ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
2ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
3 Ако климата ви работи цела ноќ, правите голема грешка, последиците ќе ги почувствувате веќе следното утро
ТехнологијаАлбански Биткоин хакер украл повеќе од 500.000 евраАлбански истражувачи се приклучиле во меѓународниот истражувачки тим за да се открие мрежа хакери кои успеале да украдат 504.000 евра.Постои сомнеж дека во таа мрежа е вмешан и 28 годишен државјанин на Албанија на кого укажуваат одредени траги, пренесе порталот „Репортери“. Како што се наведвуа, по него се трага по серија акции кои се спроведени во Бугарија и Германија кои укажуваат на тоа дека младиот Албанец е одговорен за измамите и дека има улога во плаќање домени, веб страници и ИТ инфаструктура. Мрежата на измамници функционирала така што тие веб страници кои се претставени како крипто пазари, ја придобивале довербата на жртвите на кои им е ветувано дека ќе тргуваат со акции и крипто валути. Откако жртвата би се регистрирала на платформата, давајќи го идентитетот и телефонскиот број, би почнале да ја контактираат предлагајќи вложувања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар Планина11:10Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
МакедонијаУбиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајкаСпоред МВР инцидентот се случил синоќа околу 22часот и 35 минути кога во семејниот дом таткото кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга.Шокантен настан ја потресе јавноста, син со нож го убил татка си, кој претходно ја нападнал неговата мајка триесет и едногодишниот скопјанец вчера бил приведен откако претходно во полициската станица „Бит-Пазар“ било пријавено дека со нож му нанел убодни рани на својот 52-годишен татко Според МВР инцидентот се случил синоќа околу 22часот и 35 минути кога во семејниот дом таткото кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга. По ова синот му нанел убодни рани на својот татко.полициски службеници, по преземените мерки, го привеле синот , а неговата 54-годишна мајка била пренесена во болницата „Св. Наум Охридски“, каде што ѝ е укажана лекарска помош.по наредба на јавен обвинител, телото на таткото е предадено на обдукција, а по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 06.07.2026 до 10.07.2026 зема 196 примероци за физичко-хемиска и 196 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 50 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: Водата во Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Изолацијата не е достоинство – европската иднина се гради со резултати, а не со лагиВМРО-ОКГ повторно се обидува да ја претстави својата изолација како „достоинство“.Но достоинството не се гради со празни фрижидери, со реформи кои не постојат и со европски пат кој е целосно запрен. Мицкоски ветуваше подобри преговарачки позиции со Европа. Две години подоцна, резултатот е јасен: целосна блокада, нула поместување и длабока изолација. Ова не е подобра позиција. Ова претставува национален пораз за сите граѓани на Македонија. Ветуваше дека Реформската агенда ќе биде исполнета до 1 јуни. Денес повеќе не го споменува тој рок. Европската иднина што ја ветуваше се претвори во изолација и чекање „покана од Европа“. СДСМ не загрози никакви национални интереси. Тоа го потврдија самиот Мицкоски, претседателката Сиљановска и Тимчо Муцунски. Националниот интерес е заштитен. Затоа нивниот наратив за „отстапки“ е чиста пропаганда за внатрешна употреба. Ова што сега го прават Мицкоски и организираната криминална група ВМРО, претставува загрозување на националниот идентитет преку изолација на земјата, како и загрозување на иднината на граѓаните и на идните генерации во Македонија. Особено е цинично кога за патриотизам и национален идентитет зборува влада во која министри, пратеници и нивните семејства имаат бугарски државјанства, европски пасоши и фирми во Бугарија. Тие си обезбедиле приватна Европа за себе и за своите семејства, а на граѓаните им продаваат лажно достоинство и лажен патриотизам. Мицкоски дојде на власт со лаги и со лаги владее. Сега, кога нема пари за криминалните тендери, прави реконструкција на Владата само за да ја замаи јавноста и да купи време. Мицкоски преку создавање политички кризи, измените на Изборниот законик и неисполнувањето на Реформската агенда се обидува да создаде алиби за предвремени избори, бидејќи повеќе не може да го крие фактот дека нема резултати во ниту една област, дека буџетот е празен, а економијата е во катастрофална состојба. Во таа игра му помагаат и партнерите од тендер-коалиција и сателитските партии. СДСМ нема да учествува во оваа претстава. Нема да му бидеме алиби за изборите што ги бара поради паника од падот на рејтингот и празниот буџет. Народот веќе знае. Лагите и пропагандата повеќе не поминуваат. Народот победува! Европска Македонија ќе победи! Скопје, 13.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter