Стојаноски: Пред почеток на учебната година Владата со конкретни мерки ги поддржува семејствата, ранци, тетратки, пенкала, моливи, боици по пониски цени
2Стојаноски: Пред почеток на учебната година Владата со конкретни мерки ги поддржува семејствата, ранци, тетратки, пенкала, моливи, боици по пониски цени
3Сали: Автопатот Скопје–Блаце е историска инвестиција што ги зближува граѓаните и ја поврзува нашата заедничка европска иднина
2Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2
БалканАлбанија: Изгласан буџетот за идната година, тежок 8,2 милијарди евра, со дефицит од 680 мил. По единаесет часовна расправа, со 75 гласа „за“, од владејачкото мнозинство и 24 против на опозицијата, синоќа албанскиот парламент го изгласа буџетот за 2025 година. На седницата не беа прифатени над 40 амандмани на опозицијата, на групата ДП, но и на пратениците поддржувачи на Љуљзим Баша, а се однесуваа главно на обезбедување средства за економска поддршка на граѓаните. Буџетот е најголем во историјата, вреден 8,2 милијарди евра. Приходите ќе достигнат околу 7,5 милијарди евра со зголемување од 510 милиони евра во однос на тековнава година. Додека буџетскиот дефицит е планиран во износ од 680 милиони евра. Најголемо зголемување на буџетот за следната година ќе добие Министерството за здравство 807 милиони евра, за инфраструктура 740 милиони евра, министерство за образование 620 милиони евра, за економија 560 милиони евра. Буџетските приходи за 2025 година се предвидени на 7,5 милијарди евра или 28,8 отсто од БДП. Јавниот долг се очекува да се намали на 55,8% од бруто домашниот производ, од 56,3%. Се предвидува задолжување на странскиот пазар со еврообврзница во износ од 600 милиони евра. Инаку, Нацрт-буџетот беше начелно изгласан, по 48-часовна расправа, на 19 ноември, со 75 гласа „за“, 40 гласа „против“, а не гласаа 22 пратеници присутни во салата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
СветИран планира атентат на еден од синовите на премиерот на Иразел НетанјахуВо дел од светските медиуми денес се појавуваат нови информации за атентатот врз Јаир Нетанјаху, синот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, додека тој живеел на Флорида.Според порталот „Њузмакс“ (Newsmax), израелските разузнавачки служби ги известиле американските власти за ова кон крајот на минатата година. Според извор запознаен со истрагата, ирански оперативци веќе биле во областа на Мајами и го следеле движењето на Јаир Нетанјаху, вклучително и во неговата резиденција во Халандејл Бич. Јаир Нетанјаху (35), кој имаше постојано обезбедување од израелските служби, веднаш ја напуштил Флорида по предупредувањето и се вратил во Израел, оставајќи ги своите лични работи во САД, соопшти изворот. Во понеделникот, во интервју за израелскиот Канал 14, израелскиот премиер потврди дека Иран се обидел да убие еден од неговите синови, но не прецизираше за кој син станува збор. „Иран целеше кон еден од моите синови. Се обидоа да го убијат“, изјави Нетанјаху. Нетанјаху има двајца синови, Јаир и Авнер. Авнер живее во Израел, додека Јаир помина подолг период во областа на Мајами, каде што стана познат како конзервативен политички коментатор и јавен бранител на својот татко. Израелскиот Канал 12 објави дека некои медиуми со месеци знаеле за планот за атентат, но дека неговото објавување претходно било спречено од воената цензура.Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтојаноски: Пред почеток на учебната година Владата со конкретни мерки ги поддржува семејствата, ранци, тетратки, пенкала, моливи, боици по пониски цени Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни мерки кои директно значат грижа и поддршка за граѓаните и за семејниот буџет.Во таа насока со почетокот и на оваа нова учебна година Владата донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор, мерка која ќе трае заклучно со 30-ти септември годинава. Со одлуката трговците на големо се задолжуваат да ги намалат цените на училишниот прибор за најмалку 10%. Истовремено трговците на мало се задолжуваат да обезбедат намалување на цените од најмалку 15%. Ова е конкретна и директна поддршка за семејствата во период кога родителите имаат зголемени трошоци за подготовка на своите деца за новата учебна година. За семејствата со повеќе од еден ученик ова ќе значителна помош и заштеда на семејните буџети. Мерката опфаќа широк спектар производи. Практично се што им е потребно на учениците за учебната година ќе можат да го набават со намалени цени почнувајќи од ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала, боици, пластелинни, теста за моделирање, фломастери, линијари и дидактички материјали, како и многу други производи неопходни за почетокот на учебната година. Целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е јасна. Родителите да можат да го обезбедат потребниот училишен прибор за своите деца по пониски и попристапни цени. Ова е трета година по ред каде што пред почетокот на учебната година Владата воведува училишна кошничка со единствена цел да им го олесни месец септември на родителите и семејствата, да ги заштеди семејните буџети и да го заштити животниот стандард на граѓаните. Септември и почетокот на учебната година треба да биде момент на среќа и убаво расположение како на учениците што се враќаат во училишните клупи, така и за родителите кои треба да ги подготват своите деца со сите потребни материјали за на училиште, а не моменти на грижа и на стрес како да се намерат трошоците. Токму затоа Владата продолжува со политики кои носат конкретна корист за граѓаните и директно придонесуваат за заштита на животниот стандард. Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Бојан Стојаноски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
Шоу бизФото:Иванка Трамп знае и да сурфаЕдна од најмоќните жени во светот покажа скриен талент и ги воодушеви фановите на социјалните мрежи.Иванка Трамп замина на нов одмор со семејството, каде што ужива во своето омилено хоби, а фотографиите од одморот фуриозно се проширија на социјалните мрежи. 44 годишната Иванка која е ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, покрај тоа што привлекува внимание на јавноста со својот изглед, во последно време фасцинира и со своите спортски вештини. Таа очигледно е љубител на адреналински возбудувања, бидејќи поголемиот дел од летото го помина сурфајќи, а својот талент го покажа и за време на семејниот одмор во Костарика, каде што често патува. Претходно Иванка со семејството летуваше на Исланд, а сега, е време за нови авантури во потоплите краишта. Ivanka Trump Turns Heads With Surfing Skills During Costa Rica Family Getaway . #IvankaTrump #CostaRica #FamilyVacation #Surfing #CelebrityNews pic.twitter.com/WBBZXYywp2 — JL News Today 🇺🇸 (@JLNewsToday) August 24, 2026 Иванка ги искористи брановите и ги покажа своите вештини на зелената даска, а притоа одлично се забавуваше со својот инструктор. Таа носеше горен дел од костим за нуркање и црн долен дел од костим за капењеТагови: Иванка Трамп костарика Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook