Филипче: Владата веднаш да ги објави сите исплати – кој и колку пари добил од потрошените 5 милиони евра?
2Филипче: Владата веднаш да ги објави сите исплати – кој и колку пари добил од потрошените 5 милиони евра?
3Од 2 до 8 септември, се пријавени два нови случаи на заболени и двајца починати од западно-нилска треска
БалканАлбанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект Албанската влада ја продолжува голема акција за уривање на дивоградби како дел од планот за членство во ЕУ до 2030 година, а денеска почна со уривање на големи објекти. Премиерот Еди Рама на социјалните мрежи сподели снимка од уривањето на три-катна зграда - дивоградба во туристичката зона Радим, во Валона, нарекувајќи го ова уште еден чекор во борбата против незаконитоста. Во својата објава на Фејсбук, Рама нагласува дека „справувањето со градбата без дозволи или со непочитување на дозволите е мисија што ќе продолжи до крај, за заштита на јавните простори и запирање на обезличувањето на заедничките простории“. -Валона се разбуди овој понеделник наутро со експлозија на 32 килограми експлозив, со што државниот инспекторат за урбанизам, во соработка со Министерството за одбрана, инженерските сили и државната полиција, сруши трикатна зграда со армирано-бетонска конструкција во близина на патниот правец Валона-Орикум, објави Топ чанел. Владината кампања „Урбана ренесанса 2.0“, како што претходно објави Рама, има за цел отстранување на дивоградби и ослободување на узурпираните јавни површини низ целата земја. Истата беше претставена како клучен чекор во подготовките за влез во Европската Унија до 2030 година. Главната цел на кампањата е создавање почисти, уредени и „поевропски“ градови, како дел од пошироката реформа за територијално планирање и контрола. Акциите за уривање веќе се спроведуваат во Тирана, Скадар, Валона, Драч и други урбани, крајбрежни и заштитени подрачја. Отстранети се различни нелегални објекти – настрешници, киосци, огради што го блокираат пристапот до јавниот простор. Владата отвори и онлајн платформа „Мој јавен простор“, преку која граѓаните можат да пријавуваат нелегално градење, узурпација на јавен простор или загадување. Рама секојдневно објавува видеа од акциите на социјалните мрежи, повикувајќи на соработка меѓу граѓаните, општините и бизнис заедницата. Кампањата е дел од пошироките реформи во инфраструктурата, управувањето со отпад и снабдувањето со вода. Меѓу реакциите, најголемо внимание привлече уривањето на околу 70 објекти во заштитеното подрачје Тет, каде што дел од јавноста реагираше на методите на спроведување. Според Рама „Урбана ренесанса 2.0“ ќе биде дел од залагањата во неговиот четврт премиерски мандат, со построги правила, вклучувајќи конфискација на нелегално изградени објекти и формирање „црна листа“ на инвеститори што ги прекршуваат законите. Ослободените простори ќе бидат преуредени според проекти на домашни и странски архитекти.Тагови: Албанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: 1,4 милијарди евра за странски инвестиции, двојно повеќе од претходната влада Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговори на новинарско прашање во однос на тоа кои се резултатите коишто ги постигна Владата во последните две години во делот на привлекувањето на инвестициите.Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа кои се резултатите коишто ги постигна Владата во последните две години во делот на привлекувањето на инвестициите и за тоа колку инвестиции влегоа во последниот период, изјави: „Видете, она кое што можам да го кажам е дека, ако се прави анализа, да речеме во последните две години, односно во овие 24-5 месеца откако оваа Влада е избрана, вкупното ниво на странски инвестиции е некаде околу милијарда и четиристотини милиони евра, отприлика округло. И сега, секогаш ми велат не се споредувај со претходно, но ние мораме да се споредиме и со претходната Влада, бидејќи ние сме Влада којашто ја победила претходната Влада, понудила нов концепт и е избрана од граѓаните и е таму каде што е, затоа мора да се споредуваме колку и да била лоша таа. Ако ги споредиме овие две години со првите две години тогаш кога немаше кризи, тогаш ќе стане збор за споредба помеѓу, отприлика една милијарда и четиристотини оваа Влада и околу седумстотини и педесет милиони коишто ги имаше претходната Влада. Бројките се јасни, разликата е огромна, без разлика дали тоа ќе го конвертираме како бројка виза-ви глава на жител или вкупна бројка, станува збор за озбилна разлика. Вчера имавме почеток на една огромна инвестиција, половина милијарда долари. Сопственикот на таа инвестиција рече дека ќе ја дуплира таа инвестиција. Практично тоа не е прва и последна, продолжува и понатаму, тоа е Ветерниот парк којшто ќе се протега во општините Радовиш, Штип и Карбинци. Денеска пуштаме нов производен погон во „ВИК“, овде во Прилеп, продолжуваме и понатаму. Така што Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори, ќе повторам и меѓународната заедница, односно странски инвеститори, но и домашни инвеститори, се разбира.“, соопштуваат од Владата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче: Владата веднаш да ги објави сите исплати – кој и колку пари добил од потрошените 5 милиони евра?Владата веднаш да го објави записникот од 167. седница и да каже кој и колку пари добил од потрошените 5 милиони евра за прославата на независноста, побара претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.Филипче обjави документи кои потврдуваат дека Мицксоски лажеше кога рече дека „нула денари“ се потрошени за прославата на денот на независноста и кои потврдуваат дека преку АД Лотарија, која е целосно во сопственост на државата, за организирање на прославата биле издвоени 5 милиони евра народни пари. „Ова што се случи со проектот за прослава на независноста, како и во многу други сценарија и во други случаи, е една голема проневера на пари. Практично арамискиот концепт на владеење на оваа власт“, обвини Филипче. Филипче потенцираше дека Записникот од 167. седница и Отворениот повик покажуваат дека средствата биле обезбедени преку АД Лотарија. „Акционерското друштво АД Лотарија, целосно, стопроцентно во сопственост на државата, што значи парите со кои што тоа претпријатие располага се на граѓаните. Зошто беше потребата, премиерот, да лаже, иако тоа е негово однесување, и да кажува дека не се потрошени ниту еден денар народни пари за оваа прослава. Лотарија распишува јавен повик, не класична тендерска постапка, зашто веројатно се прекршува законот за спонзорство, затоа што кажува дека согласно тој закон е правена оваа постапка“, рече Филипче. Филипче додаде дека не се знае ниту кој одлучувал за распределбата на 5 милиони евра и според кои критериуми била избрана компанијата што го организирала настанот. „Ниту знаеме кој што одлучувал за 5 милиони евра пари на граѓаните, ниту врз основа на кои критериуми е доделена оваа набавка на компанијата која што го организирала настанот. Зошто парите на граѓаните, зошто дивидендата од Државната лотарија не се намениле за нешто друго? И бараме одговор на тоа прашање“, рече Филипче. При тоа, само неколку месеци претходно, таа иста компанија добила пари од Државна лотарија за некои други активности. Никој не знае за кои и какви. „Зошто парите од дивидендата на Државната лотарија не се намениле за исплата на субвенциите на земјоделците? Зошто не се намениле за нешто во здравството? Зошто не се намениле за лековите кои што недостасуваат. Зошто дел барем од парите не се намениле да се зголемат пензиите? Зошто барем дел од парите не се намениле да се зголеми минималната плата?“, рече претседателот на СДСМ. Филипче побара да се објави кој и колку пари добил за учеството во прославата. „Не се знае кој и колку од луѓето што учествувале во таа прослава, земале точно пари. Се знае само вкупната сума на пари од 5 милиони евра. Бараме да се каже јавно и гласно. Освен тоа што Владата има обврска, затоа што мора транспарентно да работи, да го објави записникот од владената 167. седница, да каже и кој од тие кои што учествуваат во овој спектакл со народни пари, кој колку пари зема од ексклузивно народните пари, пари на граѓаните од Државната лотарија“, потенцираше претседателлот на СДСМ, Венко Филипче, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРуски дрон удри во бензинска пумпа во Киев, повредени три лица (ВИДЕО)Бензинска пумпа во областа Холосиевски во Киев беше погодена во напад од руски дрон.Во пожарот што следеше, три лица беа повредени, а еден автомобил беше уништен. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, го потврди бројот на повредени и додаде дека тие добиваат медицинска помош, пишува Киев Пост. Напад во областа Холосиевски Станицата во сопственост на државната нафтена и гасна компанија Укрнафта се наоѓа во близина на трговскиот центар Республика Парк. Пожарникарите брзо го изгаснаа пожарот на станицата и на автомобилот што се запали. Локалните канали објавија видеа од местото на настанот на кои се гледа густ чад. Иако првите информации велеа дека дронот паднал во близина на станицата, подоцнежните снимки укажуваат дека станува збор за директен удар. Градоначалникот Кличко претходно објави дека службите за итни случаи се испратени на локацијата по пријавите за жртви. „Повикана е брза помош во областа Холосиевски во Киев. Според прелиминарните информации, има жртви. Службите за итни случаи се на пат“, рече Кличко. ⚡️Moment of a drone strike on a gas station in Kyiv. Warning, the video contains profanity. 👉 Follow @blyskavka_ua pic.twitter.com/2jiFRxrCMF — BLYSKAVKA (@blyskavka_ua) September 10, 2026 Поширок воздушен напад врз Киев Нападот врз бензинската пумпа беше дел од утринскиот руски напад со беспилотни летала врз Киев и околината. Мониторинг каналите го регистрираа леталото над неколку делови од регионот на Киев и самиот главен град, вклучувајќи ги Бровари, Бориспиљ, Вишњеве, Бојарка, Видубичи, Теремки, Свјатошин, Соломијанскиот округ и северниот дел на Киев. Локалните канали на Телеграм претходно предупредија дека руските сили би можеле да ги таргетираат цивилните бензински пумпи во главниот град. There are reports that a Russian drone hit a petrol station in south-western Kyiv. Video: Kyiv Info Telegram channel. pic.twitter.com/WYACqzYFix — Kyrylo Loukerenko (@K_Loukerenko) September 10, 2026 Ноќни напади Според прелиминарните податоци од украинските воздухопловни сили, Русија лансираше вкупно 149 дронови за напад во Украина преку ноќ. Во нападот беа користени беспилотни летала „Шахед“ и „Гербера“ и мамки „Пародија“. Во извештајот на воздухопловните сили се наведува дека украинската воздушна одбрана соборила или неутрализирала 128 авиони до 8 часот наутро. Извор: Индекс.хрТагови: дрон Киев напад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter