Алардајс: Руни не зборувал со мене за заминување од Евертон - Канал 5

Алардајс: Руни не зборувал со мене за заминување од Евертон

Менаџерот на Евертон Сем Алардајс тврди дека Вејн Руни не прашал за дозвола да оди во САД и дека не постои конфликт меѓу нив.

Алардајс: Руни не зборувал со мене за заминување од Евертон

Британските медиуми објавија дека англискиот фудбалер во принцип се договорил со тимот од Вашингтон, Ди-Си Јунајтед за да се пресели во клубот од МЛС, но Алардајс изјави дека не разговарал со него на оваа тема.

- Јас немам никаков проблем да разговарам со секој играч на темата за негово заминување од клубот, но сакам да појаснам дека Руни не ме праша за да го напушти Евертон, ниту пак постои каков било конфликт меѓу него и мене, изјави Алардајс, јавува „Скај Спорт“.

Како што рече, „Биг Сем“ слушнал дека постои шанса Руни да замине во САД, но дека нешто повеќе на оваа тема ќе знае кога во текот на денот ќе зборува со Руни.

- Јас слушнав приказни дека Руни е подготвен за заминување во САД, но колку е точно тоа, ќе знам дури кога ќе зборувам со него. Не знам ништо повеќе и мислам дека двајцата сме возрасни и зрели личности подготвени за дијалог на било која тема, додаде Алардајс.

Руни ја започна својата кариера во Евертон, но најголемиот дел од својата кариера ја помина во Манчестер Јунајтед, од каде се врати минатото лето во трансфер, во кој беше вклучен Ромелу Лукаку. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Емили Ратајковски со нова провокација, го оставила градникот дома ..

Го оставила градникот дома и ги ослободи градите а ги покажа и гаќичките. 

Фото: Емили Ратајковски со нова провокација, го оставила градникот дома ..

Нова провокација од една од најубавите жени на светот, манекенката Емили Ратајковски.

Сексапилната Емили не се срамеше уште еднаш, по којзнае кој пат, да ги покаже своите бујни гради во проѕирен фустан.

Синоќа во Лондон се одржаа наградите „Albies“, а на гала-настанот присуствуваа бројни славни личности. Покрај прекрасната Амал Клуни, вниманието на јавноста го привлече и популарната манекенка Емили Ратајковски.

Позната по своите атрактивни и донекаде провокативни модни изданија, славната убавица ни овој пат не се воздржуваше да ги истакне своите најдобри атрибути.

Таа се појави во структуриран фустан што ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината прекрасна фигура. Станува збор за специфична креација украсена со вешто поставени цветни детали, кои ги покриваат интимните делови од телото.

Како што веќе можете да претпоставите, Емили избра проѕирен фустан под кој носеше само црни гаќички. Таа го заборави градникот дома и гордо ги покажа своите гради.

Ги поздрави собраните фотографи со студен, но впечатлив поглед и никој не остана рамнодушен на нејзиниот изглед.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Се јавија предавниците од ЗНАМ - продавачи на плац за „Лидл“ и заштитници на Груевски

Се јавија предавниците од ЗНАМ. Прво на партијата, потоа на гласачите.

СДСМ: Се јавија предавниците од ЗНАМ - продавачи на плац за „Лидл“ и заштитници на Груевски

ЗНАМ од Прилеп прашува против кого пукнала првата пушка на 11 Октомври.

Квислинзи, дел од тендерската коалиција, тие што грабаат од Пошта, зборуваат за антифашизам.

Тие. Со бугарски пасоши. Со Максо што има фирма во Бугарија. МБС Глобал, Бургас, 7 август 2015. И потоа прашуваат за Бугари?

Ова не е историја. Ова е далечинско. Стиснато копче од арамијата и се јавува сателитот.

Прва верзија ЗНАМ. Истата што заедно со Спутник Левица и со Платформата за 1,6 милиони евра бара реформи во СДСМ.

Тие што ја предадоа партијата, па гласачите, па седнаа на маса со анти-ЕУ, анти-НАТО и против Америка.

Максо го продаде плацот за Лидл. Преку кум. 250 илјади, па 600 илјади. 350 илјади чист профит преку ноќ. Потоа ДУП кај градоначалникот. Тоа е идентитетот што го чува.

Максо ја полни депонијата. Жителите на Пчиња ја блокираат Краста поради пожари и чад. Шест месеци ништо. Сега ѓубрето од Куманово оди на скопска Дрисла.

Деца во училиште му пеат предизборна песна. Во Кочо Рацин, каде работи сопругата. На хуманитарен настан. Тоа е патриотизам на ЗНАМ.

И сега нашле тема. Пушка. Бугари.

Затоа арамијата го праќа Тимчо - чиракот на разговор што сам го нарече коњопој.

Нема одговор за изолацијата. Нема реформи. Нема Лаура Ковеши. Има сателит што треба да дефокусира.

Кога Македонија ќе продолжи кон ЕУ, кога народот ќе ја врати власта во свои раце, сите ќе се најдат пред независно судство и европско обвинителство.

Таму нека расправаат. Со Мицкоски. Не со СДСМ. СДСМ не е нивното далечинско.

Скопје, 11.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели

Слободата не е завршена приказна, секоја генерација мора да ја продолжи - порача премиерот Христијан Мицкоски од Куманово од централното одбележување на 11 октомври - денот кој го означува почетокот на народноослободителната борба. 

Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели

Во својот говор пред присутните, меѓу кои имаше членови и од власта и од опозицијата, премиерот зборуваше за значењето на празникот, испрати политички пораки, а повика и дека идејата за слободна и суверена Македонија треба да продолжи да живее и во иднина.

Покрај политичките говори, за значењето на 11-ти октомври зборувавме и со Кумановци. Повозрасните се потсетија на народноослободителната борба и зборуваа за нејзината важност за Куманово, но и за Македонија.

Пред говорот на премиерот, беа положени и цвеќиња пред спомен костурницата во Куманово, каде се испишани имињата на загинатите партизани, а делегации од власта и опозицијата, порано денеска, положија цвеќиња пред спомен плочата и во Прилеп

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер