3АМСМ: Зголемен интензитет на сообраќај надвор од градските средини, на ГП Богородица за излез се чека околу 30 минути
Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
2Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Омилен, но потценет летен деликатес: Пченката го поддржува здравјето на очите, го регулира варењето и го штити срцето
2 Омилен, но потценет летен деликатес: Пченката го поддржува здравјето на очите, го регулира варењето и го штити срцето
3 Основачот на OpenAI: „Поради вештачката интелигенција ќе се работи уште повеќе, но потајно ќе бидеме посреќни“
БалканАлбанија: Потврдена пресудата за Фреди Белери, со тоа го губи градоначалничкиот мандатАлбанскиот специјален апелациски суд денеска ја потврди двегодишната затворска казна на избран градоначалник од грчкото малцинство во земјата, што се очекува дополнително да ги влоши тензиите со соседна Грција.Судот одби да ја поништи пресудата на судечкиот суд во март против Фреди Белери (51), кој беше затворен поради обвинение за купување гласови на минатогодишните општински избори. Белери, кој има двојно државјанство, освои место во Европскиот парламент, претставувајќи ја владејачката конзервативна партија Нова демократија, на изборите за ЕУ претходно овој месец. Тој на ланските локални избори, одржани на 14 мај, беше реизбран за градоначалник на Химара, 240 километри јужно од главниот град Тирана. Два дена пред изборите, тој беше уапсен под обвинение дека понудил 40.000 албански леки (360 евра во тоа време) за да купи осум гласови. Белери никогаш не положи заклетва бидејќи беше уапсен, а подоцна осуден на две години затвор. Ги отфрли обвиненијата, а Атина го опиша неговото притворање како политички мотивирано. Грција ја повика албанската влада да го запре судењето на Белери, велејќи дека случајот може негативно да влијае на кандидатурата на Албанија за пристапување во Европската унија. Албанија, земја кандидат, е во процес на преговори за полноправно членство. Албанската влада рече дека не може да стори ништо додека случајот е на суд. На судската сеанса присуствувала и грчката амбасадорка во Тирана, Константина Камици. Таа на излезот од Специјалниот апелациски суд против организиран криминал и корупција изјави дека е повредена презумпцијата на невиност. -За жал, многу аспекти на овој случај отвораат прашања во однос на објективноста на процесот, како што се повредата на презумпцијата на невиност, продолжениот притвор, несразмерната казна, како и ускратувањето на правото на заклетва како градоначалник, рекла амбасадорката. Додала дека предности за Грција секогаш остануваат почитувањето на владеењето на правото, демократските процеси и заштитата на правата на малцинствата, кои се основните принципи на ЕУ. - Господинот Белери и официјално е избран за пратеник во Европскиот парламент. Демократско барање е европратениците да имаат можност да се појават во работата на ЕП, почнувајќи од првата сесија во јули, посочила амбасадорката Камици. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисАлкараз се повлече и од Мастерс турнирот во СинсинатиКарлос Алкараз повторно се откажа од еден турнир, младиот Шпанец со месеци се надвор од терените поради повреда, сега јавноста со право се прашува ќе настапи ли тој на следниот грен слем во Њујорк УС Опен? Вториот тенисер во светот, Карлос Алкараз, се повлече од Мастерс турнирот во Синсинати поради повреда на зглобот, па така нема да ја брани титулата освоена минатата година. Карлос Алкараз нема да настапи на турнирот „Мастерс“ во Синсинати, бидејќи одлучи да го продолжи закрепнувањето од повредата на зглобот. Шпанскиот тенисер последен пат настапи во април на турнирот во Барселона, кратко откако играше во финалето на „Мастерс“ турнирот во Монте Карло. Алкараз има учинок од 22 победи и три порази оваа сезона и моментално е второрангиран на АТП-листата. Тој ја започна сезоната на најдобар можен начин со освојување на „Австралија опен“, со што го комплетираше својот „Гренд слем“ во кариерата. Титулата во Мелбурн беше единствениот голем трофеј што му недостигаше во колекцијата.Тагови: Карлос Алкараз тенис Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употребаВодата во Гостивар останува забранета за употреба.Надлежните по седницата на Главниот штаб за кризи најавија почести мерења на квалитетот и дополнителни снабдувања на гостиварци со цистерни и со флаширана вода. Од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека бактеријата Proteus mirabilis ( проетус мирабилис), која беше пронајдена во дел од примероците, е очекувана поради застојот на водата во системот за време на целосната забрана за користење. Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и останува да се користи исклучиво за технички потреби. На состанокот било одлучено во наредниот период да се интензивираат контролите на квалитетот на водата, се додека не се добијат три последователни исправни микробиолошки анализи. До тогаш, жителите ќе продолжат да добиваат флаширана вода, досега се дистрибуирани речиси 600 илјади литри. Во меѓувреме, Министерството за здравство информира дека вчера биле регистрирани 78 прегледи, шест помалку од претходниот ден. Тагови: Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВидео: Руски напади на Киев со балистички ракети, 13 загинати, десетици повредениНајмалку 15 лица загинаа, а 51 се повредени во третиот голем руски напад врз Киев и неговата околина во текот на изминатата недела. Во текот на ноќта, ракети и беспилотни летала предизвикаа пожари во станбени згради, магацини и индустриски објекти низ главниот град и регионот, пренесува „Киев пост“. Државната служба за вонредни состојби (SES) и градоначалникот Виталиј Кличко објавија податоци според кои во регионот на Киев загинале 14 лица, а 27 биле повредени. Russia has launched a massive missile attack on Kyiv and the surrounding region, firing more than 30 missiles over the past 30 minutes. The strike package included Iskander-M ballistic missiles, modified RM-48U surface-to-surface missiles launched from S-400 systems, and 3M22… pic.twitter.com/IyevV2Zw56 — OSINTWarfare (@OSINTWarfare) August 4, 2026 Во самиот град Киев, едно лице го загубило животот, додека 24 биле ранети. Дописниците на „Киев пост“ известија од различни делови на градот дека во рок од околу дваесет минути се слушнале повеќе од 30 експлозии. Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија лансирала вкупно 143 ракети и беспилотни летала. Нападот вклучувал 24 балистички ракети „Искандер-М“/„С-400“, четири противбродски ракети „Циркон“/„Оникс“ и 115 напаѓачки беспилотни летала „Шахед“, како и беспилотни летала користени како мамци. Главна цел на нападот било поширокото подрачје на Киев. Украинската противвоздушна одбрана соборила или електронски попречила 98 беспилотни летала. Сепак, ниту една од 28-те лансирани ракети не била пресретната.Тагови: русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08