Албанија се вооружа со ракетни системи „Џавелин“ од САД, втората испорака идната година - Канал 5

Албанија се вооружа со ракетни системи „Џавелин“ од САД, втората испорака идната година

Албанија официјално е опремена со противтенковскиот ракетен систем „Џавелин“, еден од најнапредните одбранбени системи што ги користат земјите-членки на НАТО.

Албанија се вооружа со ракетни системи „Џавелин“ од САД, втората испорака идната година

Министерот за одбрана Пиро Венгу објави дека пристигнувањето на овој систем е резултат на тесната соработка со стратешкиот сојузник - САД.

Венгу за време на посетата на една од воените базите, каде што беше примена првата пратка од овие системи, министерот Венгу изјави дека пристигнувањето на противтенковските системи „Џавелин“ претставува важен чекор во зајакнувањето на одбранбените капацитети на албанските вооружени сили, зголемувањето на интероперабилноста со НАТО и националната безбедност.

-Станува збор за реализација на поранешно барање, кое веќе се материјализира со модерна противтенковска опрема од највисоки стандарди. Оваа испорака е дел од планиран процес, додека втората фаза од испораката се очекува во текот на 2026 година. Оваа помош и оваа билатерална соработка со САД ја вклучува не само Албанија, туку и Косово, што е од стратешко значење за регионалната безбедност, изјави Венгу.

Тој додаде дека Албанија го нарачала системот „Џавелин“ како дел од своите програми за воена соработка со САД, преку механизмите за продажба на странски воени оружја (ФМС).

Овој систем се смета за клучен елемент за копнена одбрана, значително зголемувајќи ја способноста на копнените сили да се спротивстават на напредните закани и да дејствуваат во согласност со стандардите на Алијансата. Тоа е противтенковски ракетен систем од најновата генерација, произведен во САД. Системот е многу ефикасен против оклопни возила и е широко користен од армиите на НАТО, како и во реални борбени операции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓоковиќ и Синер го откажаа настапот на важен турнир во Монтреал

Моментално, тенисерот број еден во светот, Италијанецот Јаник Синер, го откажа својот настап на овогодинешниот турнир АТП Мастерс 1000 во Монтреал.

Ѓоковиќ и Синер го откажаа настапот на важен турнир во Монтреал

Моментално, тенисерот број еден во светот, Италијанецот Јаник Синер, го откажа својот настап на овогодинешниот турнир АТП Мастерс 1000 во Монтреал, кој ќе се игра од 2 до 13 август, а својот настап го откажа и 39-годишниот српски ветеран Новак Ѓоковиќ.

Победникот на неодамна завршениот Вимблдон, Синер, и 24-кратниот освојувач на титулата Гренд слем, Ѓоковиќ, кого Синер го победи во полуфиналето на Вимблдон, му се придружија на Шпанецот Карлос Алкараз како најпознати имиња кои ќе го пропуштат овој голем подготвителен турнир пред последниот Гренд слем во сезоната, Отвореното првенство на САД.

Со повлекувањето на Синер, статусот на прв носител во Монтреал треба да му припадне на Германецот Александар Зверев, моментално втор играч во светот и победник на овогодинешниот Ролан Гарос и финалист на Вимблдон, додека втор носител треба да биде локалниот фаворит Феликс Оже-Алијасиме.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожари и натаму беснеат во Франција и Шпанија- евакуирани се над 220.000 луѓе (ВИДЕО)

Поради катастрофалните шумски пожари што беснеат во југозападна Европа, властите во Франција и Шпанија наредија евакуација на повеќе од 220.000 луѓе, објавува Би-Би-Си. 

Пожари и натаму беснеат во Франција и Шпанија- евакуирани се над 220.000 луѓе (ВИДЕО)

Само во Франција, речиси 60.000 жители мораа да ги напуштат своите домови во близина на Бордо, а претседателот Емануел Макрон ја ангажираше и војската во борбата против огнената стихија.

Во меѓувреме, ситуацијата е драматична и во Шпанија, каде што три големи пожари западно од Мадрид се споија во еден противпожарен фронт што пожарникарите повеќе не можат да го контролираат. Шпанската влада прогласи вонредна состојба на национално ниво, а со евакуацијата на 25.000 луѓе, на речиси 40.000 жители им беше наложено да не ги напуштаат своите домови, објави Би-Би-Си.

Франција се бори со огромен пожар

Во југозападна Франција, во регионите Жиронд и Ланд, властите евакуираа околу 200.000 луѓе. Рано наутро во саботата, четири градови во близина на Бордо - Сен Медар ан Жал, Сен Жан д'Илак, Мартињас сир Жал и Сен Обен де Медок, со вкупно население од 58.400 жители - беа евакуирани како мерка на претпазливост.

Пожарот во Жиронда, опишан од локалната префектка Софи Брокас како „XXL пожар“, проголта повеќе од 19.000 хектари шума и уништи околу осумдесет куќи. Властите, исто така, го евакуираа целиот полуостров Кап Ферет, популарна туристичка дестинација, од која стотици луѓе избегаа со бродови. Нормално, во таа област живеат помалку од 8.000 луѓе, но во лето тој број се зголемува десеткратно.

„Никогаш не сме виделе конвективен пожар од ваков обем“

Шефот на противпожарната служба Марк Вермелен рече дека условите се потешки отколку за време на катастрофалните пожари во 2022 година, бидејќи сушата дозволува пожарот да се шири преку ноќ.

„Никогаш не сме виделе конвективен пожар од ваков обем“, изјави францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез за телевизијата TF1, додавајќи дека околу 50 пожарникари се повредени. Тој изјави дека самиот пожар создава услови за сопствено ширење и менување на насоката, а во петокот вечерта се движеше кон исток, во правец на Бордо. „Ќе ја реорганизираме нашата стратегија со цел да го изгаснеме пожарот со копнени сили и да го спречиме неговото напредување кон Бордо“, објави министерот.

Појужно, втор голем пожар во близина на Бискарос во регионот Ланд принуди повеќе од 23.000 луѓе да ги напуштат своите домови, кампови, дом за стари лица и летен камп. Градоначалникот на една од најтешко погодените области, Леж-Кап Ферет, Филип де Гоневил, рече дека регионот се справува со екстремни временски услови веќе еден и пол месец, без дожд и надпросечни температури. „Ова е нечуено. Ниту ние ниту пожарникарите никогаш не сме виделе нешто вакво“, рече тој.

Францускиот претседател Макрон ја опиша ситуацијата како „многу напната“, особено во Жиронда, и потврди дека Франција го активирала механизмот за цивилна заштита на Европската Унија и дека ќе добие засилување.

„Ако се обидете да му се спротивставите, ќе ве проголта“

Во Шпанија, претседателката на регионот Мадрид, Изабел Дијаз Ајусо, ја опиша ситуацијата како „најлошиот пожар во историјата на регионот“, кој се соочува со „совршена бура“ од високи температури, постојани ветрови и конвергентни фронтови на пожар. Пожарите се движат кон општините Робледо де Чавела и Фреснедиљас де ла Олива, на околу педесет километри од главниот град.

„Пожарот е во својот врв и пожарникарите не можат да го контролираат во моментов“, изјави за новинарите Карлос Новило, раководител на службите за итни случаи за регионалната влада на Мадрид. Поради ова, беше ангажирана и Воената единица за итни случаи (UME) за да се обиде да го запре напредокот на пламените јазици. Властите исто така стравуваат дека голем пожар во близина на Бургохонда во соседната покраина Авила би можел да се спои со оној во Мадрид, а министерот за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка изјави дека се презема „сè што е можно“ за да се спречи тоа.

Осум општини се евакуирани, а неколку други градови се под полициски час. Еколоџио Кабрера (86) беше принуден да избега од своето село западно од Мадрид. „Ако не избегате и не се обидете да се соочите со пожарот, тој ќе ве проголта“, изјави тој за АФП од спортската сала каде што беше сместен. Неговото семејство се обиде да ја спаси куќата со градинарски црева. „Дојдоа и им рекоа на сите да излезат... Никогаш не сум доживеал нешто слично“, рече тој.

Цивилната гарда уапси едно лице и истражува друго под сомнение дека го предизвикало пожарот во Бургохонда со небрежна употреба на тешка механизација. Премиерот Педро Санчез ќе го посети координативниот центар за служби за итни случаи во сабота наутро.

Екстремните услови влијаат на цела јужна Европа

Европската Унија испрати авиони и хеликоптери за да им помогне на Шпанија и Франција, бидејќи поголемиот дел од јужна Европа се бори со последователни топлотни бранови и продолжена суша. Европа е континентот што најбрзо се затоплува; од 1980-тите, температурите растат двојно побрзо од глобалниот просек, според Службата за климатски промени Коперник.

Потоплите и посувите услови ја сушат вегетацијата што лесно се запалува и им овозможува на пожарите брзо да се шират. Иако пожарот сè уште бара искра - најчесто предизвикана од човечка активност или удар од гром - екстремната топлина и силните ветрови ги прават пожарите побрзи и многу потешки за локализирање.

Според податоците од Европскиот информативен систем за шумски пожари, оваа година во Европа веќе изгореле повеќе површини од годишниот просек од последните две децении. Европската агенција за животна средина предупреди дека „климатските промени го зголемија ризикот од шумски пожари низ цела Европа“, при што најголемата опасност се очекува на југот од континентот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Струмичанец превезувал мигранти со возило со таблички од друго возило и без возачка- уапсен е

Лишен од слобода струмичанец, превезувал мигранти со возило со регистраски таблички од друго возило и без возачка дозвола.

Струмичанец превезувал мигранти со возило со таблички од друго возило и без возачка- уапсен е

На 24.07.2026 во 19:30 часот во близина на крстосница од локален пат с.Богородица-Гевгелија и регионален пат Гевгелија-Богданци, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го лишија од слобода Д.К.(36) од Струмица поради основи на сомнение за сторени кривични дела по член 418-Б, член 378 и член 297-а од Кривичниот законик. Имено, при контрола во возило „фиат стило“ со австриски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица мигранти, од кои четири од пакистан, две од Авганистан и едно од Турција. Додека, по извршени дополнителни проверки било констатирано дека регистарските таблички припаѓале на возилото, а тој го управувал без возачка дозвола.

За настанот е известен јавен обвинител,а мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против Д.К. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер