3СДСМ: Резултати за градоначалник на Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%
БалканАлбанската опозиција обвини дека ИНСТАТ лаже со бројот на населениетоАлбанската опозиција реагираше во врска со податоците околу бројот на населението при што обвини дека Институтот за статистика, ИНСТАТ, лаже со податоците околу на населението а премиерот Еди Рама дека „го купил и пописот како гласови на избори“.-Денеска ИНСТАТ ги објави податоците од пописот за бројот на населението и становите. Во двата случаи има манипулација. Бидејќи, според ИНСТАТ, населението во Албанија е над 2,4 милиони и за 12 години се додадени само 70 илјади станови. Ова е целосна манипулација. Првата, манипулација е со податоците околу бројот на преостанатото население во Албанија. Според податоците на Евростат, повеќе од 900.000 луѓе ја напуштиле Албанија само во земјите од Европската Унија, не вклучувајќи ги оние кои заминале во Велика Британија, Канада, Австралија, САД и слично, за кои нема официјална статистика, изјави Инес Нурја пренесувајќи го ставот на Демократската партија. Второ, според неа, не може да се зголеми бројот на станови за само 70 илјади за 12 години бидејќи со едноставна пресметка само во Тирана за 3 месеци градоначалникот Еријон Велиај издал 231 илјади квадратни метри за градба. -Значи ИНСТАТ лаже и со бројот на станови. Вистинската бројка на населението е многу дискутирано прашање како резултат на многуте заминувања од Албанија во последните години. Следствено, одговор на ова можеше да даде само редовен и точен попис на населението, што според резултатите објавени денеска не се случи, обвини таа. И од крилото на демократите предводено од Љуљзим Баша не веруваат во пописните резултите, нарекувајќи ја ова статистичка операција „деформиран попис“, додавајќи дека „Албанија не заслужува распаѓање, најголем извоз на Рама, заминувањето на Албанците“. За Партијата на слободата на Илир Мета, Рама го купил пописот како гласовите на избори а денешното објавување на резултатите е едноставно фарса. -По повеќе месеци од кога заврши пописот Рама конечно ги објави ресултатите во јавноста, се разбира како и колку сака тој, но не како вистина. Неколку километри подалеку во Косово, податоците за пописот што се одржуваше таму, бројот на регистрирани лица, веднаш беа дадени на прогресивен, континуиран и апсолутно транспарентен начин. Во Албанија се случи сосема спротивното, транспарентноста беше апсолутна нула, а блокирањето на податоците за повеќе месеци е светски феномен. Гледајќи ја реалноста во Косово и во Албанија се покажува истата слика како во изборните процеси, каде Косово блеска, а Албанија со Рама избледува, рече Петрит Васили потпретседател, пренесувајќи го ставот на партијата. Додаде дека реалноста е пред очите на сите Албанци, кои гледаат стотици напуштени села, мрачни и испразнети градови, кои попладне тонат во „тишина затоа што стотици илјади Албанци секојдневно ја напуштаат државата“. Сите знаат, рече тој дека Албанија е втора земја во Европа по барање азил на нејзини граѓани. Претходно пописните резултати, во однос на бројот на населението, соопштија дека не ги признаваат Македонците, кои според податоците на ИНСТАТ ги има 2.281 а како Бугари се попишани 7957 лица, што е последица на „заканите на бугарски претставници кон Македонците“. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизБела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)Една од најпознатите манекенки, Бела Хадид (30), повторно го привлече вниманието со своите објави на социјалните мрежи.Овој пат, таа сподели фотографии од луксузен велнес-центар, при што особено се издвојува една на која се гледа како вежба во сауна, без горниот дел од облеката. На Инстаграм, манекенката даде увид во својата рутина за вежбање и релаксација. На една од фотографиите, таа е свртена со грб кон камерата, облечена само во црни шорцеви, додека изведува вежба со тег. Нејзината руса коса е собрана нагоре, подалеку од лицето. Вежбање, сауна и масажа Бела престојуваше во велнес-центар управуван од спортскиот бренд „Alo“, со кој таа соработува. За време на посетата, таа испроба неколку видови тренинзи, вклучувајќи пилатес на реформер, вежби со тегови и кардио вежби. На други фотографии, таа ги покажа спортските комбинации што ги носеше за време на тренингот, вклучувајќи розов комплет составен од спортски градник и шорцеви. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) По физичката активност, денот продолжи во порелаксиран ритам. Манекенката позираше во бордо бикини без прерамки додека беше во сауна, а подоцна направи „селфи“ пред огледало, завиткана во голем бел пешкир. Својот велнес-ден го заокружи со масажа. Неодамна го прослави својот 30-ти роденден Овие нови фотографии доаѓаат само неколку дена откако Бела го прослави својот 30-ти роденден на 9 октомври. По тој повод, таа исто така привлече внимание со објава на Инстаграм на која позираше во црвено бикини, изработено специјално за неа. На горниот дел од костимот за капење стоеше бројот 30, додека долниот дел беше украсен со нејзиното име. Изгледот го надополни со розево-бел фустан и каубојски чизми. Покрај фотографиите од роденденот, таа наведе дека наполнила 30 години, а нејзините следбеници – како и бројни пријатели од светот на славните – ѝ упатија честитки во коментарите. Ново поглавје во животот Во последните месеци, Бела повторно се најде во центарот на вниманието, делумно поради нејзиниот приватен живот. По разделбата со професионалниот јавач Адан Бануелос – со кого беше во врска од 2024 година – медиумите почнаа да ја поврзуваат со Нејтан Лејси од Колорадо. Таа јавно не ја потврди оваа нова врска. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) Покрај приватниот живот, таа привлекува внимание и со своите професионални ангажмани. Минатата година, таа ја замени својата препознатлива кафеава коса со платинесто-руса нијанса, а се испроба и во актерството, појавувајќи се во хорор-серијата „The Beauty“. Извор: Индекс.хрТагови: Бела Хадид топлес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблемиМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница заврши во најдобар ред, без нарушување на јавниот ред и мир и без ниту еден инцидент.МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.Тагови: Брвеница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКрст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)Католички свештеник почина во црква во Еквадор откако врз него падна крст закачен на ѕидот, за време на миса која се пренесуваше во живо преку интернет, објави денеска порталот „InfoVaticana“.Надбискупијата во Гвајакил истиот ден објави соопштение, во кое се наведува дека отец Санчез Молинари – кој служел како парохиски свештеник во црквата „Богородица од Постојана Помош“ – „заминал во домот на Отецот за да ужива во Неговото присуство и слава“. Од Надбискупијата упатија молитви за покој на неговата душа и изразија солидарност и сочувство до заедницата, неговото семејство и пријателите. Во соопштението на Надбискупијата не беа наведени околностите под кои свештеникот починал. Според мексиканскиот весник „El Heraldo de Mexico“, свештеникот служел секојдневна миса – која се пренесувала во живо преку неговиот профил на социјалните мрежи – кога, околу 27-мата минута од преносот, крст закачен на ѕидот зад него се откачил и паднал врз него. Од истиот медиум на социјалните мрежи наведоа дека на снимката се слушаат извиците на верниците кои присуствувале на мисата. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВИДЕОТО Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА Terrible!! Tragedia en la iglesia Perpetuo Socorro, sur de Guayaquil. El sacerdote Patricio Sánchez falleció tras caerle encima una cruz mientras oficiaba una misa. El lamentable suceso causa gran conmoción entre los fieles y la comunidad católica. https://t.co/647JgyCrA5 — Emergencias Ec (@EmergenciasEc) October 18, 2026 Тагови: свештеник Крст Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook