Александар Котевски назначен за вд директор на Филхармонија - Канал 5

Александар Котевски назначен за вд директор на Филхармонија

Александар Котевски е назначен за в.д директор на Македонската филхармонија. Котевски доаѓа на местото на Ангелина Димоска Миташева, која изминативе неколку месеци ја извршуваше оваа функција во институцијата.

Александар Котевски назначен за вд директор на Филхармонија

Како што соопштија од Филхамронија, Котевски е вработен во оваа институција како прв виолончелист во оркестарот во 2015 година. Во периодот од 2011 до 2014 работел како Уметнички директор на Македонската Опера со која во 2013 година ја организира и реализира турнеjата на Македонска Опера во Индонезија каде настапија во светски познатата сала “Aula Simphony” и во салата на храмот “Tzu Chi” каде што концертот се пренесуваше на директен телевизиски пренос пред 50 милиони гледачи. На тој донаторски концерт се собраа над 350.000 евра за настраданите во цунамито во Филипините.

Редовен член бил на оркестарот на Музичка младина на Македонија, Македонска Филхармонија и нејзиниот камерен оркестар, Меѓународниот оркестар во Сараево, Дубровничкиот Симфониски оркестар. Како член на повеќе оркестри и состави настапувал во: Хрватска, Германија, Австрија, Италија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија, Индонезија, Шпанија, Америка, Кина, Израел, Обединетите Арапски Емирати, Казакстан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови успеси за „скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума

Во трка за срцето на Сараево и со награда од Ерусалим: Нови успеси за „скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума.

Нови успеси за „скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума е селектиран во главната натпреварувачка програма за игран филм на 32. Сараевски филмски фестивал, каде што ќе ја има својата европска премиера и ќе се натпреварува за престижното Срце на Сараево. Истовремено, филмот ја освои наградата „Камингс“ како победник во конкуренцијата „Во духот на слободата“ на 43. Филмски фестивал во Ерусалим.

Учеството во Сараево има посебна симболика за филмот. Токму на „CineLink Industry Days“, индустриската платформа на Сараевскиот филмски фестивал, „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во 2022 година, додека сè уште беше проект во развој, ги освои наградите „Film Centre Serbia CineLink Award“ и „Female Voices CineLink Award“. Четири години подоцна, филмот се враќа во Сараево како завршено остварување и како еден од само деветте наслови во главната натпреварувачка програма за игран филм. Фестивалот ќе се одржи од 14 до 21 август 2026 година.

Наградата во Ерусалим ја додели жирито во состав Исак Заблоцки, Нир Бергман и Рони Абулафија. Во образложението, жирито го истакнува комплексниот портрет на женското растење во општествено и економски ограничувачка средина и начинот на кој филмот ги прикажува дискриминацијата, општествените очекувања и односите на моќ што ги обликуваат животите на младите жени.

Жирито посебно ги издвојува самоувереноста и чувствителноста со кои Дина Дума го гради светот на своите ликови, како и оригиналниот и нијансиран портрет поддржан од три исклучителни актерски изведби.

Во образложението се наведува и дека филмот пристапува кон тешките теми со простор за хумор, сочувство и животност, без да нуди едноставни одговори, создавајќи „прецизно и длабоко емотивно филмско искуство што останува со гледачот долго по проекцијата“.

Наградата во Ерусалим е најновото меѓународно признание за „Скејтбордингот не е за девојчиња“. Филмот ја имаше својата светска премиера на фестивалот Трајбека во Њујорк, каде што Дина Дума ја освои престижната награда „Нора Ефрон“.

Филмот ја следи приказната на сестрите Адела и Зара, кои растат во средина во која економската неизвесност, семејните околности и општествените правила сè повеќе ги ограничуваат нивните избори. Нивната блискост е ставена на тест кога традиционалните очекувања се закануваат да ги разделат. Преку нивната лична приказна, филмот отвора теми за женското растење, слободата, солидарноста и правото на сопствен избор.

Сценариото го потпишуваат Дина Дума, Лидија Мојсовска и Теона Стругар Митевска. Во главните улоги настапуваат Ефќар Абаз, Џефрина Јашари, Симонида Селимовиќ и Ганимет Абдула.

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ е копродукција меѓу Северна Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска. Филмт е реализиран со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија. Продуценти на филмот се Лабина Митевска, Себастијан Делоа, Даниел Хочевар и Вања Сремац.

Продукцијата „Сестри и брат Митевски“ годинава ќе биде двојно застапена на Сараевскиот филмски фестивал. Покрај „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во главната натпреварувачка програма, филмот „Мајка“ ќе биде прикажан во селекцијата „Во фокус“, каде што ќе ја има својата босанскохерцеговска премиера.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Туск повика на прекин на ксенофобичните напади врз Украинците во Полска

Полскиот премиер Доналд Туск повика на прекин на ксенофобичните напади врз Украинците во Полска, откако во таа земја, во текот на изминатите недели, се случија низа инциденти поврзани со зголемените тензии меѓу Варшава и Киев.

Туск повика на прекин на ксенофобичните напади врз Украинците во Полска

Туск се огласи откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како тројца Полјаци тепаат Украинец и неговата девојка во Вроцлав, наводно по расправија во продавница, пренесува Ројтерс.

Двајцата напаѓачи се уапсени во вчера.

„Секој што врши такви грозоморни дела постапува директно спротивно на интересите на Полска. Вие работите против Полска, во корист на Русија и во корист на полскиот и украинскиот национализам“, изјави Туск на седницата на владата. Според агенцијата, иако Варшава останува цврст поддржувач на Киев, Украинците што живеат во Полска во последниве години се соочуваат со зголемено непријателство од јавноста, бидејќи почетниот бран на сочувство по избувнувањето на конфликтот во Украина отстапи место на заморот од бегалците.

Односите се затегнати и поради одлуката на Украина да именува воена единица по група националистички бунтовници од Втората светска војна – кои во Украина се почитувани поради борбата против нацистите и Советите, но кои во Полска учествувале во масакри врз Полјаци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новите украински ракети можат да стигнат до Москва

-Новите украински ракети можат да стигнат до Москва: „Напредуваме многу брзо, погодуваме важни цели во Русија“!

Новите украински ракети можат да стигнат до Москва

Украина би можела да ги изведе првите напади врз Москва уште оваа есен, користејќи балистички ракети од домашно производство, изјави Денис Штилерман, сопственик и главен конструктор на одбранбената компанија „Фајр поинт“ (Fire Point).

Штилерман наведе дека компанијата е во завршна фаза на тестирање на новиот ракетен систем и дека, штом ќе завршат пробните лансирања, ракетите би можеле да почнат да се користат против цели во внатрешноста на Русија.

„Армијата ќе одлучи каде да удри, но верувам дека тоа веднаш ќе бидат значајни цели“, рече Штилерман.

Штилерман додава дека временската рамка за распоредување на ракетите зависи од резултатите од тестирањата на моторот, вклучително и од финалното испитување на перформансите на моторот на пробната платформа.

„Ќе го поставиме моторот на платформата, ќе спроведеме пробно пуштање во работа и ќе видиме како се однесува. Доколку се појават какви било проблеми, ќе ги отстраниме. Но, напредуваме многу брзо“, рече тој. Овие најнови изјави уследија по претходното интервју со Штилерман, во кое тој наведе дека компанијата „Фајр Поинт“ (Fire Point) се подготвува за сериско производство паралелно со процесот на тестирање.

Имено, компанијата планира да произведе меѓу 10 и 20 ракети за пробни лансирања, при што обемот на производство би можел да се зголеми на десетици единици откако ова оружје ќе добие официјална кодификација и одобрение за набавка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер