Албанија ги почнува преговорите по кластери за членство во ЕУ - Канал 5

Албанија ги почнува преговорите по кластери за членство во ЕУ

По 10 години во европската чекална и со земја статус кандидат, Тирана и формално ги почна преговорите со Европската Унија. 

Албанија ги почнува преговорите по кластери за членство во ЕУ

На Втората меѓувладина конференција во Луксембург, Албанија го отвори првиот кластер од преговорите „Основни вредности“, со што воедно стана и првата земја која ќе преговара согласно новата методологија за проширување. На прес-конференцијата со унгарскиот двоец Сијарто и Вархеји, албанскиот премиер Рама рече денешниот чин е историски камен темелник кон целосно обединување. Во неколку наврати зајадливо му се заблагодари на Путин поради тоа што успеал да ги разбуди најскептичните дека местото на Западен Балкан е во ЕУ. Во емотивно, но и сликовито обраќање, изрази жалење што Македонија денеска не е со Албанија, а била меѓу првите кои го почнале процесот. Но, Рама не жали за критиките кои во минатото ги упати на адреса на Бугарија за билатерализација на процесот.

-И да, стојам на истите работи што ги кажав за нашите бугарски пријатели, бидејќи историјата не може да биде причина за запирање на пристапните преговори за ниту една земја. Различните ставови за тоа која била мајка на нашите херои и со кого водела љубов или каков биометриски идентитет имала и дали биле поврзани кога решиле да водат љубов, се многу интересни теми за историчарите, но мислам дека не се дел од сето она што не поврзува да станеме дел од ЕУ. , изјави Еди Рама, премиер на Албанија.

Македонското досие беше присутно и во обраќањата на Сијарто и на Вархеји, кои за застојот на проширувањето вината ја лоцираа и кон дел од нивните претходници во Брисел. Велат ЕУ загуби на тежина и кредибилитет, несоодветно е просечното време на чекање да е 15 години.

-Она што го наследив од Комисијата на Јункер, премиерот веќе спомена, повеќе личеше на сообраќајна несреќа, отколку на портфолио. Имавме три неуспешни обиди да постигнеме договор за почеток на преговорите со Албанија и Македонија. , изјави Оливер Вархеји, еврокомесар за проширување.

Кластерот „Основни вредности“, што го отвори Албанија опфаќа три критериуми – функционирање на демократските институции, реформа на јавната администрација и економски критериуми, како и пет поглавја – Судство и основните права, Правда, слобода и безбедност, јавни набавки, статистика и финансиска контрола. Овој кластер се отвора прв и се затвора последен и го одредува темпото на преговарачкиот процес, кој Албанија го почнува откако пред три недели беше одвоена од преговарачкиот пакет со Македонија, чиј европски пат е условен со уставните измени.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер