Втор ден од посетата на индиската претседателка- ќе ги посети Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје и Охрид
1Втор ден од посетата на индиската претседателка- ќе ги посети Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје и Охрид
Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
2Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
СветАларм во Шпанија: Пожар во магацин за хемикалии, 80.000 жители да останат домаВластите во шпанскиот град Алкала де Гвадаира им наредија на 80.000 жители да останат во своите домови поради пожар во хемиски магацин, објавија денес шпанските медиуми.Според службите за итни случаи, нема извештаи за повредени лица во пожарот, бидејќи сите работници во магацинот за хемикалии се евакуирани, јавува „Каденасер“. Пожарникари од неколку провинции се обидуваат да го изгаснат пожарот што избувна во компанијата „Плејнсур“, во област каде што се складираат хемиски растворувачи на површина од 1.000 квадратни метри. Breaking BREAKING NEWS: Big fire in a chemical plant in Alcalá de Guadaíra, Seville, Spain. pic.twitter.com/HufZBVKjle — BREAKING NEWS (@fabio1971121971) May 14, 2025 Пожарот создал црн облак од чад кој бил видлив од градовите оддалечени повеќе од 80 километри од местото на инцидентот. На локалното население му е наредено да не излегува надвор до понатамошно известување. Причината за пожарот засега е непозната.Тагови: пожар хемикалии Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Валбон Лимани бега од одговорност за скандалот со водата, СДС, ДУИ и Таравари го штитат со молкВалбон Лимани, кандидатот на Филипче, Ахмети и Таравари, покажа дека за него најважно е да ја зачува функцијата, а не довербата на граѓаните. Наместо да излезе пред јавноста со чувство на одговорност и да признае дека како градоначалник ја носи најголемата одговорност за случувањата во Општина Гостивар, тој избра да се огради од скандалот со водата и да порача дека не чувствува никаква морална одговорност. Токму тоа е суштинската разлика меѓу политичарите кои преземаат одговорност и оние кои секогаш бараат изговори. Кога целиот град е погоден од ваков сериозен проблем, граѓаните не очекуваат оправдувања, туку отчетност. Ако градоначалникот не е одговорен за работата на луѓето што самиот ги поставил да раководат со јавните претпријатија, тогаш кој е? Дополнително загрижува молкот на СДС, ДУИ и Таравари. Наместо да побараат одговорност од својот кандидат, тие избраа да молчат. Очигледно, кога станува збор за нивни функционер, стандардите се менуваат, а принципите исчезнуваат. Никој не смее да биде заштитен од политичка или институционална одговорност. Ги повикуваме надлежните институции целосно да го расчистат случајот, без селективност и без политички калкулации. Граѓаните на Гостивар заслужуваат одговорност, а не ароганција, заслужуваат градоначалник кој ќе стои зад своите одлуки. Оттука, сметаме дека моралната одговорност и политичките последици за Валбон Лимани се неизбежни доколку сака да покаже почит кон граѓаните на Гостивар. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВтор ден од посетата на индиската претседателка- ќе ги посети Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје и ОхридПретседателката на Индија Друпади Мурму на вториот ден од официјалната посета на земјава, денеска заедно со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе ги посетат Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје.Претседателката на Индија Друпади Мурму на вториот ден од официјалната посета на земјава, денеска заедно со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе ги посетат Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје, кадешто ќе се обратат на церемонија на откривање на биста на Махатма Ганди. По церемонијата во Музејот на град Скопје, претседателката Сиљановска-Давкова и претседателката Мурму ќе се упатат кон Охрид, кадешто ќе го посетат манастирскиот комплекс Свети Наум, како и манастири и цркви во стариот град на Охрид. Вчера, на првиот ден од посетата на индиската претседателката заедно со владината и бизнис делегацијата, на средба во Вила Водно со Сиљановска Давкова, ги потврдија пријателските односи, заедничките вредности и заемната почит меѓу Македонија и Индија. Ова е прва посета на индиски претседател на државава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Работевме до доцна во ноќта, продолжуваме и утрово – сите екипи остануваат на теренЕкипите на Општина Центар работеа до доцна во ноќта на расчистување на последиците од силното невреме што ја зафати општината. Веднаш по невремето беше свикан итен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување, по што сите расположливи служби беа упатени на терен и започнаа со интервенции на најкритичните локации. Во текот на ноќта беа расчистени повеќе локации во Капиштец, Дебар Маало, населба Пролет и потегот кај Соборниот храм, а екипите интервенираа и во Буњаковец, како и на други места каде што беа пријавени паднати дрвја, оштетувања и опасности за безбедноста на граѓаните. „Работевме до доцна во ноќта и уште од раните утрински часови повторно сме на терен. Приоритет ни е да ги отстраниме сите опасности и што побрзо да ја нормализираме состојбата. Благодарам на сите служби за нивната пожртвуваност и на граѓаните за разбирањето, трпението и навремените пријави“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски. Општина Центар и понатаму ги повикува граѓаните да пријавуваат кризни локации, паднати дрвја, оштетувања на инфраструктурата или каква било ситуација што може да ја загрози безбедноста на следните телефонски броеви: 075 219 068 076 350 767 Секоја навремена пријава овозможува побрза реакција на терен. Воедно, апелираме до граѓаните, онаму каде што имаат можност, да помогнат во расчистување на своите дворови и просторот пред своите домови, со цел побрзо нормализирање на состојбата. Екипите на Општина Центар и денес продолжуваат со интензивни активности на терен и ќе интервенираат согласно приоритетите и пристигнатите пријави, сè до целосно санирање на последиците од невремето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter