Албанските пејачки по потекло од Косово имаат ист вкус за мажи (фото) - Канал 5

Албанските пејачки по потекло од Косово имаат ист вкус за мажи (фото)

Дуа Липа го заведе поранешното момче на Рита Ора

Албанските пејачки по потекло од Косово имаат ист вкус за мажи (фото)

Пејачката по потекло од Косово и Метохија, Дуа Липа (27), неодамна беше фотографирана со своето ново момче, францускиот режисер Ромен Гаврас (41). Дуа и Ромен се фотографирани за прв пат во нешто поблизок однос само една недела по доделувањето на наградите „БАФТА“. На фоторепортерите им било потребно време да разоткријат со кого излегува Липа во утринските часови, бидејќи Гаврас носел качулка и бил едвај препознатлив. Вештото око на папараците сепак го препозна францускиот режисер.

Близок извор на парот за „Сан“ изјавил дека Дуа и Ромен веќе неколку месеци се блиски. Имаат слични интереси и уживаат во времето поминато заедно. Тие се запознале непосредно пред празниците.

Рита Ора (32) се забавуваше со режисерот 6 месеци во текот на 2020 година. Тие раскинаа во март 2021 година, а се шпекулира дека пресудно за тоа била нивната оддалеченост поради честите патувања на пејачката во Австралија. Таа таму учествуваше како еден од судиите на тамошниот натпревар „The Voice“.

Рита ги изненади сите кога неодамна тајно се омажи за режисерот Таика Ваитити, а брачната церемонија се одржа во Лондон. Според медиумите, станува збор за интимна венчавка на која присуствувале мал број важни луѓе, и наводно Рита го сменила и презимето. Поточно, на своето го додала и тоа на сопругот, па сега таа е госпоѓа Рита Ора Ваитити.

Се смета дека помеѓу пејачките отсекогаш постоел ривалитет, а со тоа и потајна љубомора, со оглед на тоа што Дуа Липа сега се забавува со поранешното момче на Рита Ора. Се претпоставува дека Рита, иако е мажена, не е воодушевена од потегот на нејзината поранешна другарка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Старец живее сам во село во Шпанија, првата продавница е на 30 километри: Се плашам само од едно

Секое утро Пако ја отвора вратата од својата куќа во мало селце во општината Сантијаго-Понтонес, во шпанската провинција Хаен, знаејќи дека нема да се сретне со своите соседи.

Старец живее сам во село во Шпанија, првата продавница е на 30 километри: Се плашам само од едно

Во ова село со само 14 куќи, сместено на околу 1.200 метри надморска височина, тој е единствениот постојан жител. Онаму каде што тишината се протега во текот на денот, Пако со текот на времето практично ја презеде целата работа потребна за да се одржи „живо“ ова место.

Никогаш не сакаше да си замине од дома

„Ти си градоначалник, ти си полицаец, ти си задолжен за одржување, твое ли е селото?“, го праша новинар од емисијата „Командо актуалидад“.

Пако едноставно со насмевка одговори: „Да“.

Овој краток збор ја сумира реалноста на многу мали села во рурална Шпанија, каде што годините на емиграција толку многу го намалија населението што едно лице на крајот презема голем дел од одговорноста што некогаш ја делеле цели заедници, пренесува AS.

Пако е роден овде пред речиси 70 години и никогаш не сакал да го напушти домот. Иако животот во речиси целосна изолација носи многу тешкотии, тој вели дека тоа не би го променил.

"Ја сакам природата, таа ме радува. Тоа е она што отсекогаш сум го живеел", објасни тој на прашањето зошто одлучил да остане.

Неговата приказна првпат беше снимена во 2022 година, а четири години подоцна повторно го привлече вниманието на шпанските медиуми. Во новите текстови Пако сè уште е опишан како „единствениот човек кој цела година живее во селце со 14 куќи“.

Животот во овој планински регион бара услови кои би биле многу тешки за многу луѓе. Во текот на зимата, температурата може да се спушти до речиси 20 степени под нулата, а обилните снежни врнежи можат да ја отсечат областа од остатокот од светот. Поради ова, Пако мора добро да го испланира својот секојдневен живот.

Чува и подготвува храна однапред

Најблискиот супермаркет е оддалечен околу 30 километри, па оди на шопинг околу еднаш месечно. Однапред складира и подготвува храна, за да може да издржи периоди кога временските услови го отежнуваат или целосно го оневозможуваат патувањето.

Но, осаменоста, студот или снегот не се негова грижа.

„Зарем не се плашите дека нешто ќе ви се случи без никој да дознае? еднаш го прашаа новинарите.

Тој одговорил дека се плаши од тоа, но дека тоа не е доволна причина да го напушти домот.

За човек кој речиси целиот свој живот го поминал на исто место, неговата љубов кон природата и приврзаноста кон татковината се посилни од тешкотиите што ги носи животот без соседи.

Денес, во селото има 14 куќи, но само една е населена во текот на годината - Пакова. Останатите се главно затворени, иако некои повторно се отвораат во текот на летото кога ќе се вратат сопствениците или членовите на семејствата на поранешните жители.

Пако се сеќава на времето кога неговото село изгледало сосема поинаку. Порано овде имало училиште, дуќан, ковач и шивачка. Многу семејства живееле...

Кога планинскиот регион почнал да останува без работа, многу семејства се преселиле во други делови на Шпанија. Некои отидоа во Каталонија, други во Валенсија. Зад себе оставија место кое некогаш имало свој ритам и секојдневие.

Пако денес ги чува спомените од тој период.

„Луѓето како мене се соочуваат со истребување“

Но, важно е да се истакне дека тој не зборува за својот живот како казна. Напротив. За него, токму она од што бегаат другите претставува најголема вредност.

Ја сака природата, тишината и чувството да се биде далеку од градската гужва. Навикнат е на далечината и на тоа дека речиси секој проблем мора сам да го решава.

Сепак, има и други луѓе во близина. Во друго село на општината Сантијаго-Понтонес живеат мал број жители со кои тој повремено може да разговара. Кога ќе се сретнат, темите се едноставни - земјоделство, сточарство, време и секојдневие.

„Квалитетот на живот овде е висок, но различноста е ниска“, вели еден од жителите на друго село.

Таа реченица можеби најдобро го опишува животот во овие планински предели. Природата обезбедува мир, простор и слобода, но за возврат бара подготвеност да се изолира.

„Луѓето како мене се на работ на истребување. Ова ќе исчезне“, рече Пако за иднината на неговото место.

Во втората реченица уште поедноставно ја опишува својата судбина:

„Кога ќе ме нема, готово е со селото.

Конечно, забележуваме дека шпанскиот портал Talent24h неодамна пишуваше за необичниот живот на Пако- иако телевизискиот прилог „Comando Actualidad“ од 2022 година го покажа како единствен постојан жител на селото, достапните демографски податоци потврдуваат дека ситуацијата останува иста четири години подоцна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Официјално: Трамп го смени името на езерото Онтарио, за инаeт на Канаѓаните (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потпиша извршна наредба со која официјално се преименува езерото Онтарио во Лејк Америка, која стапува на сила веднаш.

Официјално: Трамп го смени името на езерото Онтарио, за инаeт на Канаѓаните (ВИДЕО)

Трамп ја потпиша наредбата во услови на зголемени трговски тензии меѓу САД и Канада, објави Ројтерс.

Тој претходно изјави дека размислува за промена на името на големото езеро пред денеска да ја потпише наредбата .

„Соединетите Американски Држави сериозно размислуваат за промена на името на езерото Онтарио во Лејк Америка, бидејќи повеќе не очекуваме да соработуваме многу со Онтарио“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social во вторникот.

Онтарио е најнаселената покраина во Канада, со околу 16,1 милиони луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Турист е ограбен во Фиренца пред жената и ќерката- крадците користеле бибер спреј (ВИДЕО)

На неименуван британски турист му е украден луксузниот часовник вреден околу 20.000 евра откако бил нападнат во центарот на Фиренца.

Турист е ограбен во Фиренца пред жената и ќерката- крадците користеле бибер спреј (ВИДЕО)

Несреќниот турист бил во Италија со сопругата и ќерката кога бил нападнат од двајца криминалци, на возраст од 19 и 22 години. Инцидентот се случил на Пјаца дела Република, а е снимен на снимка од надзорна камера од ресторан.

Идентификуван со видео од надзорна камера

На видеото се гледа како еден од криминалците поминува покрај семејството, преправајќи се дека продолжува по својот пат. Меѓутоа, додека туристот се приближувал, тој брзо му ја блокирал раката и насилно го извадил луксузниот часовник „Одемарс Пиге“.

Неговиот соучесник, според полицијата, насочил бибер спреј кон туристот и неговото семејство. Во хаосот што настанал, крадците избегале.

Сепак, снимката од надзорната камера ѝ помогнала на локалната полиција да ги идентификува и пронајде осомничените. Двајцата Алжирци биле пронајдени во пансион, а подоцна биле уапсени, објавува „Дејли меил“.

Пронајден е часовникот и бибер спреј

Полицијата пронашла украден часовник во сместувачкиот капацитет, а потоа му го вратила на сопственикот. Идентификацијата била можна благодарение на дел од ременот што недостасувал. Бибер спреј бил пронајден и во истиот објект.

Властите велат дека пронашле и двајца млади мажи, на возраст од 21 и 26 години, за кои се сомнева дека го презеле украдениот часовник.

26-годишникот наводно престојувал нелегално во Италија, па затоа бил однесен во притворен центар од каде што се очекува да биде депортиран.

Венеција е рај за криминалците

Фиренца ја посетуваат околу 10 милиони туристи годишно. Градот на ренесансата, познат по својата архитектура и познати катедрали, во последните години се соочува со организирани групи џепчии кои ги таргетираат туристите во центарот или во јавниот превоз.

Сепак, Фиренца не е единствениот италијански град кој се бори со овој проблем. Во Венеција, според предупредувањата од службеници и активисти, криминалните групи почнале да регрутираат и обучуваат деца за џепчии, обидувајќи се да избегнат полициска акција што би можела да ја загрози нивната заработка. Како една од најпосетуваните туристички дестинации во Италија, Венеција со години е мета на криминални групи кои ја искористуваат толпата за да ги ограбат невнимателните посетители.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер