Албанија прогласи вонредна состојба поради коронавирусот со казни од 6000 евра

Албанија денеска прогласи вонредна состојба поради епидемијата со коронавирус и им даде на властите 30 дена вонредни овластувања да пребаруваат домови и да забранат движење и штрајкови за спречување на епидемијата во која починаа пет лица.

Албанија ги забрани сите патувања во земјата и им нареди на луѓето да останат во своите домови откако беше дијагностицирана првата зараза со коронавирус на почетокот на март кај маж кој се вратил од Италија.

„Владата одлучи да прогласи вонредна состојба во Република Албанија заради епидемијата на „ Ковид-19 ““, се вели во соопштението.

Веќе се најавени строги мерки, вклучително и полициски час од 16 часа и наредба луѓето да не шетаат, дури ни парови.

Лицата кои не ја почитуваа одредбата да останат во објект за изолација од четиринаесет дена, веќе добија казни од 700.000 лекови (околу 6.000 евра).

Новите мерки за итни случаи вклучуваат проширување на карантинот за потенцијално заразени лица.

Специјални овластувања се дадени на Комисијата за вонредни состојби, која беше формирана пред четири месеци кога Албанија беше погодена од земјотрес во ноември и кога загинаа 51 лице и 17.000 останаа без своите домови.

Од дијагностицирањето на првото заразено лице пред 16 дена, Албанија тестирала 1.041 лица и потврдиле 146 заразени.

Во болница има 72 лица, но само тројца се на респиратор. Десет лица се опоравиле.

„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили

 Апликацијата „Гугл мапс“ за „Андроид“ и „Андроид авто“ доби надградба што со помош на вештачката интелигенција, ќе нуди попрецизни насоки како да се дојде до најблискиот полнач за електрични автомобили.

Се работи за функции што, според познавачите, ќе овозможат полесна навигација, како и безгрижно и лесно планирање на долги патувања.

ВИ-алгоритмот собира кориснички коментари што содржат точни податоци за локацијата на полначот и како да се стигне до него. Описот може да содржи и дополнителни информации околу времето на чекање итн.

Додека електромобилот е во движење, „Гугл мапс“ ќе може да му предложи на возачот и други станици за полнење во близина. „Гугл мапс“ ќе може да нуди и план за долги патувања, на пр. со повеќе застанувања. Станиците за полнење електрични возила ќе бидат предложувани врз основа на нивото на батеријата, брзината на полначот и достапноста - сѐ тоа во реално време.

Повеќе од 15 членови на семејството Кенеди ќе го поддржат Бајден на претстојните избори

 Повеќе од 15 членови на познатото семејство на поранешниот американски претседател Џон Кенеди ќе ја поддржат кандидатурата за реизбор на американскиот претседател Џозеф Бајден.

Со овој потег тие ќе се обидат да ја намалат легитимноста на кандидатурата на Роберт Кенеди Џуниор, син на родениот брат на поранешниот претседател Џон Кенеди.

„Можам само да замислам колку би бил ужасен татко ми Роберт Кенеди од неверојатните лаги и однесување на Доналд Трамп“, рече Кери, сестрата на Кенеди Џуниор, додавајќи дека нејзиниот татко се залагал за „еднаквост, човекови права и слобода, токму како што денес тоа го прави претседателот Бајден“.

СЗО загрижена поради големото ширење на вирусот на птичји грип

СЗО загрижена поради големото ширење на вирусот на птичји грип, кој еволуира и развива способност да зарази луѓе, тврди научник.

Светската здравствена организација денеска изрази загриженост поради големото ширење на птичјиот грип Х5Н1 меѓу новите видови, кој развива способност да зарази и луѓе.

„Мислам дека ова останува огромна загриженост“, изјави главниот научник на здравствената агенција на ОН, Џереми Ферар за новинарите во Женева.

Појавата на птичји грип почна во 2020 година и доведе до смрт на десетици милиони живина, при што се заразени и диви птици, како и копнени и морски цицачи.

Кравите и козите се приклучија на листата минатиот месец -- изненадувачки развој за експертите, бидејќи не се сметаше дека се подложни на овој тип на грип.

„Видот А (Х5Н1) стана „глобална пандемија на зоонозни животни. Се разбира, големата загриженост е што при... инфицирање на патки и кокошки, а потоа сè повеќе цицачи, тој вирус сега еволуира и развива способност да зарази луѓе, а потоа критично да премине од човек на човек“, рече Ферар.

притисни ентер