Албанците се рангирани по Грузијците за принудно враќање од земјите на ЕУ во 2024 година - Канал 5

Албанците се рангирани по Грузијците за принудно враќање од земјите на ЕУ во 2024 година

Албанските граѓани се рангирани на второто место по Грузијците по бројот на принудни враќања од некоја од земјите на Европската унија во текот на 2024 година.

Албанците се рангирани по Грузијците за принудно враќање од земјите на ЕУ во 2024 година

-Според податоците на Европската агенција за статистика, Евростат и Агенцијата за заштита на границите, Фронтекс, обработени од Гласот на Америка, 8202 албански државјани со нерегуларен престој биле принудени од полициските власти да напуштат земја на Европската унија во текот на 2024 година, објавија албанските медиуми.

Додаваат дека во 2023 година, на 17.425 албански државјани им било наредено да ја напуштат ЕУ, а 7.870 од нив биле ефективно вратени.

Во 2021 година, Фронтекс објави дека насилно биле вратени 5.398 илегални албански мигранти, што бележи зголемување во споредба со претходната, 2020 година, кога биле вратени 4.801 албански државјанин.

-Високите стапки на иселување на Албанците продолжуваат да даваат високи показатели за присилно враќање и неиздавање на дозвола за престој од земјите на Европската унија. Албанските државјани со наредба за протерување и во текот на 2024 година потврдува дека голем број нелегално живееле во една од земјите на Европската унија, стои во анализата.

Албанските државјани патуваат без визи во Европската унија од декември 2010 година, но во случаи на откривање „како незаконски“ од властите на земја од Европската унија, го прекршиле тримесечниот престој во земјите од шенген зоната или извршиле дејствија надвор од визната програма за туристички цели.

Според извештајот на Фронтекс за 2024 година, оваа агенција им помогнала на земјите-членки на Европската унија да вратат 56.262 лица со нерегуларен престој во овие земји, што бележи зголемување од 43 отсто во однос на претходната година.

Во документот исто така се наведува дека Грузијците, Албанците, Турците, Колумбијците и Молдавците се петте главни националности со највисоко присилно или доброволно враќање од европските земји во текот на 2024 година.

Инаку, според прелиминарните податоци на Министерството за внатрешни работи на Албанија, во текот на 2024 година од Велика Британија во земјата биле вратени 1120 албански државјани со нерегуларен престој или осудени за кривични дела, во 25 операции за репатријација извршени преку воздушен транспорт. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски и Мицкоски ги пренесоа државните приоритети на Амбасадорскиот совет во Скопје

Разговори за изнаоѓање на решение постојано се во тек, но во рамки на веќе извесните црвени линии, изјави премиерот Христијан Мицкоски во однос на дипломатските напори за деблокада на македонските евроинтеграции.

Муцунски и Мицкоски ги пренесоа државните приоритети на Амбасадорскиот совет во Скопје

Тој истакна дека додека македонскиот устав нуди заштита на правата на сите заедници во државава, вклучително и бугарската, соседна Бугарија се уште не ги спровела пресудите од ЕСЧП кои се во корист на тамошната македонска заедница. Мицкоски рече дека е подготвен да се сретне со неговиот бугарски колега Румен Радев доколку претходно дипломатските напори успеат да ги приближат македонските и бугарските позиции.

-Јас сум подготвен во било кој момент да седнам и да разговарам, но средба колку да биде само средба а притоа да нема никаков ефект, не сум љубител на губење нити на своето ниту на неговото време. Очекувам дека дипломатските обиди да се изнајде решение претходно ќе ги доближат позициите на двете страни, па ако има можност за такво доближување тогаш апсолутно сум подготвен да седнам да разговарам,- - Христијан Мицкоски, претседател на Влада.

Мицкоски и претседателката Сиљановска Давкова присуствуваа на Амбасадорскиот совет кој денеска се оддржа во Скопје, прв пат по 2019та година. Пред почетокот, шефот на дипломатијата Муцунски, ги предочи стратешките насоки за амбасадорите и ги определи ЕУ членките, САД, но и Индија и земјите од Арапскиот залив како приоритетни трговски партнери за државава.

-Прво е заштитата на македонските национални интереси, второ е користењето на потенцијалот на нашите дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија но и стимулирање на трговијата, односно извозната компонента на нашата економија и третото е заштитата на интересите на нашите граѓани надвор од нејзините граници, независно дали се тоа македонци кои што живеат надвор од нашата држава или се тоа наши граѓани кои патуваат заради различни причини,- -Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија.

На отворањето на Амбасадорскиот совет денеска се обрати и шефот на чешката дипломатија Петр Мацинка кој е во официјална посета на државава. Иако Муцунски не ја адресираше вчерашната изјава на неговиот чешки колега според кој Македонија и Бугарија немаат билатерален спор туку мултилатерално прашање на сите земји на ЕУ, како што вели Муцунски, Чешка испратила јасна поддршка за македонското членство во ЕУ и понудила помош во изнаоѓање на соодветно решение во спорот со Бугарија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нема нови потврдени случаи на западнонилска треска, но петмина пациенти се во критична состојба

Нема нови потврдени на западно нилска треска, ама има неколку нови приеми на пациенти за кои има сомнеж дека воспаление на мозокот имаат поради вирус, кои спаѓаат во ризичната група и се над 50 годишна возраст, потврдуваат за Канал 5 од Инфективна.

Нема нови потврдени случаи на западнонилска треска, но петмина пациенти се во критична состојба

Нема нови потврдени на западно нилска треска, ама има неколку нови приеми на пациенти за кои има сомнеж дека воспаление на мозокот имаат поради вирус, кои спаѓаат во ризичната група и се над 50 годишна возраст, потврдуваат за Канал 5 од Инфективната клиника. Дваесет и четиригодишното момче од Центар кој се води како досега најмладиот хоспитализиран со симптоми на западно нилска трескаб е во добра општа состојба и нема компликации, а 25 годишната девојка се уште е со одредени тегоби како силни главоболни и зашеметеност, но надвор од животна опасност, а за жал, нема подобрување на состојбата кај петмината повозрасни пациенти кои веќе со денови се во критична состојба и остануваат на апарати за дишење, брифираат од Клиниката.

Со оглед на тоа дека се намалува возрасната граница, и се почесто и помлади бараат помош по убод од комарец, лекарите апелираат на внимателност, особено кај повозрасните кои имаат придружни хронични болести и кај децата. Во минатото имало случаи на западно нилска треска кај деца и кај нас, но тогаш инфекцијата ја добиле во странство, а сега 37 од 38 случаи се водат како автохтони, односно заразата ја добиле во земјава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фактурирано едно парче леб како цел килограм: Скандалозни наоди од ревизијата во студентскиот дом „Пелагонија“

126 денари за килограм – толку се плаќал лебот во 2025 година во студентскиот дом „Пелагонија“ иако според пазарот цената му е 70 денари – државните ревизори утврдија низа неправилности и несоодветно трошење на јавните средства во домот. 

Фактурирано едно парче леб како цел килограм: Скандалозни наоди од ревизијата во студентскиот дом „Пелагонија“

Во 2023 година, „Пелагонија“ распишала тендер за леб и брашно, а истиот го добила фирма која воопшто нема таква дејност. Договориле цена по 57 денари од килограм, но добавувачот, при фактурирањето едно парче, односно векна леб го прикажувал двојно, како килограм. Ваквото постапување поради ретките контроли немал кој да го „детектира“ дури до крајот на 2024 година. А, подобра состојбата не била и подоцна.

-Ревизијата утврди и дека со новиот договор во 2025 година цената на лебот достигнала 126 денари/кг, што е значително над пазарната цена од околу 70 денари/кг, што укажува на неекономично користење на јавните средства и слабости во контролата на јавните набавки,- - Државен завод за ревизија.

Освен кај лебот, државната ревизија констатирала пропусти и при набавката на душеци. Извештајот нотира дека биле набавени 250 душеци, кои биле со поголеми димензии од самите кревети, па истите стојат складирани. А, мерка не била земена ниту за претходната набавка, па тоа ги оштетило и креветите.

-Утврдивме дека и претходно биле набавени 450 душеци од истиот добавувач, иако постоечките биле во добра состојба, а поради тоа што димензиите на креветите се помали од душеците, била нарушена стабилноста и статиката на креветите. Тендерската документација на набавката на душеци од 2023 година содржи ограничувачки услови, а договорот е склучен со избраниот економски оператор без обезбедена банкарска гаранција за квалитетно извршување на договорот,- - Државен завод за ревизија.

Канал 5 стапи во контакт со Агим Фејзулаху, кој директоруваше со „Пелагонија“ до крајот на 2023 година, но тој одби да даде изјава, единствено посочи дека во тендерските постапки има јасни законски услови и клаузули, кои според него се испочитувани.

Актуелниот директор Орхан Алиу пак најави дека дополнително ќе одговори на наодите од ревизорите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер