3Цветковска: Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта
МакедонијаАлександар Камбовски е нов претседател на Судскиот советСудскиот совет доби нов претседател. Апелацискиот судија од Битола Александар Камбовски, во следните две години ќе раководи со телото кое меѓу другото има функција да ја контролира работата на судовите и судиите. Експресно и едногласно, апелциониот судија од Битола – Александар Камбовски со целосна поддршка од 13 гласа стана нов претседател на Судскиот совет. „Констатирам дека со 13 гласа Судски совет го избра за претседател на Судски совет колегата Александар Камбовски со што донесе и одлука за избор на претседател на Судски совет.“ Камбовски кој е дел од Судскиот совет околу половина година, беше предложен како единствен кандидат од страна на членот на Советот – Исмедин Лимани, кој порача дека станува збор за судија со интегритет и кредибилитет кој доаѓа од Академијата на судии и јавни обвинители, кои вели, полека треба да ги преземаат позициите во правосудството. Збор за поддршка зедоа и членовите на Советот Димовска, Николовски, Чачарова-Илиевски и доскорешната претседателка Весна Дамева. „Камбовски има кредибилитет и интегритет да помогне во создавањето услови што побргу судиите да можат понепристрасно и понезависно да го применуваат правото, а судовите да бидат понезависни. “ Новоизбраниот претседател Камбовски уверува дека институцијата ќе ја води со интегритет и непристрасност, а посочи дека безрезервна поддршка ќе има секој судија кој работи според законите и уставот. Прашан дали ќе има одговорност за апелациониот судија Енвер Беџети кој се најде на црната листа на САД, кажа дека, секаде каде што ќе се утврди незаконско работење, ќе има и одговорност. „Мислам дека е крајно време да ставиме крај, бидејќи мислам дека во Македонија имаме околу 400тини судии и крајно време е тие што се 10,15,20 да ги тргнеме од нашите редови, не кажувам сега конкретно за судијата Енвер Беџети, бидејќи постапка треба да има. Меѓутоа секој оној судија кој што работи, не според законите, туку за некои негови лични интереси, дали потпаднал по влијание дали сакал да оствари некоја друга материјална или нематеријална корист, бидете уверени дека местото нема повеќе да му биде во судскиот систем.“ Камбовски посочи дека е подготвен да се сретне и со премиерот Мицкоски, велејќи дека треба да има соработка и меѓусебна контрола на трите власти во земјава, што е и смислата на самиот Устав. „Кај нас некако тешко се воспоставуваат тие проверки и баланс помеѓу трите власти меѓутоа се надеваме дека ќе успееме да постигнеме некој повисок стандард на постапување и на соработка. Треба да соработуваме и не тоа да се сфаќа како мешање на извршната власт во судската или пак обратно. “ Претходно позицијата претседател ја извршуваше Весна Дамева која непосредно пред истекот на нејзиниот мандат поднесе оставка со образложение дека меѓу причините е и, според нејзе, политичкиот притисок од страна на Владата и премиерот. До кога ќе остане Советот во овој состав засега не се знае, но веќе во јавноста кружат информации дека 4 или 5 судии кои беа избрани во законодавниот дом, можно е да бидат разрешени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНад 70 отсто од Европејците поддржуваат формирање армија на Европската унијаОколу 71 отсто од граѓаните на Европа поддржуваат формирање армија на Европската унија, додека 78 проценти од испитаниците во земјите-членки на унијата сметаат дека треба да се зајакнат нејзините одбранбени капацитети во соработка со НАТО.Тоа покажуваат резултатите од спроведеното истражување на безбедносниот Тинк-Тенк Глобсек за 2026 година, објавени во бриселски „Политико“. Поддршката за формирање европска војска е забележана во сите анкетирани земји-членки на ЕУ. Најголема е во Романија, каде што идејата ја поддржуваат 82 отсто од испитаниците, потоа следуваат Литванија со 78 и во Франција со 75 отсто. Во Полска и Бугарија поддршката изнесува околу 70 отсто, додека во Германија е 69 отсто.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтопанска банка со промотивен депозит за кој каматата се исплаќа однапредСо најновата промотивна понуда, Стопанска банка им овозможува на граѓаните да ги орочат своите средства, со атрактивни фиксни каматни стапки и исплата на каматата однапред, уште на самиот почетокот, во моментот (или на датумот) на орочувањето.Станува збор за промотивен производ кој не е во редовната понуда на депозити во Банката. Рокот на орочување на депозитите од оваа понуда е 25 месеци, со атрактивна годишна каматна стапка од 3,7 отсто за депозити во денари и 2,8 отсто за депозити во евра, која останува непроменета во текот на целиот период на штедење. Една од главните предности е што клиентите ја добиваат пресметаната камата однапред, веднаш при орочувањето на средствата, на сметка по нивен избор. Минималниот износ што може да се орочи е 300.000 денари или 5.000 евра, а понудата е достапна за резиденти и нерезиденти. Клиентите во секое време можат да имаат увид во состојбата на својот депозит преку дигиталните сервиси. Специјална промотивна понуда важи за депозити орочени до 31 декември 2026 година. Со оваа промотивна понуда, Стопанска банка уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон креирање атрактивни депозитни производи, приспособени на потребите и интересите на своите клиенти. Преку поволни и фиксни каматни стапки, како и можноста за исплата на каматата однапред, Банката им овозможува на клиентите сигурност и предвидливост во планирањето на нивните средства, како и непосредна придобивка од нивното штедење.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаЦветковска: Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска кантаФејсбук објава на новинарката Сашка Цветковска.„Да си новинар (уште и жена) и на прес конференција на министерот за внатрешни работи да ти е најважно да го поддржиш насилството и да инсистираш на статистики за лажни пријавувања на насилства врз жени и девојки, ти не работиш за јавноста и не можеш и не смееш да им служиш на граѓаните. Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта поради наводно одбегнување на расправии со колеги. Овие не ни се колеги и ние не им служиме на колегите туку на граѓаните. Секое молчење не е неутралност, не кон жртвите, не кон народот. Срамота! Инаку, станува збор за Ивона Талевска поддржана од уште некои свои колеги кои да немаа партии и криминалци зад себе немаше да бидат никогаш ништо, камоли да делат ум.“-стои во објавата. Тагови: Сашка Цветковска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook