекор понапред од Македонците. Заврши во хаос, последните минути завршија со фрлање предмети на теренот. Македонските навивачи ги избркаа Холанѓаните од теренот. “, објави новинарот на ТВ2, Сорен Ридц.

„Човече, почнаа се да нѐ гаѓаат. Никогаш не сум доживеал вакво нешто. Очигледно е така на Балканот. Во еден момент кога требаше да ја исфрлам топката, тие полеаа вода на голот. Апсолутно лудо! Ова нема врска со ракометот. Но, понекогаш е така“, изјави холандскиот голман Матијас Рекс по натпреварот.

притисни ентер