Алармантни резултати од истражувањето на УНИЦЕФ: Нездравата храна е полесно достапна во училиштата од здравите оброци - Канал 5

Алармантни резултати од истражувањето на УНИЦЕФ: Нездравата храна е полесно достапна во училиштата од здравите оброци

Дали нездравата храна е избор или неизбежна опција? –Според истражувањето на УНИЦЕФ, во училишните средини децата полесно доаѓаат до нездрава отколку до здрава храна. 

Алармантни резултати од истражувањето на УНИЦЕФ: Нездравата храна е полесно достапна во училиштата од здравите оброци

Наведено е дека само 35 проценти од училиштата обезбедуваат организирани оброци и ги исполнуваат националните стандарди за храна, но и во тие училишта често се наоѓаат нездрави ужинки. Во останатите училишта кадешто нема организирани оброци, па тие неретко сами ја обезбедуваат својата ужинка.

-Учениците се приморани да купуваат храна од продавници и од автомати кои нудат храна богата со шеќери, масти и сол, како и засладени пијалоци, додека здравите опции речиси и да ги нема.

Во најголем дел од училиштата се спроведува едукација за исхрана, додека само во едно училиште се спроведува од наставник обучен од областа на исхраната. Истажувањето се однесува и на основните, и на средните училишта. Во него стои дека над 80 проценти од учениците поддржуваат обезбедување здрави и хранливи оброци, а 60 проценти сметаат дека помалку достапната нездрава храна би придонело кон тоа да направат поздрав избор. Високи 85 проценти сметаат дека храната која се продава во училиштата треба да биде со поприфатлива цена. Од УНИЦЕФ порачуваат дека создавањето средини во училиштата со кои се дава поддршка на здравата храна е од суштинско значење за заштита на здравјето на децата кои ќе значат поддршка на здрави навики во текот на целиот живот. Наодите се надоврзуваат на веќе постоечките докази за исхраната во Македонија, а една третина од децата на возраст 7-9 години имаат прекумерна тежина.

Во рамки на иницијативата, започна и кампања насловена „#ШтоИмаЗаЈадење“ која е креирана со деца и адолесценти од пет училишта од државата, а целта е да се подигне свеста за потребата од поздрава училишна исхрана и ограничување на рекламите за нездрава храна. Дополнително, од УНИЦЕФ порачуваат дека здравата средина за децата бара заедничка акција од училиштата, семејствата и институциите.

Истражувањето било спроведено во соработка со МОН, Министерство за Здравство и Институтот за Јавно Здравје, а опфатило околу 1.700 ученици во 40 основни и средни училишта.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Најзгодната мама повторно воодушеви во бикини

Екс манекенката Роузи Хантингтон-Вајтли ужива во одморот со својот славен сопруг, холивудскиот актер Џејсон Стетам и децата.

Фото: Најзгодната мама повторно воодушеви во бикини

Познатото семејство летниот одмор го мининува на егозтичната Малта, каде што Роузи повторно позира во провокативно бикини.

Убавата Роузи Хантингтон-Вајтли ја покажа својата извајана фигура во минијатурни бикини за време на луксузниот семеен одмор со Џејсон Стетам.

39 годишната манекенка моментално ужива на Малта со 20 години повозрасниот Џејсон и нивните две деца – деветгодишниот син Џек и четиригодишната ќерка Изабела.

Парот веќе објави фотографии од одморот, но кога станува збор за Роузи, никогаш не е доволно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Франција пронајдени тела на пет бебиња

Француските обвинители покренаа истрага за сомнително убиство откако во станот на еден пар во градот Оранж, во југоисточна Франција, беа пронајдени посмртните останки на пет новороденчиња, соопштија локалните правосудни органи.

Во Франција пронајдени тела на пет бебиња

Остатоците од бебињата биле пронајдени во картонски кутии за време на претрес на станот во историскиот центар на градот, спроведен од 32-годишниот партнер на жената, откако тој – според обвинителството – дури во напредна фаза дознал дека таа повторно е бремена, пренесува „Франс 24“.

Жената во неделата дома родила здраво дете, по што била пренесена во болница.

По пристигнувањето во станот, нејзиниот партнер пронашол остатоци за кои се сомневал дека се човечки остатоци и ги известил болничките вработени, кои го пријавиле случајот во обвинителството. Според првите наоди на судскиот испитувач, остатоците најверојатно им припаѓаат на пет бебиња, а причината и околностите на нивната смрт ќе бидат утврдени со обдукции.

Истражителите сè уште не разговарале со мајката, соопштија од обвинителството.

Двојката има и две деца на возраст од осум и девет години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанската пејачка ја откри вистината за нејзината врска со фудбалерот

Шпанската пејачка Ана Мена одлучи да проговори по бројните гласини што ја поврзуваат со сè попопуларниот фудбалер Феран Торес.

Шпанската пејачка ја откри вистината за нејзината врска со фудбалерот

Шпанската пејачка Ана Мена категорично демантираше дека е во врска со напаѓачот на Барселона, Феран Торес – освојувач на Светското првенство во 2026 година со шпанската репрезентација – и ги нарече таквите тврдења „глупости“ и „апсурдни“, откако беа видени заедно за време на прославата на светската титула.

Пејачката веднаш реагираше на гласините што се појавија во медиумите деновиве, особено на оние што ја поврзуваат со фудбалерот на Барселона.

„Ова е бесмислица, за име на Бога. Навистина е смешно“, им изјави таа на собраните новинари, пренесува Goal.com.

Медиумите почнаа да ги поврзуваат Ана Мена и Феран Торес откако беа видени заедно на прослава на плоштадот Сибелес, организирана од Шпанската фудбалска федерација, а потоа и на приватна забава во еден од најпознатите ноќни клубови во Мадрид.

Шпекулациите дополнително се разгореа кога пејачката се појави во дрес со бројот 7, кој Торес го носи во шпанската репрезентација.

Кога ја прашале Анна зошто го носела токму тој дрес, Ана Мена кратко одговори: „Па, тоа е дресот што ми го дадоа, не знам.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер