Албин Курти и Чедомир Јовановиќ разговараа во Приштина

Косовскиот премиер Албин Курти го примил синоќа лидерот на Либерално-демократската партија на Србија, Чедомир Јовановиќ, со кого разговарал за последните случувања во Косово и Србија и за односите меѓу двете земји, соопшти кабинетот на Курти.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, во соопштението се наведува дека косовскиот премиер и српскиот опозициски политичар зборувале и „за потребата од јакнење на владеењето на правото на Западен Балкан, важноста од демократизацијата на општествата и институциите, политичкиот плурализам, почитувањето на човековите и правата на националните малцинства како гарант на мирот и безбедноста во целиот регион“.

На враќање во Србија по престојот во Приштина, Јовановиќ синоќа од граничниот премин Мердаре се огласи на палтформата „Х“, поранешен Твитер, со видео-клип во кој на почетокот информира дека со Курти се познава веќе 30 години.

- Сешто поминавме во животот и тој и јас. По овие разговори, јас верувам дека крвта која е пролеана во Бањска (во северно Косово, на 24 септември) е последна крв која се пролева во судирот на српскиот и албанскиот народ на Косово... и дека тоа е последната цена која ја плаќаме за тоа историско недоразбирање меѓу нашите два народи, вели Јовановиќ, порачувајќи дека „за Косово (во Србија) не смее да се молчи, мора да се каже вистината и мора да се тргне по друг пат“.

Видеото српскиот политичар го проследи и со коментар во вид на цитат од „неофицијалниот дел“ на средбата со косовскиот премиер.

- Курти: „Дали е Белград интересен и убав како тогаш кога бевме студенти?“ Јас: „И поинтересен и поубав, многу... како и Приштина!“, пренесе Јовановиќ дел од разговорот со Курти. /МИА

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер