Албанија старее, половина од жителите се над 36-годишна возраст

Албанија старее. Денес повеќе од половина од жителите се постари од 36 години, за разлика од 1990 година кога просечната возраст на населението беше 24 години. 

Тоа е ѕвоно кое најавува катастрофа, констатира весникот „Тема“.

- Миграцијата има разорни ефекти врз нашата земја. Зошто? Ако во 90-тите имавме 4 вработени за еден корисник на пензија, денес имаме 1,4 вработени на еден корисник на пензија. Со овој тренд во 2030-тите ќе имаме 1,2 вработени за еден корисник на пензија. Ова покажува дека пензискиот

систем е во колапс, вели професорот по економија Клодијан Мучо.

Според Дениса Канамети од здравствената програма во здружението „Заедно за живот“, заминувањето на професионалците, не само во здравствениот систем, туку во секој сектор, остава многу голема празнина.

- За земја како нашата, пандемијата донесе силен удар врз здравјето и економијата. Ефектот на изолација беше забележан во првите месеци од 2020 година и на крајот од неа, а за првпат немаше природен прираст. Бројот на умрени беше поголем од родените, додека недоволната помош од една

страна и високите трошоци за лекување од друга, станале силен мотив за заминување, вели таа.

Оваа здравствена криза беше исто толку тешка во економијата.

- Албанија помина низ многу тежок период за време на пандемијата што започна во 2020 година и таа нужно ќе има свои рефлексии. Еднаш кажав дека ова е медицинска пандемија, но мора да се пазиме од економска и човечка пандемија, бидејќи знаев дека ќе има голем удар. Прв на удар е локалниот бизнис, второ, граѓаните се погодени. Никој не им ја кажува вистината, а вистината е дека имиграцијата е многу силна, горчлива, тешка. Кој ќе се одлучи да го помине Ла Манш за 7 часа, се знае дека е во голема неволја, рече претприемачот Ѓерѓи Ѓика.

Тој додава дека на удар е албанското општество во целина, не само од старосна гледна точка,туку и во однос на ефективноста во економијата.

- Миграцијата го намалува бројот на работоспособни луѓе во земјава. Жените раѓаат сè помалку деца, а тоа го решаваат кога ќе наполнат 27 години или повеќе. Секоја година во училишните клупи седат 34.000 деца помалку, а бројот на оние кои секоја година одат во пензија е 15.000. Албанија се претвори во феномен на депопулација. Нема да имаме ниту раѓање, ниту младост. Веќе нема да имаме работна сила. И да имаме економски развој, кој ќе работи во Албанија, вели експертот за статистика, Инес Нурја.

Фото: Сексапилната фудбалерка се соблече во провокативна долна облека

Сексапилната фудбалерка се соблече во провокативна долна облека, што предизвика хаос на Инстаграм.

Алиша Леман е една од најсексапилните фудбалерки во светот, па решила да заработи од тоа.

Таа ги воодушеви своите фанови објавувајќи провокативни фотографии на социјалните мрежи.

Сексапилната Леман на Инстаграм сподели серија фотографии на кои позира во долна облека, откако потпиша договор со популарна модна марка.

Видео: Џенифер Лопез и во педесеттите изгледа совршено!!

Светската музичка ѕвезда и актерка Џенифер Лопез, иако има 54 години, и понатаму изгледа неверојатно младо, атрактивно и убаво.

Многумина се убедени дека тајната на нејзината младост се скапите третмани и производи кои многумина не можат да си ги дозволат. Пејачката тврди дека тајната е во нејзиниот животен стил и одредени навики кои ги следи уште од дваесеттите години, како и дека важна улога имала генетиката.

- Морам да признаам дека имам добра генетика. Мајка ми и баба ми имаа убава кожа, па затоа и јас имав среќа – открила таа.

Добро е познато дека популарната Џеј Ло редовно вежба и внимава на исхраната. Таа не легнува без темелно да го исчисти лицето, а потоа нанесува ноќна крема. По вежбањето секогаш темелно го чисти лицето, бидејќи не го поднесува чувството дека лицето не и е чисто.

Жешката Џеј Ло не конзумира алкохол и цигари, а убедена е дека квалитетниот и редовен сон и прави чуда, па затоа редовно спие најмалку осум часа.

Кошаркарките на Вардар го освоија Купот на Македонија

Кошаркарките на Вардар го освоија трофејот во Купот на Македонија, откако во финалето против Баскет Кам триумфираа со 69:55 (36:23). 

За кошаркарките на Вардар ова е четврти трофеј од Купот на Македонија, прв после 2019 година, а претходно победуваа и во 2017 и 2018 година.

Селцова натпреварот го заврши со 25 поени, осум скока и две асистенции, додека Тасевска уфрли 22 поени, додавајќи девет скока и една систенција кај победниците. Кметовска реализираше 24 поени за Баскет Кам.

За најкорисна кошаркарка на финалниот натпревар е прогласена Елена Тасевска од ЖКК Вардар.

притисни ентер