БалканАлбанскиот парламент го потврди четвртиот мандат на Еди Рама: Целта ми е членство во ЕУ до 2030.Албанскиот парламент го потврди четвртиот мандат за премиерот Еди Рама, кој изјави дека приоритет на новата влада ќе биде членството на земјата во Европската Унија до 2030 година.Рама, единствениот кандидат за премиер, доби поддршка од 82 од 140 пратеници, објави Ројтерс. Неговата Социјалистичка партија освои четврто последователно мнозинство на парламентарните избори одржани во мај. „Албанија 2030 во ЕУ е централен дел од овој мандат. Европска Албанија е водечки принцип за секој аспект од нашата програма и метроном за ритамот на секоја реформа“, им рече Рама на пратениците. Како што објави Ројтерс, угледот на Албанија е нарушен од корупциски скандали, а аналитичарите предупредуваат дека земјата останува „центар за криминални групи кои перат пари од трговија со дрога и оружје, што го отежнува пристапувањето во ЕУ“. Во обид да одговори на критиките, Рама минатата недела назначи бот генериран од вештачка интелигенција по име Диела, што значи „Сонце“, да управува и доделува јавни тендери на приватни компании во обид да се справи со корупцијата. „Не сум тука да ги заменам луѓето, туку да им помогнам“, рече Диела во видео обраќање пред гласањето за новата влада. Опозицијата го нарече потегот неуставен бидејќи ботот нема државјанство и може да биде злоупотребен. „Овој мандат се заснова на криминал, корупција, дрога и кршење на Уставот и законот“, рече лидерот на Демократската партија, Сали Бериша, исто така критикувајќи го недостатокот на дебата пред гласањето.Тагови: Еди Рама Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалХари Кејн е добитникот на „Златната топка“ за најдобар фудбалер во светот.Капитенот на Англија, ѕвездата на Баерн Минхен, неверојатниот стрелец Хари Кејн, ја освои престижната „Златна топка“ како најдобар фудбалкер на светот за 2026 година,трофеј кој традиционално го доделува „Франс фудбал“. Кејн ја прими наградата на свеченост организирана во Лондон – првпат во 70-годишната традиција овој настан да се одржи надвор од Франција. Хари Кејн ги победи Килијан Мбапе и Ламин Јамал. Иако немаше престижен трофеј, како оној од Светското првенство или Лигата на шампионите, Кејн победи благодарение на фантастичната серија голови. Капитенот на Англија постигна 73 гола на клупски и меѓународни натпревари во текот на сезоната 2025/26. Тој е најдобар стрелец во Бундеслигата трета година по ред, а воедно и најефикасен клупски стрелец во Европа. Кејн ја предводеше Англија до нејзиниот најдобар пласман на Светско првенство уште од освојувањето на титулата во 1966 година. „Гордиот Албион“ го освои третото место на неодамнешното Светско првенство во Северна Америка. Претходно вечерта, англискиот фудбалер ја доби наградата за најдобар напаѓач во светот. Во женска конкуренција, по третпат во кариерата, најдобра е Алексија Путелјас, членка на „Лондон Сити“ и на шпанската репрезентација, со што се израмни со својата сонародничка Аитана Бонмати. Селекторот на светскиот шампион Шпанија, Луис де ла Фуенте, беше прогласен за најдобар тренер, додека во женскиот фудбал за најдобар беше прогласен тренерот на Барселона, Пере Ромеу. „Пари Сен Жермен“ во машка и Барселона во женска конкуренција беа прогласени за најдобри екипи. Јамал ја освои наградата за најдобар млад фудбалер по третпат по ред, додека наградата за најдобра млада фудбалерка ѝ припадна на Вики Лопез од Барселона. Свечената церемонија се одржа во Лондон, во познатиот театар „Паладиум“, при што организаторите му оддадоа почит на Стенли Метјуз, легендарниот англиски фудбалер кој во 1956 година стана првиот добитник на „Златната топка“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста ценаОд полноќ според одлуката на Регулаторната комисија бензините поевтинија а дизелот остана со иста цена тој се родава за 99 денари за литар а бензините се намалија за пет денарти по литар..Еуросупр БС 95 се продава по цена од 91 денар за литар а Еуросупер БС 98 по цена од 93 денари за литарКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСрдановиќ најавува продолжување на европската интеграција и подобрување на односите со соседитеВо меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – вели во првото интервју по победата на предвремените избори во Србија носителот на Студентска листа Илија С.Во меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – вели во првото интервју по победата на предвремените избори во Србија носителот на Студентска листа Илија Срдановиќ, за хрватски Индекс.. Сега имаме голем број мандати во Собранието, а меѓу тие луѓе веќе има доволно кредибилни кандидати кои можат да бидат членови на владата или премиер – вели Срдановиќ. Тој најавува подобрување на соработката и продолжување на европската интеграција на Србија, додавајќи дека првите чекори во полицијата, обвинителството и судството ќе бидат многу важни а како што нагласил за тоа ќе бидат потребни и слободни медиуми. За хрватски Индекс Срдановиќ потврдил и дека разговарал со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, од кого добил честитка за изборната победа најавувајќи конкретизирање на соработката по изборот на новата влада. Инаку, челниците на ЕУ беа меѓупрвите кои ја честитаа изборната победа на студентска листа.. Подготвени сме да и дадеме поддршка на новата влада на србија на нејзиниот европски пат, порача еврокомесарката Марта КосКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook