Албанските компании „во криза“ за персонал, наоѓаат решенија во странски работници, најбројни се Филипинците - Канал 5

Албанските компании „во криза“ за персонал, наоѓаат решенија во странски работници, најбројни се Филипинците

 Недостигот на персонал ги наведе албанските компании да се свртат кон странски работници. 

Албанските компании „во криза“ за персонал, наоѓаат решенија во странски работници, најбројни се Филипинците

Први на списокот се работниците од Филипините, главно женска работна сила, кои работат во хотелите, во крајбрежните ресторани, во центрите за убавина, па дури и како испомош во семејствата.

Се фокусиравме на Филипинците бидејќи се многу вредни … Носиме од 20 до 80 луѓе месечно. Договорите траат до една година, но со можност за обновување, доколку двете страни се задоволни една од друга, изјави албанската бизнисменка Џоана Ситаза.

Таа додаде дека компаниите се тие што се грижат за целиот процес, од документи, визи, медицински тестови, обука.

- Започнува со поднесување апликации, правиме интервјуа, и во рок од еден месец им наоѓаме работа. Исто така, правиме и неколку интервјуа со клиентите и кога ќе се согласат за платата, градот и работните места и ќе го започнеме процесот на добивање виза, во рок од четири до шест недели се издава визата и тие доаѓаат во Албанија, доде Ситаза.

Најценетата професија е шеф на кујна, платена до 2500 евра, додека санитарен работник почнува со плата од 600 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нагелсман по дебаклот: „Не бегам, не поднесувам оставка“

Јулијан Нагелсман останува на клупата на Германија по дебаклот на Светското првенство и поразот од Парагвај на стартот на  елиминациската фаза, тој не планира да поднесе оставка и сака да се подготви за идните предизвици.

Нагелсман по дебаклот: „Не бегам, не поднесувам оставка“

Фудбалската репрезентација на Германија доживеа уште едно фијаско и на третиот Мундијал во низа останува без триумф во нокаут фазата.

По титулата во Бразил, Германија беше елиминирана во групната фаза во Русија и Катар, додека сега во САД, Мексико и Канада успеа да ја помине барем првата фаза, пред да налета на Парагвај.

Парагвајците досега покажаа малку, но со многу среќа поминаа во втората фаза и таму „покажаа заби“ на Германија, која ја исфрлија на пенали, со што го уништија митот за талентираниот тренер Јулијан Нагелсман.

И покрај срамната елиминација Нагелсман не размислува на поднесување на оставка, тој планира да остане на клупата до крајот на договорот.

„Тука сум. Ако Германската фудбалска федерација сака да останам до 2028 година, тогаш ќе останам. Ако не, тогаш ќе си одам“, рече Нагелсман.

„Не сум некој што бега. Тука сум ако тоа го сака Германскиот фудбалски сојуз. Ако не ме сакаат, мора да ми кажат. Сакам да продолжам. Во фудбалот немате целосна контрола. Ако сакаат да останам, со задоволство ќе се подготвам за Европското првенство и Лигата на нации. Ако не ме сакаат, мора да го кажат тоа“, нагласи Нагелсман, кој е најмладиот тренер на Светското првенство со 38 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лос Анџелес Клиперс му врачи отказ на Богдан Богдановиќ!

НБА тимот Лос Анџелес Клиперс го отпуштија Богдан Богдановиќ, кој сега е официјално слободен агент. 

Лос Анџелес Клиперс му врачи отказ на Богдан Богдановиќ!

Тие одлучија да ја активираат тимската опција за центарот Брук Лопез во вредност од 9.200.000 долари, потврдувајќи ја намерата на франшизата да го задржи.

Според американскиот инсајдер Џек Фишер, клубот нема да ги користи опциите во договорите на Никола Батум и Богдан Богдановиќ, кои стануваат слободни агенти.

ЛА Клиперс имаа опција да активираат уште една година од договорот на српскиот кошаркар и да го задржат, но одлучија да не ја искористат.

Станува збор за тимска опција вредна 16 милиони долари за следната сезона, која клубот не ја активираше, па Богдановиќ отсега ќе има статус на слободен агент.

Французинот Никола Батум имаше опција вредна 5,9 милиони долари. Иако беше стандарден и корисен дел од ротацијата, Клиперси се одлучија за финансиска флексибилност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјотрес во БиХ

Земјотрес со магнитуда од 3,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово, 30 јуни, во 6:18 часот во близина на Зеница, Босна и Херцеговина.

Земјотрес во БиХ

Според податоците на EMSC, епицентарот бил на 11 км од Зеница, на длабочина од седум километри.

Ова се класифицира како плиток земјотрес, кој, и покрај помалата магнитуда, може да се почувствува на пошироко подрачје.

Сè уште нема информации за материјална штета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер