3Им ги корнеле косите и им ги кршеле коските на близначки од Иран поради протестите- едната е осудена на смрт (ВИДЕО)
МакедонијаАлармантни бројки: Четириесет проценти од младите до 18 години пушат, првата цигара ја палат на 13 години Во просек речиси секое второ дете пуши цигари, а најчесто почнуваат на 13-годишна возраст, па со ваквата традиција Македонија се рангира меѓу земјите со највисоките стапки на пушење.Во просек речиси секое второ дете пуши цигари, а најчесто почнуваат на 13-годишна возраст, па со ваквата традиција Македонија се рангира меѓу земјите со највисоките стапки на пушење, истакнаа учесници на регионална работилница на која учествуваше и Министерката за образование и наука Весна Јаневска. Она што можеме да го направиме како цело општество е да реагираме соодветно, и прво, да се почитува законот и на малолетници до 18 години да не им се продаваат цигарите и новите електронски производи што најчесто ги користат младите и дополнително да бидат уште поскапи, смета Тамара Мијовиќ Спасова од Аналитика тинк тенк. „Нашите анализи покажуваат дека веќе од 13 години тие почнуваат да пушат. Бројките се алармантни. Ако веќе ни е влезено во свеста за возрасната генерација „македонскиот народ пуши“, ајде да влијаеме на младите и тие да не почнуваат со овие лошо навики. Особено да имаат претседава дека новите производи што ни се нудат на пазарот, електронските и оние што се на загревање, дека се некоја безбедна варијанта која нема да им пречи. А веќе имаме и нови студии кои покажуваат дека не се така безбедна варијанта.“ Со цел во иднина да се насочи младината „на прав пат“ без алкохол, цигари и дрога, мора да се работи на превенцијата, смета Министерката Јаневска која посочи дека воведувањето на изборниот предмет во седмо одделение „Учам за моето здравје“ може да придонесе младите да почнат да практикуваат поздрави животни навики. „Во различни предмети се присутни теми за здравствена писменост. Имаме и новина, во седмо одделение оваа година е воведен изборен предмет „Учам за моето здравје“. Друго што направи оваа Влада е тоа што во новите законски решенија, законите кои ги донесовме за основно и средно образование, ги задолживме училиштата да спроведуваат програми. Тоа се програми, против дисриминација, против насилство, против малолетничка деликвенција, но и против злоупотреба на штетните супстанци, како што се тутунот, алкохолот и дрогата.“ Од Аналитика тинк тенк сметаат дека мора да има измени во законите за да се препознаат новите производи како штетни. Статистиката на млади и возрасни пушачи е слична. Млади 40 %, возрасни - 45 отсто. Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје речиси половина од возрасното население се активни пушачи, а зголемувањето на цените на цигарите засега не резултира со драстично намалување на бројките. А, според пресметката на СЗО за цигари годишно трошат околу 600 милиони евра. Тагови: цигари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 7. септември 2026 година Дневен хороскоп за понеделник, 7. септември 2026 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Пред вас е многу ветувачки љубовен ден. Ќе имате можност да поминете преубаво заедничко време со саканата личност. Кариера Држете се до своите деловни партнери , зашто тие во моментов одлично ја водат целата работа. Не им замерувајте ако понекогаш се малку поостри. Здравје и совет Прошетајте се на свеж воздух. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе покажете дека цврсто верувате во своите љубовни идеали и дека од саканата лилчност очекувате повеќе отколку што мисли. Кариера Во стручните прашања би можело да дојде до една расправија или натпревар во докажување кој е во право. По обичај , никој. Здравје и совет Несоница по кошмарните сништа. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во вашата работна средина би можеле денеска да забележитер личност која ви е посебно наклонета. Кариера Ќе бидете мотивирани само за многу интѕересни теми како што се алтернативни , уметнички и слично. Здравје и совет Не манипулирајте со луѓето. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Разговорот што ќе го водите со личност која ви е особено драга , ќе биде доста сериозен , па дури и мрачен. Кариера Ако тргнувате на деловно патување , проверете ја состојбата на автомобилот , дали сте ги набавиле сите дозволи и слично. Здравје и совет Не е исклучена кашлица.. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно ви претстои убаво помионато време во тишината на домот. Оние во врска , ќе го повикаат партнерот кај себе , а самците ќе размислуваат дали да излезат. Кариера Ќе мора малку повеќе да се потрудите околу финансиите . Имате добра шанса , па би било штета да ја пропуштите. Здравје и совет Одете кон својата цел. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе почуствувате колку е тешко постојано да објаснувате зошто избегнувате блискост. Едбноставно дистанцата ви одговара. Кариера Ќе се обидете да ги направите поедноставно работите околу финансиските трансакции. За некои тоа ќе биде чекор напред. Здравје и совет Позанимавајте се со својата листа на приоритети. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Оние кои сеуште бараат сродна душа , денеска би можеле да ја запознаат на своето работно место. Кариера Ќе бидете наклонети да мешате деловно со приватно , но тоа нема да ви пречи во доброто функционирање на работното место. Здравје и совет Пазете се од провев. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска не е најдобар ден за еротика , зашто ќе бидете студени. Затоа покажете љубов до одредена граница на физичко зближување. Кариера Загрижено ги следите сите новости , но се уште не го наоѓате она што го сакате. Сеуште постојат ограничувања. Здравје и совет Бидете трпеливи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Пред вас е пријатен љубовен ден во кој ќе ги надминете сите критики кои биле кажани на ваша сметка. Кариера Добивате одредена заштита , но тоа не значи дека и натаму не треба да се докажувате. Здравје и совет Бидете праведни. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Со паметен избор на зборови ќе ја пополните празнината во личните односи. Се ќе успеете да надоместите со интелектот. Кариера Ако повторно се посомневате во вашите способности , само погледнете што сте постигбнале до сега. Набргу ќе се охрабрите. Здравје и совет Соработувајте со младите. Рак 22.6-22.7. Љубов Партнерот ќе ве поттикне на нежност. Вашиот меѓусебен однос ќе се подобрува секој ден се повеќе. Кариера Со своето знаење ќе придонесете работата да се заврши што подобро , како и деловните партнери да ве почитуваат. Здравје и совет Одлично сте расположени. Лав 23.7-22.8. Љубов Убавите љубовни шанси ќе бидат занемарени поради мала семејна тага или проблем. Кариера Ќе се чувствувате распнати меѓу желбите и можностите. Излезот е во реалното согледување на состојбата. Здравје и совет Бидете одговорни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПриведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
МакедонијаПанче Тошковски во „Вести плус“ Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Панче ТошковскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЗошто некои мажи остануваат во врска иако не се емотивно присутниПовлекувањето, молчењето и недостатокот на блискост често имаат длабоки причини, од стрес, нерешени проблеми до научени обрасци на однесување.Во долгите врски и браковите не е невообичаено едниот од партнерите да делува физички присутен, но емотивно оддалечен. Според стручните лица за односи, ваквото однесување не мора нужно да значи и крај на љубовта или неверство, туку последица на различни животни околности, стрес или нерешени проблеми во односот. Емотивната оддалеченост се развива постепено, поради што партнерите промената не ја забележуваат веднаш. Кога разговорите ќе станат површни, нежноста ќе исчезне, а заедничкото време повеќе не носи чувство на блискост, важно е да се открие причината, наместо да се носат избрзани заклучоци. Според психологот Џона Готман од институтот Готман, мажите кои емотивно се отсутни, остануваат во врска поради овие пет причини. Тешко ги изразуваат чувствата Некои мажи од детството се научени да ги контролираат емоциите и да не покажуваат ранливост, сметајќи го тоа за слабост. Поради тоа делуваат ладно, резервирано и незаинтересирано, иако всушност имаат чувства кои не умеат и не сакаат да ги изразат. Стресот ја одзема енергијата во односот Проблемите на работа, финансискиот притисок или големите животни промени може да доведат до повлекување на личноста. Кога некој постојано е оптоварен во грижи, често му останува помалку енергија за нежност, разговор и емоционална поврзаност. Насобраните проблеми ги оддалечуваат партнерите Кога конфликтите постојано се одложуваат и не се решаваат преку отворен разговор, меѓу партнерите може да се создаде емоционален ѕид. Наместо разговор, некои избираат молк и повлекување, што со тек на време дополнително ги оддалечува партнерите. Остануваат поради чувство на обврска Понекогаш мажите остануваат во односот поради децата, заедничкиот живот, финансиската стабилност или чувството на одговорност кон семејството. Иако и понатаму може да чувствуваат приврзаност кон партнерката, односот може да се претвори во заедница која функционира од навика наместо од емотивна блискост. Ја изгубиле навиката за искрен разговор Без отворена комуникација партнерите со тек на време може да престанат да ги делат своите мисли, желби и стравови. Кога ќе исчезне размената на емоции и кога разговорите ќе се сведат на секојдневни обврски, чувството на поврзаност може значајно да ослаби. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook