Алекс заминал на одмор во Шпанија и исчезнал, го нашле по 6 години во Франција - Канал 5

Алекс заминал на одмор во Шпанија и исчезнал, го нашле по 6 години во Франција

Алекс Бети од Олдам, Манчестер, кој исчезнал на семејно патување во Марбела на само 11 години, е пронајден во Франција.

Алекс заминал на одмор во Шпанија и исчезнал, го нашле по 6 години во Франција

Поминале шест години од киднапирањето, а момчето од Англија било пронајдено живо и здраво.

Момчето отишло на патување со неговата мајка Мелани и дедото Дејвид во октомври 2017 година. Откако семејството не се вратило од Шпанија повеќе од две недели, полицијата започнала истрага.

Бабата и официјален старател на Алекс, Сузан Каруана, која тогаш имала 62 години, рекла дека воделе „алтернативен начин на живот“ на друго место и додала дека „не сакале Алекс да оди во редовно училиште“.

По исчезнувањето на момчето, полицијата се сомневала дека Алекс во придружба на двајца возрасни заминал во Мароко, преку пристаништето Малага. Обвинителот, кој имал информации дека Алекс се појавил во Франција, се посомневал дека момчето дошло сам во Ревела, во близина на Тулуз.

„Иако не покажа никаков официјален документ на полицијата кога беше приведен, ова 17-годишно момче го даде сопствениот идентитет. Неговото лице и приказна се совпаѓаат со случајот на киднапирано британско момче од 2017 година. Потоа, денеска , обвинител во Тулуз го потврди тоа во случајот со Алекс Бати“, објави францускиот весник, пренесува Мирор.

Истражителите веруваат дека Алекс избегал од руралната заедница во подножјето на Пиринеите. По неколкудневно планинарење, го земал камионџија, кому му изгледал сомнително, па повикал полиција. После тоа го испрашале и тој ја открил својата приказна.

"Неговата приказна е потврдена и се чини дека одговара на реалноста. По ова рочиште, тинејџерот беше доверен на социјалните служби, додека чекаше да се јават неговите роднини. Раните истраги на судската полиција во соработка со обвинителите сугерираат дека Алекс живеел во „духовна заедница“ со мајка му, и дека претежно престојувал во камп приколки и шатори“, пишуваат медиумите.

Полицијата на Манчестер издале соопштение за случајот и рече дека полицајците во Олдам се во контакт со француските власти за да се утврди автентичноста на извештајот.

„Ова е сложена и долга истрага и треба да спроведеме дополнителни истраги, како и да поставиме соодветни заштитни мерки. Алекс, кој е од Олдам, Манчестер и имал 11 години во времето на неговото исчезнување, го напушти Обединетото Кралство на 30 септември 2017 година на однапред договорен семеен одмор во Шпанија“, се вели во полициското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љупчо Пренџов избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот Љупчо Пренџов е избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Одлуката ја донел партискиот Извршен комитет на седницата одржана на 12 ноември, објави Пренџов на Фејсбук.

Љупчо Пренџов избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Тој му се заблагодари на лидерот Христијан Мицкоски за довербата и на членовите на Извршниот комитет за поддршката, оценувајќи го изборот како ново поглавје во својот политички ангажман.

„Довербата е обврска. Одговорноста е да се оправда со работа и резултати“, напиша Пренџов.

Пренџов претходно беше организациски секретар на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), а во март 2017 година беше избран за потпретседател на таа партија. Во Собранието влезе во 2020 година како претставник на ГРОМ, од листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Драган Ковачки беше избран за генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на 6 февруари годинава, кога Централниот комитет го избра и новиот состав на Извршниот комитет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- Алкалоид

Во сабота нè очекува уште едно големо ракометно дерби – Вардар против Алкалоид. Видеолотарија и  навивачите со силна подршка на трибините за црвено-црните.

Во сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- Алкалоид

Дерби-натпреварот меѓу Вардар и градскиот ривал Алкалоид, закажан за сабота, 14 ноември, со почеток во 18:30 часот, ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала на СЦ „Јане Сандански“.

ВЛТ е со Вардар! Ги повикуваме сите навивачи во сабота да бидат дел од црвено-црната енергија и со гласна поддршка да му помогнат на тимот во дербито.

Вардарци, се гледаме во СЦ „Борис Трајковски“!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!

Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски ја брани. 

СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!

Од што се плаши Мицкоски најмногу? Од вистината.

Од тоа што ќе го покажат документите за влезот на Алта банка во Македонија, што ќе се откие потеклото на капиталот, трансакциите и сметките и ќе ги потврдат неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ.

Мицкоски и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ.

Славески јавно призна дека одлуката ја донел по консултации со Мицкоски.

Во Србија има истрага, Алта банка е под стечај, сопственикот е приведен, се истражуваат 380 милиони евра. Дури се споменуваат сомнежи и за печатење пари.

Во Македонија граѓаните не можат да дојдат до своите пари а Мицкоски и Славески сакаат да го заташкаат скандалот за да се спасат од одговорност.

Обвинителот Ненад Савески треба да го прекине молкот и веднаш да постапи по кривичната пријава што ја поднесе СДСМ.

Гувернерот Трајко Славески има директна одговорност.

Основани се сомненијата за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот.

Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците?

Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески, за да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите.

Обвинителството мора да покаже дека работи независно и по закон.

Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа.

Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат!

Скопје, 13.11.2026 година

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер